F
FARANG
Гостин
Ви благодарам и на двајцата, ќе разгледам некои од опциите кои ми ги предложивте.
Инаку планираме да одиме после 10 септември и би останале некаде две недели таму.
Фала ви на советите да ги избегнувам агенциите, слично беше и моето размислување, само ме интересира на кој јазик зборуваат на Тајланд?Се надевам дека би можела сама да се снајдам таму со оглед на тоа што незнам навистина што да очекувам. Знам дека се дружељубиви како народ, но каков е Тајланд во поглед на безбедноста?
Во септември избегни го Пукет затоа што е влажната сезона таму. Не е баш за бањање а и сите други атракции на другите острови (Koh Phi Phi (phi phi island)) се малку потешки за да дојдеш до нив и водата не е баш најчиста. Септември е најубавиот период да одиш на Ko Chang (elephant island) или било каде во источниот дел (значи сакаш да идеш кон Камбодија).



Ова ти е третиот најголем остров во Тајланд после Пукет и Кох Самуи. Не е толку познат (што е одлична работа). Голем е горе доле колку Македонија. Покрај плажи вреди да се видат водопадите...



Во секој случај има што да се види, еве ти некој интересни фотки...




Иначе Ко Чанг ти е 300км од Бангкок. Bangkok Airways лета до аеродромот Trat. Фаќа 45 мин отприлика. Со ВИП аутобус од Сухумвит во Бангкок се стига за неколку саати, повратна карта беше некој си 12-13 долари ако добро се сеќавам. Аутобус се фаќа од Ekkamai станицата на Sukhumvit Road, ќе си купиш карта до Trat. Со такси од Бангкок ти е 70-80 долари во еден правец. Ако ти треба повише инфо кажи.
Во Тајланд ќе се разбереш на англиски, поголем дел од населението знае поготово во Баннгок или туристичките места. Ко што рече ебиветре не за џабе ги викаат LOS - Land of Smiles така да немаш проблем, биди релаксирана и насмеана и далеку ќе стигнеш. Ненорамално се услужни во поголемите хотели дури мото им е привилегија е да ти сум од сервис... За безбедност не се секирај, ако не правиш проблеми никој не те чепка. Аутопатите им се џам, значи ко низ европа, поготово во деловите окулу Бангкок. Најголем шок ќе ти бидат првите 2-3 дена во Бангкок ако пред ова не си била во Азија. Ќе ти дојде одеднаш пренаселено, пренатурпано, прљаво ама па и ќе видиш многу други интересни работи така да ако не си од оние што наоѓа маани на се ќе ти биде интересно и ќе си поминеш убаво. Ако решите за тајланд барај ме овде, ќе ти дадам повеќе инфо.
Да сум на твое место би го шкртанала и Дубаи од списокот ако ви е план септември. Дубаи во тој период ти е исто ко да идеш во микробранова. Сега филмот ако ви е да го поминете времето во хотел и да сте надвор малку тогаш ок е, може и ефтино да начекате хотели пошто арапите а и мање више секој што може да кидне од дубаи во тој период гледа да не е таму.
За Шри Ланка и Малдивите ќе ти напишам деновиве кога ќе имам повеќе време. Со 1000ка на малдивите малку потешко, ќе ти треба поголем буџет за поасалните места.
Кажи ми дали повеќе ти е да видиш работи или повеќе сакаш да нуркаш, да скијаш на вода итн итн... Исто што е за тебе прифатлива хотелска соба - резорт...