nVIDIA vs ATI

  • Креатор на темата Креатор на темата AleXBOss
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа реков дек ризикот е огромен, интел имаат многу пречки што треба да ги надминат. Има уште доста време пред да излезе лараби, за тоа време може многу работи ќе се сменат, можеби се ќе остане исто, останува да чекаме и да видиме. Во секој случај јас би сакал интел да успеат со нивните планови, конкуренцијата е секогаш добра и во исто време го поттикнува напредокот а ги намалува цените.
 
Не верувам дека ке се смени нешто, не радикално затоа што горе доле Лараби ги покажува истите "перформанси" веќе неколку години..
 
Интел, има доволни ресурси да успее во тоа поле, треба само да му се запне и да вложи ненормални суми на пари... Иако се мали шансите ако успее ларабито, има да ја револуционира компјутерската графика...
 
Како што кажав веќе, Интел веќе добри 4/5 па можда и повеќе години стои во "место" во поглед на Лараби и слични технолиги според мене подобро да си остантат фокусирани на процесорите целосно, GPU базираната технологија да ја остават на Ати/Нвидиа.Иначе до сега не се случило Нвидиа да бидат волку тивки освем со серијат а 8xxx која беше феноменален скок напред,графичка која дури и сега се носи солидно со новите игри а на времето им го искина гзот на Ати. 8800GTX/Ultra е можеби најдобрата графичка на сите времиња во поглед на графика, моќ и скок во перформанси во спредба со предходната генерација од која беше буквално двојно побрза! Заедно со џифорс 3 и 9800 про и секако Вуду 3!!

Џифорс тројката ќе остане како незаборавна карта заради начинот на кој го обработуваше анти алајзингот. Допринесе за до тогаш невиден IQ (имејџ квалити) Како и да е ако Нвидиа игра на два пазара одеднаш и доколку гејминг перформансите не ги имаат изоставено заради целење на друг дел од пазарот тогаш според спецификациите GT100 или Ферми ќе биде ништо помалце него монструм!
 
Интел не го измислува тркалото со raytracing, АМД HD4xxx i HD5xxx веќе можат да трејсаат, и верувам дека Larabee ке го лапне од некоја графичка на АМД.
 
Во врска со дебатата за разликата помеѓу верзиите на директ икс што ја имав со Мац, еве уште едно видео со доста добра анализа како за еден аматер. Многу добро се гледаат разликите од кои теселацијате е убедливо најголемиот напредок во последниве 3/4 години без конкуренција! феноменална имплементација! :vozbud:

 
Јас сум грешка, или веќе има bump-mapping за земјата со Dx10?
Crysis%20GDC06%20DX10%20a.jpg


Бидејќи како што знам, Crysis нашироко се фалеше со тоа. Исто, тоа со прозорите ич не верувам дека е така - намерно е направено, сум играл игри каде прозорите биле мапирани убаво и како вистински, испакнати објекти.

Једино ми се допадна ефектот со јажето, како и реалната заобленост на камењата. Али, пак, тоа е МИНОРНО (aw, the irony, минорно со caps-lock :)).
И знаеш зашто минорно?

Стави го Dante од DMC 4 таму, стави уште 40 чудовишта, нема ни на крај памет да ти паѓа да ЗУМИРАШ до макс за да бараш разлики.
 
Crysis првата има топ графика за разлика од Вархед на која текстурите се доста намалени. И покрај сето тоа пак Крајзис, на максимум сетинг иде подобро него Вархед на максимум, додека на дифолт сетинг пример: вери хај но без аа и аф и други филтри Краизјс иде полошо. Иначе да ти одговорам да има бумп мапинг и многу други работи како длабочина на детали, паралакс оклужн,динамични сенки,светла,хдр итн да не го тупам.

Да не заборавам убедливо најдобрата физика од сите можни игри, буквално све се уништува и физиката е тотално реална. Пример ако погодиш некој од десно да речеме телото му лета не лево и обратно многууу е реално кога ќе погодиш некој со базука исто така телото лета сосема на друг начин него при експлозија или при погодок со шатган.Физиката е на едено сосема друго ниво! Скоро ниедна смрт не е иста со предходната

Дури има и кршењее на коски при пад и слично. Перфекција од игра штета што е 5 години понапред од хардверот и неможеме да ја уживаме како што треба.
Кога ќе чујам како се жалат дека не била оптимизирана се чудам со каква логика го кажуваат тоа само?

Се надевам дека Крајзис 2 ја праат у DX11 или пак дека ке направат подоцна пач за подршка на Теселација! :vozbud:
 
Дискусијава ич не ви ја разбирам. Зборувате за тесалации, XX mapping, ХДР и незнам што. Како прво дали знаете што се тие, дали знаете математички да ги објасните тие поими и алгоритми. Јас не знам и не сум вклучен во дискусијава. Да знаев ќе зборував и јас.
Вака површно можи да си ги набројуваме колку сакаме сите технологии со кои една графичка можи да го зафрши некој алгоритам.

Едно е сигурно. Новиот Радеон е најбрза графичка сега, и во DX 11 и во 10, 9 и сите останати.

А оваа дискусијава dx11 vs dx10 настана затоа што дека нема потреба од dx11 и дека можи да се тера со постарите и поефтини картички. Ами така ај сите да го возиме старото и ефтино фичо. Треба напредок. Ако не за игрите тогаш за други намени. Знете дека графичките можат да се користат и за други работи освен за 3д (GPGPU)
 
Дискусијава ич не ви ја разбирам. Зборувате за тесалации, XX mapping, ХДР и незнам што. Како прво дали знаете што се тие, дали знаете математички да ги објасните тие поими и алгоритми. Јас не знам и не сум вклучен во дискусијава. Да знаев ќе зборував и јас.
Вака површно можи да си ги набројуваме колку сакаме сите технологии со кои една графичка можи да го зафрши некој алгоритам.

Едно е сигурно. Новиот Радеон е најбрза графичка сега, и во DX 11 и во 10, 9 и сите останати.

А оваа дискусијава dx11 vs dx10 настана затоа што дека нема потреба од dx11 и дека можи да се тера со постарите и поефтини картички. Ами така ај сите да го возиме старото и ефтино фичо. Треба напредок. Ако не за игрите тогаш за други намени. Знете дека графичките можат да се користат и за други работи освен за 3д (GPGPU)


Кога ќе ми бидеш професор тогаш, ќе ти ги објаснам математички :helou:

Не шала на страна убаво знам што значат сите горенаведени поими/технолигии или како сакаш кажи ги. Не ја гледам потребата од математичко објаснување на обичен форум како што е кајгана не е потребно дури и кога би зборувале на повисоко нивко.


Дали е потребен директ икс 11? секако дека е потребен како што кажав пред тоа теселацијата е импресивен напредок во технологијата.
Како што можеш сам да видиш. Дека е импресивна технологија можеш да приметиш по начинот на кој се цртани објектите и слично но чим си негативно настроен кон дебата макар и ако е на некое средно ниво не ја гледам причината да се обајснуваме понатака нели. Напротив мислам дека е добро што се разви дискусијава макар и како што кажав предходно можеби, не сме некои врвни стручњаци. Сепак мислам дека поглемиот дел од луѓето вклучени во дискусијава горе доле ги сваќаат работите и може да се продолжи понатака.
 
Не, јас не сум против никаква дебата. Ама ова досега што го видов се сведува на тоа Мац)) е против DX11 и вели дека немало многу измени, односно имало многу малку, а ти велиш дека има.
И само кажувате некои примери каде разликите навистина се мали а негде поголеми и листате технологии.
Ама прашање е дали има вистински примери, затоа што сега игрите, и тие со поддршка за DX11, ги прават на DX10 Или DX9 основа, па користат дел од новото АПИ. Треба да се видат примери правени само за DX11 со сите негови новости.

Инаку јас сум ЗА DX11 (од некои скриншоти гледам има подобрување). Мене сите тие новости и работи и не ме интересираат освен ако сум развивач на видео игри. Тоа и беше смислата на претходното мислење, овде никој не развива игри. За сите овде најважно е сликата да биде што повеќе реалистична.

Значи ако се зборува за технологиите нека се дава и потехничко објаснување, односно визуелен пример со кратко техничко објаснување, да се заинтересита човек па да се вклучи и тој во дискусија. Видеото погоре може да е такво, ама јас не можам да го видам интернетот ми е спор. Ако е такво тогаш однапред се извинувам.

П.С. Несум некој што не ги разбира работите, имам читано за DX9, 9c и сличи работи. Ама после си реков, се дури не почнам да работам со DX за да правам игри, нема што да навлегувам во детали.
 
Да за такво видео се работи директна компарација помеѓу DX10 и DX11 нема потреба да се извинуваш се си е ок компрации да ставам и мене ми е тешко зашто обично од работа пишувам а и тука има шит нет и шит "компјутер" :pos2: така што неможам да аплоадирам пре споро е.

Друго нема проблем за дискутирање форум е за тоа нели што и да те интересира тебе или било кој нека си праша за нешто што ме интересира секогаш сум спремен да помогнам,објаснам.Иначе за разлика од порано или DX10 кој беше многу малце прифатен од прозиводителите на игри затоа што Виста имаше очаен супорт,сега WIN7 е перфектен оперативен систем и прозводителите имаат отворени раце да прават нови игри на база на DX11.

Значи на кратко Виста беше ужасен оперативен ситем затоа и бројот на игри со DX10 беше многу мал за разлика од тогаш сега имам оперативен систем успешен на сите полиња со огромна маркетиншка и физичка подршка од самите корисници,компании згора на сето тоа Ати/Амд има дадено на поризводитетлите на игри даработат на игрите те на нивни хардвер уште од летово така да мислам дека све е јасно.
Во најава се околу 10 игри во DX11то треба да излезат при крајот на оваа година,една од нив е Ејлиен вс предатор со сите можни графички подобрувања во неа од кои се разбира дел е теселацијта!

Една од највозбудливите/страшни игри некад направена!
Според постарите изданија, се надевам новава нема да биде ништо полоша од старите изданија!
 
Во врска со дебатата за разликата помеѓу верзиите на директ икс што ја имав со Мац, еве уште едно видео со доста добра анализа како за еден аматер. Многу добро се гледаат разликите од кои теселацијате е убедливо најголемиот напредок во последниве 3/4 години без конкуренција! феноменална имплементација! :vozbud:


хмпх не знам зошто али споредбата ми изгледа толку нереална, првите покажани модели изгледаат како Dx9 а не Dx10 :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom