Гледам сите вртат околу иста суштина на работите во конфронтирачка смисла:smir:, нема потреба од судири суштината на образованието бар во денешното капиталистичко општество е да имаш нешто со кое што можеш да се понудиш на пазарот на трудот.
Конкуренцијата на пазарот на трудот бар кај нас во МК е огромна што се однесува до дипломите, на секое ридче отворија факултети, факултет во Виница, во Радовиш, да не набројувам ако ми ја доловувате поентата во сите помали општини има факултети а камоли во поголемите, значи има квантитет но квалитетот е слаб.
Тоа не значи дека квалитетот на образование во одредени факлултети е појак од останатите општо сегде е слаб, бидејќи секој факултет си води политика, секој сака да привлече студенти за да може да исполни квота да имаат леб професорите и деканите на тие факултети така ли е:smir:
Секој поаѓа од свој интерес хехее:smir:
Од друга страна некој си снаодлив човек со средно кој што има шанса во животот и знае да ја искористи може да започне свој бизнис и да биде многу поуспешен од некој си со високо образование кој нема врски да речеме иили не е толку успешен нема просек.
Значи се е релативно снајди се па живеј.....................................
Како тоа јас го поврзувам со љубовта?
Секој човек си има своја внатрешна вага и си мери, секој маж жена што знае што сака и што бара и чии барања и очекувања се во совршена хармонија со тоа што има тој/таа да го понуди ќе го најде тоа што го бара, тој/таа што се преценува и има нереални очекувања обично има потешкотии во наоѓање на партнер:smir: