Од една до четири години за убиство

  • Креатор на темата Креатор на темата RedStarFan
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сметате дека казната е праведна ?

  • Да

    Гласови: 3 3,6%
  • Не

    Гласови: 81 96,4%

  • Вкупно гласачи
    84
Типот што со калашникот што му пресуди на 3-ца мафијаши од Велес мислам дека доби доживотна, ама овие му се заканувале на неговото семејство. Што ме доведува да заклучам дека нема потреба да се бранам и да си го бранам своето бидејќи ќе завршам во затвор цел живот, додека овие си го истуриле бесот врз туристот и ќе лежат како да украле мастики од Тинекс, плус работа им е да обезбедуваат имот и луѓе, незнам што да кажам освен судиите да си го доживеат тоа што го судат на нивна кожа па после да изјавуваат лош бил правниот систем во Македонија, како што еден врховен судија го кажуваше тоа на тв, алал да им е.
 
Срам ми е кога ќе кажам дека сум дел од правната професија ,до когааааааааааа вака ,до кога ќе судите под законски минимум зарем политичката неподобна личност вреди повеќе од животот на еден човек кој е заштитен со сите можни конвенции и декларации.Се надевам дека семејството на Новаковиќ ќе тужи за оштета и се надевам дека дебело ќе ја олеснат државава иако тоа нема да им го врати човекот назад.Целта на пресудата е да биде строга за останатите да добијат некоја поука такво дело да не се осмелат да направат.
 
Подобро човек да отепаш , отколку да се замешаш во политика :D
 
Исто така треба да има закон за убиство ненамерно при обид Одбрана замислете некој ви извади пиштол и пука во вас како ќе се заштитите ако немате друг начин да избегате

Правдата мора да биде задоволена не сум да се убиваат луѓето ама мора да се знае причината некој си го бара.
 
Добро е што и толку им дале можеле да кажат дека се самоубил со неколку тупаници.
 
Добро е што и толку им дале можеле да кажат дека се самоубил со неколку тупаници.
Да бе,а овие трчале по него да го спасат,ама задоцниле за малку.
 
од една до четири години за убиство?
 
Кај нас поисплатливо е да убиеш човек него да те фатат у кражба или у некаква проневера на пари..
 
Доброволно се пријавувам со уште 100-200 души да ги утепаме сите политичари... ќе смениме се од корен бар ќе знам вределе тие 4 години лежење
 
Нелегелано финаснирање на кампања 7 години, убиство 4 години !?

WTF, каде јас живеам ?
 
Све додека се донесуваат вакви пресуди смешни овде убиствата ке се зголемуваат, јбг 4 год во некој земји животно да отепаш ке добиеш казна приближно на оваа. То ти е од правна држава п немаме КАДИЈА ТЕ ТУЖИ КАДИЈА ТЕ СУДИ
 
Америка на пример има многу построги казни од Македонија, за убиство со умисла се лежи по 25 години до доживотен, а сепак таа држава има најмногу затвореници во светот и криминалот е на високо ниво. Симптоматично е тоа што местата во Америка како Тексас, каде смртни казни се делат како флаери, воопшто не помага во намалување на криминалот, можеби и го има спротивниот ефект.

Од друга страна, една Норвешка со систем кој верува во рехабилитација а не казна, каде затворите се како хотели... има низок криминал и доста ниска стапка на рецидивизам. Јас не го бранам системот, само потенцирам дека построго не е секогаш подобро.
 
Фалат уште неколку души во *осудениве*.А еден во нив наебал (немал силна позадина):tapp:
:гомце:
:гомце:
:гомце:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom