Од јуни 2013, само дигитална телевизија во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.167
Поени од реакции
7.409
timthumb.php
Дигитални македонски телевизии од јуни 2013 годинаИТ.МК

Агенцијата за електронски комуникација ја избра компанијата „Веселин“ да го дигитализира аналогниот сигнал на националните и регионалните телевизии. Директорот на АЕК, Роберт Ордановски, вели дека „Веселин“ за две недели ќе добие лиценца за национален оператор за дигитална телевизија и ќе биде обврзан да им обезбеди на четирите национални и локалните телевизии да бидат пренесувани во дигитална форма од јуни 2013 година.

„Тогаш престанува аналогното емитување и почнува новото преку новиот дигитален ДВТ оператор. Има конкурс во моментов за овие 47 локални телевизии да прераснат во регионални во осум региони. По нивен избор ако сакаат да покриваат поширока област.“
Дигиталната сигнал се разликува од аналогниот по тоа што овозможува пренесување повеќе информации без да биде прекинуван, што значи подобра слика со висока дефиниција и подобар звук. Но, дигиталната телевизија може да биде проблем за домаќинставата со постари телевизори бидејќи ќе мора да купат дигитален приемник или понов телевизор со вграден приемник. АЕК вели дека им излезе во пресрет на семејствата кои немаат средства за нов телевизор и ќе доделат 40.000 приемници од по 10 евра.
По јуни 2013 година, откако ќе се ослободат фрекфенциите, тие ќе им бидат понудени на мобилните оператори за 3G и 4G мрежи.

„Фреквенциите што ќе се ослободат ќе ги понудиме на мобилните оператори за 4G тоа се фреквенции од 800 мега спектарот тие се најдобрите за таа намена, имаат најдобри својства за пренесување на сигнал, потоа агенцијата ќе објави јавен повик за 4G веднаш што завршиме со бродкастерот.“
Дали е ова толку неопходно или само финта некој да направи бизнис и да се извлечат пари од народот?
 
Дали е ова толку неопходно или само финта некој да направи бизнис и да се извлечат пари од народот?
Па ако е финта во Европа, значи и кај нас е финта да се извлечат пари.
Нема врска, мора да одиме напред со технологијата.
 
Не се знаеше ова као 2-3 години наназад? :)
 
Не се знаеше ова као 2-3 години наназад? :)
Пред 2-3 години беше во план, сега е во фаза на реализациjа. Студиjата за дигитализациjа е изготвена уште во 2007-8. Чисто за информациjа, во Хрватска лани овоj период целосно беа исклучени аналогните канали. Како и да е не заостануваме многу
 
..АЕК вели дека им излезе во пресрет на семејствата кои немаат средства за нов телевизор и ќе доделат 40.000 приемници од по 10 евра...
ова ме заинтересира, кој ќе ги лапне овие 40.000 приемници?:)
 
Или од кој ќе ги купи државата....
Е така, то е правото прашање. Инаку да не ме сфатите поинаку, јас сум за ова. Сакам дигитална ТВ, супербрз интернет, HD и 3D забава :vozbud:
 
boom tv требаше да биде тоа што е веселин доо сега. boom tv требаше дигитално да ги реемитува локалните и националните телевизии некодирано и бесплатно... добија и пари за тоа. папала маца.....
 
Порано, сателитската телевизија беше аналогна. На една фреквенција имаше само еден канал. Сега е дититална па на една фреквенција може да има и 40 и повеќе канали.Покрај тоа со дитиалниот сигнал нема пречки, какви има кај аналогниот. Што значи ова е напредок кој ќе овозможи да се појават многу повеќе телевизиски канали, поефтино и со подобар квалитет на преносот.
 
Штом има званична фирма што ке ја спроведува дигитализацијата сигурно истите ке понудат и бокс или ресивер за следење на каналите. На компанијата Веселин добар пример може да му послужи Хрватска каде што секоје семејство доби по еден бесплатен дигитален ресивер за следење на каналите. Разликата помеѓу аналогниот и дигиталниот сигнал е огромна во корист на дигиталниот. Тие ресивери не коштаат повеќе од 2000 денари во наши пари па минатата година од Хрватска купив еден повеќе од радозналост, за жал кај нас со тој ресивер сите канали што треба да се гледаат во ДВТ сигнал се кодирани од ОНЕ, но сега секој лцд тв има и таков тјунер па лесно ке преминеме на дигиталниот сигнал кој што чисто се сомневам дека ке стартува во предвидениот рок.
 
Значи поарно да си купам нов ТВ отколку ваков ресивер?
 
Каков вграден телевизиски ресивер ке биде потребен DVB-T ili DVB-C ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom