Очајни граѓани чекаат на ред кај гатачи

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
За да бидат посугестивни, сеансите се прават во полузатемнети соби, а се користи света иконографија. Се читаат извадоци од Куранот или од Библијата, пред икони, огледала и света вода и пред ситни работи, кои можат да се купат во секоја втора продавница во чаршијата или на тезга на Бит-пазар

Гатачи и разни видовити луѓе што преку новински огласи ги нудат своите услуги и визии ја преплавија Македонија. Повикуваат духови, толкуваат соништа, лекуваат љубовни проблеми, проклетства и прељуби или даваат разни напивки што го продолжуваат животот. Тие умешно си играат со судбините на луѓето. За услугата земаат од неколку стотици до неколку илјади денари, но аквизицијата никаде не ја бележат.
Состојбата се чини е алармантна, па полицајците, судиите за прекршоци, а сé почесто и јавните обвинители се принудени да се занимаваат со проверка на пријавени измами. Точниот број на оние што бараат решенија за проблемите на овој начин никогаш не се знае. Но тој сигурно не е мал, судејќи барем по тоа колку тие се рекламираат по медиумите.

Потиштени и безволни, кога се во неволја или имаат мака, не ретко и млади лица полни со амбиција, желни нешто да постигнат и да ја „остварат целта“ излезот го бараат во гледањето на карти, на гравчиња. Пари меѓутоа не им даваат само јадни, несреќни, сиромашни и наивни, туку, судејќи по „деловната документација“, тоа го прават и познати личности. Упатените велат дека тој актуелен бран денес е последица не на социјална туку на социолошка, односно општествена криза.

Чудотворецот, се чини, добро ја познава психологијата на личноста. Го проценува човекот на прв поглед. Кога жртвата ќе биде фатена на приказната, ја вика на сеанса за истерување лоши духови, а секоја од нив ја наплатува. За да бидат посугестивни, сеансите секогаш се прават во полузатемнети соби, а се користи света иконографија. Се читаат извадоци од Куранот или од Библијата, пред икони, огледала и света вода и пред ситни работи, кои можат да се купат во секоја втора продавница во чаршијата или на тезга на Бит-пазар, изведуваат разни трикови со кои ја покажуваат својата натприродна способност.
Примери има многу.


- Жртвите ги наоѓа преку свои луѓе, а не ретко и на улица и главно се жени што не можеле да се омажат или да имаат деца. Ги уверува дека по неговиот третман сигурно ќе најдат маж. Во почетокот на жртвите им бараше пари, а потоа на некои им се закануваше, а најизлудените девојки и жени ги принудуваше на неморал - ни раскажа скопјанец, кој сакаше да остане анонимен, за „оџа“ што тој лично го познавал.
Управата за јавни приходи никаде не ги евидентира „склучените зделки“ на гатачите, гледачите и надрилекарите од една и нивните „пациенти“ од друга страна. Тоа, според извори од таму, било во доменот на сивата економија оти тие, велат, не биле даночни обврзници. Чудотворците работеле на црно и не мораат на Управата на приходи, како нивните колеги во развиените земји, да и поднесуваат извештаи колку пари заработиле и за кои услуги. За одговор на прашањето кој е надлежен за проблемот нé упатија на адресата на Министерството за економија и Државниот пазариштен инспекторат.
Универзитетскиот професор Ѓорѓи Тоновски вели дека граѓаните загубиле дел од сопствениот идентитет и дека на овој начин тие се во потрага по нов таков дел.

- Сé почесто се оди кај гатачи на прво место од суеверие, па поради сугестивност, безнадежност и барање излез од состојбите - објаснува Тоновски.

На овие појави предупредуваат и од полицијата. Тие редовно, како што ни рекоа, кога имаат сознанија, против чудотворците и видовитите поднесуваат пријави за прекршување на законот. Имале, велат, неколку случаи што укажуваат дека „црната магија“ е само прв дел од синџирот на добро организирани измамници, кои лековерните граѓани брзо ги вовлекуваат во своите валкани бизниси.


Преземено


Темава е отворена за информирање, како и за споделување на искуство. Ако некој е запознаен со поимите, нека повели.
 
сум немал некое поблиско искуство со нив, една причина е што не верувам многу на нив (како и секој нормален млад човек кој живее во ова модерно време), од друга страна и не викам дека никогаш не би отишол...шо знаеш маката на се може да те натера...веројатно сум немал некој проблем за кај нив....

- пред извесен период, блиски роднини биле кај гатачка која им рекла дека имаат проблеми, многу напнати биле дома, несреќни, имате тензии низ куќа, и дека заработувате многу пари ама ништо не ви останува се трошат док трепнеш...:aplauz: секое просечно семејство ја има сличнава судбина, а и од друга страна на никој никогаш пари не му се доста, и не е задоволен со својата среќа....Втора работа, побитна за тука е претскажувањето на гатачкава дека постарата ќерка (која не била во посета на гатачката, од истите причини кој горе ги наведов) живее со магија која и ја нанел некој од блиските роднини, односно нема да се омажи... :kesa:
како почетен чекој им дала светена или крстена вода со босилек, да прскаат дома низ куќа со нејзе одреден период, како би се обиделе да ја истераат, ако не ќе треба кај нејзе да идат на третмани (притоа си платат) како таа би ја истерала магијата и братучетка ми среќно ќе се омажи....

ја не ја знаев целата оваа прича се додека случајно вујнами не ме испрска од водата, за време додека прскаше дома...и на прашањето што прави, ми ја раскаша случкава..... и мене една језа коа ме степа НЕзнаеш....едно чувство абе неописливо грдо....али за кратко оти како што кажав и не верувам во такви работи многу, соодветвно и ефектот - контраефектот од прскањето кај мене...така се ослободив од грижата за брзо време, но искуството остана....го споделив еве тука :)

покрај се друго, најчудно ми изгледа цела онаа светена вода од црква, која притоа ти ја дал врач, а црквата не признава такви врачеви гатачи вештици и магијоправачи(разбивачи)...само што глуп народ ќе се врзе за нешто кое го смета свето и ќе ги следи упатствата негови....Дури и да се постигнат саканите резултати сигурен сум дека сето ова тие го прават незнаејќи ги при тоа способностите на водата, нејзината преобразба во завистност од мислите итн итн..ефектите што се постигнуваат...но тоа е веќе некоја друга тема (оние кој се сретнале со тоа, знаат за што зборам)
 
Сите тие и гатачите и очајците се за еден големо дрво па удри.... како бе до толкав очај?!
 
Најголемата будалаштина на човечкиот разум е верба во над умови. Ако гатачите/ките во МКД знаеја да гатаат ќе го предупредеа Тоше. Или за Тоше не им пееше ангелот. Чудни тикви растат на ова поднебје.

Господ да те чува од самиот тебе.
 
^ ahhaahhahah tipo e nenormalen . hahaha prd godina uzivav da si go gledam hahahaha i prosto pukam od smeenje eeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeej gledajte go haahahhahahah !!!!
Toa e leko za site tie so trazat gatacki i takvi sranja ... Pravac kaj milan hahahahaha !
 
Не сум имала вакво искуство, но знам луѓе кои имале. Јас не верувам во вакви работи, често се случувала така со други луѓе да дискутирам на оваа тема и ми велеле дека сум премногу скептична. Ако имаме проблеми а додуша кој ги нема не е решението да се оди по гатачки, тие нема да ни го решат проблемот ако семите не се потрудиме. На луѓето не им е јасно дека се искористени. Човек кој има голема мака почнува во се да го бара лекот, почнува во се да верува и што се случува ќе отиде кај некој кој демек знае да гледа што знам таму на што и ќе му рече ааа ти си на големи маки...
Луѓето мислат дека еве отишле и го решиле проблемот, но тоа е производ на нивната свест. Ние мислеме дека со сторувањето на нешто го тргаме товарот, без разлика дали е тоа гатање, баење или нешто слично, се чуствуваме полесно, тоа е така затоа што така мислиме, затоа што посакуваме така да биде.
 
Сите тие и гатачите и очајците се за еден големо дрво па удри.... како бе до толкав очај?!
alal da ti e be mashko, me nasmea, a i da znaesh U PRAVO SI(y)
 
дури има овци, ќе има и волна.. :)
 
сите сакаат леб без мотика :) па и гатачиве.....
 
а бе за нив, мотика по грбот само, ебаго :) и грбот ко мевот после..ебаго.. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom