Од денес, нов лист во мојов живот!

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Онаа "Од денес, нов лист во мојот живот" ми беше ко на риплеј.Сакав да променам многу работи, во момент на нервоза и некој степен на одлучност го правев тоа, а после пак се навраќав на претходните страници, всушност се залажував-јасно ко ден.Некоја чудна сила ме носеше назад или мојата слабост кон таа страна...Ах, незнам.
Повеќе ми се неуспешни обиди за завртување на нова страница во животот, освен еден.Не само шо ми успеа, него и претходната страница веќе одамна е само пепел(којзнае каде однесен од ветрот)...Only ash remains!!
 
Од утре вртам нов лист.
Од утре вртам нов лист.
Од утре вртам нов лист.

Секогаш од утре...
 
Низ цела книга маестро Џамбазов ме моташе дека утре е дури утре. И на крајот рече дека утре идат за брзо. Се изнервирав. Сакав уште да вервам дека утре е дури утре.

Сега не сум разочаран. Не сакам да вртам нови листој, то е клише муабет. Јас утре само сакам насабајле да не ми е затнат носов и ко ќе се видам во огледало некој да ме гледат од другата страна и да ми се смејт.

Ај да се убијам веќе ак иам проблеми во животов. Ради нив не вртам нов лист, се соочвам со нив.
 
Избегавам да си давам ветувања што е многу тешко веројатно дека ќе си ги исполнам,никогаш не ми одело самозалажувањето.Барем јас,под вртење на нов лист подразбирам крупни промени,а за да се реализираат истите неопходно е труд,волја,цврст карактер,желба,трпение итн итн..во огромни количини.

Имам свртено нов лист,но не се сеќавам дека си кажав дека од утре вртам нов лист,туку едноставно го свртив,повеќе несвесно...или тој ме сврти мене.

Сега не сум ни многу сигурна дали вистински сакав да свртам или морав,и дали воопшто можам да свртам нов лист ако не морам.Не е ни битно,и онака немам некоја желба за вртење нов лист во моментов,и некако мислам дека е добро тоа.Далеку од тоа дека се` ми е сјајно,одвреме навреме пожелни се и добредојдени некакви корекции,но тоа не е вртење нов лист,не онака како што јас го разбирам тоа.
 
Од денес вртам нов лист не по моја воља.Уште еднаш се наоѓам на помалце од пола од мојата тетратка и за разлика од претходните не се двоумам воопшто да ја свртам.
Зад себе ги оставам убавите спомени,избришав буквално се.Никогаш не ми се случило ова и не сакам повторна реприза.Затоа и го вртам листот.Беше преубаво поглавје од мојот живот кое можеше да трае...Чисто се сомневам дека ќе те има во некое следно.Нормално дека од тебе зависи тоа.
Но сега за сега, јово на ново...
 
ехее од кога викам така и пак по исто си терам никако да ми дојде умот :mist::nesum: ај од 18 год. кога ќе наполнам :costumed4
 
Од пред некој ден свртев нов лист во мојата кариера во однос на фудбалот.И од сеа нема лабаво и овие 2-3 дена добро ми иде.
 
..Чувствувам дека овојпат ќе морам да го свртам.Онаа заштита која што требаше да ја поставам од одамна околу себе,мислам дека сега ќе ја активирам.Погоден период е,а и сама ако не си помогнам никој нема да ми помогне.Тој „нов лист“ ќе ми помогне да сменам и стекнам некои работи кои што можеби би ми користеле за понатаму..ќе ми биде поубаво кога ќе знам дека одредена лекција сум си ја научила сама..без ничија помош.
Си ветувам сега,сама на себе дека од 1ви Септември вртам нов лист,оној лист кој што можеби и одамна требаше да биде свртен,ама сега очигледно поради сплет на околности неможеше.Цврсто сум решена и знам дека ќе успеам во она што го имам зацртано,морам барем.:toe:



 
Интересно е, од многу вртење листови, што ако снема листови во тетратката. Нова?
 
Ќе видиме,крајот ќе каже.Па импресии после тоа.:smir:
 
Јас не вртам нови листови. На кој ме стаиле на тој. Вртење нови листови е за пички.
 
Од денеска нов лист... хахахах... ова ми е смешка. Знаеш колку нови листови имам свртено. Нема ефект.
Се менувам постепено, без вртење имагинарни листови. Неприметно.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom