Од денес, нов лист во мојов живот!

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
И да свртам џабе ке е,секогаш по истото ке си карам:toe:
 
Сакав многу пати да свртам нов лист во животот, но сфатив дека тоа невозможно колку и да се трудев спомените остануваа...:toe:
 
добро не баш од денес нов лист али од пред некое време свртив нов лист...е сеа дур да се навикне човек треба време али се исплатеше моево чекање во однос на привикнувањето. Ми светна сијаличката во мозокот дека треба малку да си се средам внатрешно.. убаво ми е сеа чуството што се осекам соодветно на мојве години иако истата лудача сум во однос на бисерите и смешките...свртив нов лист во однос може на некои места во кои порано киснев како и сосема нов лист во однос на дружбата на фах...сепак живот без промени е монотон живот...и да сакаме и да нејкеме доага секогаш до промени :nesum:
 
Многу пати сум си го рекла ова и сум си ветила дека нема да бидам секогаш истата будала што ќе ја газат сите и ќе ја бараат само кога нешто им треба. Некогаш едноставно невозможно е да тргнеш против себеси. Сум се обидела, не сум успеала, некои работи не можат да се сменат од ден за ден.
 
И јас многу пати сум рекол,ќе се сменам 3-4 дена и после стара песна :(
 
Не бе, нема шанса тоа да се случи наеднаш .Така било тоа, да си кажеш, "еј од денс друг/а ќе бидам,се менувам". Не може тоа така наеднаш, бидејќи после извесно време (изразено во часови) пак ќе се вратиме на истата песна. Тоа менување си се случува следствено со поминувањето на годините. Како расте човек, како осознава повеќе работи за себе, така и се менува.
 
Многу пати се обидувам да свртам нов лист...да сменам некои нешта, да почнам од ново...со надеж дека ќе се подобрат работите и ќе имам поубав живот....ама не успева...се нервирам ама не можам да сменам ништо....
 
Од денес почињам витаминска терапија:pipi:
 
Јас еднаш свртев нов лист. Кога решив да ги гледам работите и проблемите од птичја перспектива. Тогаш сфатив дека секој проблем гледан од долу е преголем, ама кога го гледаш од височина е премногу мал за да ни го одзема мирот.
 
Убава реченица, ама никогаш не исполнета. Веројатно и не може да се исполни.
 
може да се сврти нов лист...се зависи од карактерот и вољата...еден другар ке вртеше, али еве го година дена го пишува стариот лист...
 
Знчи сите што ме знаат и потврдуваат дека голем инат сум кога ке речам нешто и мора да го направам тоа...А муабетот е дали да свртам нов лист? Да имам свртено и сите го гледаат резултатот (на позитивна страна):vozbud:
 
Од денес вртам нов лист. Ако ми биде дозволено, од Господ, кој може да ми помогне во моментов, ќе го терам до крај тој лист. Те повредив и тебе и себеси, се гушам во својата ѓаволска аура, недостојна сум за да сум во твојата бела близина, контраст голем... Те сакам, засекогаш ќе те сакам, со срце, со тело, со животот. И од денес на новиот лист, ќе го воочиш тоа. А што ми е уште поважно, ќе го материјализирам моето чувствување за тебе и јас.

Стариот лист ме омаловажува, стариот лист ќе гори во вулкан. И ќе стане пепел.
 
завртив нова страница на животот кога почнав да слушам рок и метал...до тогаш не сакав да чујам за таа музика но ете сега ја слушам нон стоп и не можам без да слушам рок...
 
Ја би рекол ако сакате да почнете нов лист т.е. ,,нов живот,, најубаво ке биде да започнете нова животна книга затоа што ако завртите нов лист од старата секогаш ке се најде некој ,,ветер,, кој ке ви ги врти страниците наназад.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom