Ја денес ја слушнав најдобрата теза, во споредба со тезава, Дејвид Ајк е Шермер у поглед на објективност.
Нема врска ова уствари ништо, вистината е следна...
Груевски нели сега е у Брисел. Епа што е финтата?
Груевски, Заев, Ципрас, Ахмети и одредени ЕУ делегати се договориле да се изрежира настанов за Груевски да измоли влез за Античка Македонија во ЕУ, а Ципрас да има оправдување пред Грците зошто мора да ја признае Македонија.
Уствари, Албанците ќе бидат претставени како можни антагонисти и етничките тензии во Македонија како можна опасност за раѓање на исти такви тензии во Грција. Така Ципрас ќе има оправдување да ја признае Античка Македонија, а притоа да не биде полиен со катран и пердуви од народот. Ха, но зошто Али Ахмети би се сложил на таков заговор во кој Албанците се очигледните антагонисти во приказната?
Така откако Македонија ќе влезе во ЕУ, ќе се спојат Албанија и Косово, а со тоа и тие ќе влезат во ЕУ и Балканот ќе биде новиот извор на мед и свила. Ахмети е спремен да направи мала жртва во име на каузата, на таа платонски чиста цел!
И сево ова им одговара на Америка, Русија и Кина коишто работат зад завесите.
Така да луѓе, не стравувајте и не се расправајте, све што ВМРО прави, е за доброто на Античка Македонија и нас Македонците.
Ајде сега сите, вклучете го телевизорот.
Упалете Сител.
Слушајте го Латас.
Латас ја кажува вистината.
СДС се лага.
СДС се болест.
Откако ќе заврши текстов, за 10 минути ќе се разбудите и нема да се сеќавате на ова, но све што беше кажано ќе биде запаметено во вашата потсвест и ќе биде апсолутна вистина за вас.