Не, јас не сум против никаква дебата. Ама ова досега што го видов се сведува на тоа Мац)) е против DX11 и вели дека немало многу измени, односно имало многу малку, а ти велиш дека има.
И само кажувате некои примери каде разликите навистина се мали а негде поголеми и листате технологии.
Ама прашање е дали има вистински примери, затоа што сега игрите, и тие со поддршка за DX11, ги прават на DX10 Или DX9 основа, па користат дел од новото АПИ. Треба да се видат примери правени само за DX11 со сите негови новости.
Инаку јас сум ЗА DX11 (од некои скриншоти гледам има подобрување). Мене сите тие новости и работи и не ме интересираат освен ако сум развивач на видео игри. Тоа и беше смислата на претходното мислење, овде никој не развива игри. За сите овде најважно е сликата да биде што повеќе реалистична.
Значи ако се зборува за технологиите нека се дава и потехничко објаснување, односно визуелен пример со кратко техничко објаснување, да се заинтересита човек па да се вклучи и тој во дискусија. Видеото погоре може да е такво, ама јас не можам да го видам интернетот ми е спор. Ако е такво тогаш однапред се извинувам.
П.С. Несум некој што не ги разбира работите, имам читано за DX9, 9c и сличи работи. Ама после си реков, се дури не почнам да работам со DX за да правам игри, нема што да навлегувам во детали.