ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Нешто се ми се врти околу таа "амбасад" до кале море хеј!
(значи во стилот на Лазански, мада и глупоќата на некои необоени или опозициски симпатизери и членови кои јавно повикуваат на некаква си пролет...)
Да не спомнаа кога ќе има реприза? :)

не ти треба реприз бе
 
Последно уредено:
@Inglourious Basterd пред некој ден напиша дека американците стојат зад Груевски, затоа што најдобро може да контролира еден куп рогови во вреќа, и дека сега се договараат како да го заебат Заев.

Така да прашањето е сега за кого играат америве, ако веќе го нарачале ова денеска.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: osa
Инцидентот се дешава у 2 по полноќ, полиција иде накај местото 12-13 часа подоцна?
Колку за споредба, да беше стварно сериозен напад, т.е. терористички акт како што официјално кажаа од МВР, полициски сили ќе имаше максимум неколку часа подоцна, прва светлина (ако се чекаше толку воопшто). А да, фино како тоа ги пуштија хеликоптерите и дронот, мора малце ПР. :)
 
Да имаше трета (надворешна) страна таа сигурно немаше да ги поштеди полицајците. Башка сето ова е толку аматерски направено, толку невкусно што не остава никаков простор за сомнеж за тоа кој стои позади нарачката. Избрзаната изјава на Котески, систематското објавување низ провладините гласила... апла е воочливо дека цупкале во место додека го планирале ова: и на полицајците да не им биде ништо, и учките да не бидат фатени, и медиумите побрзо да направат спој меѓу заев и нападот итн.

Според начинот на кој ги претставуваш наводите, може да се насети кон каде влечеш со заклучоците и тоа на истиот начин за кој негодуваш.
Озбилно застани за момент и ќе видиш дека и покрај тоа што сите братски ќе се согласиме дека не смее да им се верува на партите, сепак и понатаму во дискусијата ќе се водиме од старите политички преференции и се додека е така, осудени сме да ја повторуваме грешката.

Дека и двете политички парти ќе се обидат да поентираат со насочување на вината, не би требало никого да изненадува. Јас не велам дека трета страна стои зад сето ова, но досега немало поголема политичко превирање во земјава без делумна асистенција од страна.
Ако треба да изразам некој процентуален однос меѓу веројатноста кој стои позади, сега како што изгледа сето ова би рекол 40 - 30 - 20 - 10 (власт - опозиција -трета страна - микс од претходните три)
 
Ја денес ја слушнав најдобрата теза, во споредба со тезава, Дејвид Ајк е Шермер у поглед на објективност.
Нема врска ова уствари ништо, вистината е следна...
Груевски нели сега е у Брисел. Епа што е финтата?
Груевски, Заев, Ципрас, Ахмети и одредени ЕУ делегати се договориле да се изрежира настанов за Груевски да измоли влез за Античка Македонија во ЕУ, а Ципрас да има оправдување пред Грците зошто мора да ја признае Македонија.
Уствари, Албанците ќе бидат претставени како можни антагонисти и етничките тензии во Македонија како можна опасност за раѓање на исти такви тензии во Грција. Така Ципрас ќе има оправдување да ја признае Античка Македонија, а притоа да не биде полиен со катран и пердуви од народот. Ха, но зошто Али Ахмети би се сложил на таков заговор во кој Албанците се очигледните антагонисти во приказната?
Така откако Македонија ќе влезе во ЕУ, ќе се спојат Албанија и Косово, а со тоа и тие ќе влезат во ЕУ и Балканот ќе биде новиот извор на мед и свила. Ахмети е спремен да направи мала жртва во име на каузата, на таа платонски чиста цел!
И сево ова им одговара на Америка, Русија и Кина коишто работат зад завесите.

Така да луѓе, не стравувајте и не се расправајте, све што ВМРО прави, е за доброто на Античка Македонија и нас Македонците.

Ајде сега сите, вклучете го телевизорот.
Упалете Сител.
Слушајте го Латас.
Латас ја кажува вистината.
СДС се лага.
СДС се болест.
Откако ќе заврши текстов, за 10 минути ќе се разбудите и нема да се сеќавате на ова, но све што беше кажано ќе биде запаметено во вашата потсвест и ќе биде апсолутна вистина за вас.
 
Последно уредено од модератор:
Каде се наоѓа таа најголема Нато база што ја спомнал некој хрват, имаше сличе од коментарот поназад ?
 
Каде се наоѓа таа најголема Нато база што ја спомнал некој хрват, имаше сличе од коментарот поназад ?
Абе за Бондстил зборува, само е малце назад со информациите :D
 
хаха,абе им верува некој уште на Латас и Груевски во државава.;)
Веројатно ни тие самите не си веруваат во себе,а камоли некој друг
 
Ако напаѓачите се платени од Грујо, без учество на албански политички структури во целиот процес, тогаш голема грешка е што се од Косово. Косово во тој случај би ги уапсило до вечер, па ќе кажат се.
Нема да ризикувале да работат со постоечки глумци, зошто кога можале да измислат.
Трагично но има уште народ кој мисли дека се што излегува на телевизија е вистина
 
Нема да ризикувале да работат со постоечки глумци, зошто кога можале да измислат.
Трагично но има уште народ кој мисли дека се што излегува на телевизија е вистина
Тенко е тоа Пуно. Реакцијата на косовското МВР беше „нашите гранични полицајци немаат забележано никаква група“. Доколку не е нешто договарано, таа реакција ќе беше многу поостра.
 
Тенко е тоа Пуно. Реакцијата на косовското МВР беше „нашите гранични полицајци немаат забележано никаква група“. Доколку не е нешто договарано, таа реакција ќе беше многу пооштра.
Каква би била пооштра според тебе?
 
Каква би била пооштра според тебе?
„Бараме од македонските власти да не ја вовлекуваат Република Косово во нивните научно-фантастични и антиалбански сценарија. Косово е пријател на Република Македонија и секогаш е тука да помогне бла бла бла.“

Правиме муабет за хипотетичка ситуација во која Грујо си игра на своја рака, а Америте и ЕУ се против. Ама такво нешто не гледаме сега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom