"Обични" луѓе...

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Сите се обични и сите се различни. Тоа да си обичен не значи дека си ист како и сите други. Тоа што некој за некого претставува необичен поради некои ставови, карактерни особини или начин на облека не е затоа што самиот човек е необичен, туку што затоа што тој другиот не познава некој друг таков. Тоа што мене некој со ланец што му виси од нос до уво би ми бил необичен, на друг со ланец од нос до уво би му бил нормален, истото важи и за сите други работи. Пред години необични биле тие што имаат тетоважа, сега има луѓе со по десет тетоважи и тоа сите го гледаме како најнормална работа. Необично било да си геј, а сега има геј бракови, геј фамилии што посвојуваат деца. Необично било да пушиш, а сега понеобично е да не пушиш.:) Мислам дека никој не е посебен, можеби има едни попаметни од други, поталентирани или потрудољубиви, посебни - нема. Единствена посебна личност може да ти биде љубовта, но не затоа што е посебна за другите, туку затоа што е посебна во твоето срце. Ама пошто не збориме за таква посебност, мислам дека сите сме мање више исти. Кога ќе се исечеме крвариме, кога тагуваме плачеме и на крај завршуваме на исто место... епа која е посебноста?:pipi:
 
Dave Grohl во поеслдниот албум рече: we are just (two) ordinary people, you and me. Time will turn us into statues eventualy.
---------------------------------------------------
I'm not ordinary, i'm special like everyone else.:helou:
 
Јас сум обичен човек..што има лошо во тоа?
 
btw Satori, sto ima neobicno vo dobri karakterni crti, bistri i ostri umovi... se e ok, vo prasanje e tuka, ili si popameten od nekogo ili si poglup, no ne si "razlicen" kako sto sakase da kaze *princess*

Што има необично?
Да се обидам да ти објаснам, наједноставно што можам.
Интелегенцијата не е единственото мерило на кое што можеме да се потпреме за нечие чудно функционирање!
Ако јас ја сметам Вирџинија Вулф за посебена, затоа што го има според мене најбрилијантниот ум на кој што во пишана форма сум налетала, познавам луѓе кои што не се воопшто интелегентни, ама ја имаат посебноста во себе.
Неколку трошки шарм и мистичност, малку повеќе во погледот од сите конзумери на комфорноста во општеството.

Да, факт е дека кога некој е доволно интелегентен за да ја искристализира или помати мојата мозочна функција ќе го сметам за посебен, ама тоа не значи дека нема да пронајдам „посебност“ во нечиј туѓ карактер кој што сака да собира стари слики од улица само за забава.:smir:
 
Во принцип сите сме обични луѓе. Единствена класификација според мене е што има човек и нечовек, без разлика на пол, старост, вера.
 
Lugeto osven sto imaat 2 noze, 2 race isto telo manje vishe... ne se isti RAZLICNI SE

a posto se razlicni ... mora da ima min i maximum... obicno se prosecni lugeto vo se ...

prosecno odnesuvanje, razmisluvanje itd...

No sepak ima i natprosecni , ne go velam ova da diskriminiram ili fashisticka da mi e izjava ... ama ne se isti lugeto i toa e toa ima SPECIAL i prosek i skart ...1,2,3
 
Сите сме обични луѓе ,или необични во зависност кои очи не гледаат, најобичниот човек во мои очи, е необичен во други очи тука нема правила .Може да се каже обичен човек во друг контекс . човек кој си дошол од работа седнал со комшијата салатка ракиичка пред него тој е насреќниот , не му ја мисли многу што се случува околу него , незнам дали тој е обичен човек ???
 
Нема обичност и необичност.
Постои само различност (и тоа минимална). Но, истата различност не е квалитативно обоена.

А кога некој се филма дека е необичен, и на тоа му придава квалитативна тежина, во смисол тое е подобро од т.н обичност, тогаш истиот не е ништо повеќе од обичен заложник на сопственото его.
 
Јас па мислам дека нема обични луѓе. Тоа ми звучи како една толпа народ која е глупава и по ништо не се разликува, а всушност секој од секого се. Ни истите работи кои секојдневно и сите ги правиме, не ги правиме исто. Ни истите работи кои ги гледаме и слушаме ги прифаќаме исто. Ни исто зборуваме, ни исто мислиме.
Можеби ќе се најдат неколкумина што се слични по многу нешта, но сепак се разликуваат. Секој човек е посебен и дели на свој начин. Некој по убавина, некој по памет (повеќе или помалку), некој по облека, некој по вкус за музика, некој по вкус и начин на јадење итн.
А кога некој ќе каже јас сум над обичните луѓе, тоа мислам дека е само фраза како да ги понижи останатите "смртници" божем недостојни за него, за да се издигне над нив. И пак, со што ќе биде тоа? Ете, ќе биде познат пејач и ќе каже така. Но што ако. Тој ако убаво пее, јас сум админ на најголемиот Македонски форум, Виктор е мајстор во куглање, Злобница е најмилата и најмлада докторка, а и Серпико сигурно пее поубаво од него. Значи, кој би бил тука обичен, а кој една глава над сите?:toe:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
Јас па мислам дека нема обични луѓе. Тоа ми звучи како една толпа народ која е глупава и по ништо не се разликува, а всушност секој од секого се. Ни истите работи кои секојдневно и сите ги правиме, не ги правиме исто. Ни истите работи кои ги гледаме и слушаме ги прифаќаме исто. Ни исто зборуваме, ни исто мислиме.
Можеби ќе се најдат неколкумина што се слични по многу нешта, но сепак се разликуваат. Секој човек е посебен и дели на свој начин. Некој по убавина, некој по памет (повеќе или помалку), некој по облека, некој по вкус за музика, некој по вкус и начин на јадење итн.
А кога некој ќе каже јас сум над обичните луѓе, тоа мислам дека е само фраза како да ги понижи останатите "смртници" божем недостојни за него, за да се издигне над нив. И пак, со што ќе биде тоа? Ете, ќе биде познат пејач и ќе каже така. Но што ако. Тој ако убаво пее, јас сум админ на најголемиот Македонски форум, Виктор е мајстор во куглање, Злобница е најмилата и најмлада докторка, а и Серпико сигурно пее поубаво од него. Значи, кој би бил тука обичен, а кој една глава над сите?:toe:
Добро го долови тоа со пример.

Имено, како што веќе рекеов, постои различност, да.
Но, не и обичност која е, не знам тупа и неталентирана, и група на необични, која има способности со кои се издигнува над другите.

Секој е некаде слаб, некаде јак.
 
:) јас мислам дека секој го употребува зборот обичен дури и кога се работи за некоја личност.ако не би постоело обичното зошто тогаш би го измислиле???
може тресам зелени али така што ми се спие се чуствувам обичен човек кој за некаде околу 5мин ќе заспие па добранок обични луѓе :smir:
 
Обичен, необичен, сличен, различен, попаметен поглупав и слично...
Според онаа старата секој има право на свое мислење затоа и ние пишуваме сега свои мислења кои неможат никако да се поклопат во целост. Секој различно размислува... па секако ќе кажат, да но тоа не е така едноставно. Сите ние и ги извршуваме животните процеси неопходни за живот нели?
Се исхрануваме, вршиме размена на гасови, ги излачуваме непотребните материи, се размножуваме...... но дали сите на ист начин.
Некој ќе рече па да во глобала на ист начин?---Молам???
Некој напиша пример за Тесла, секако дека се согласувам со него. Никој неможе да каже дека Тесла бил обичен човек. Тој бил човек суштество кое ги правело речиси сите исти работи како и другите, но постои мала нијанса која прави голема разлика. Тој бил оној кој вложувал напор се трудел работел на нешто кое потоа го прикажал на светот, а тие речиси и ден денес не сфаќаат што сакал да каже. И пак се појавува прашањето дали овие нианси ги прават луѓето необични или различни? Секако дека ги прават различни, ги издвојуваат од толпата. Сето тоа е толку скептично не постои вистинска дефиниција за различен необичен човек. Познато е дека секој човек може да донесе паметен заклучок, а пронајдок може да измисли само генијалецот. Разликата меѓу генијалецот и обичниот човек е тоа што генијалецот е оној кој го измислува изумот а обичниот човек го користи.
На крај двајцата се служат со истата идеја.
 
Back
На врв Bottom