Нуклеарна енергија

  • Креатор на темата Креатор на темата bube
  • Време на започнување Време на започнување

Gradenje na nuklearna centrala vo Makedonija?

  • Podrzuvam

    Гласови: 131 60,4%
  • Ne podrzuvam

    Гласови: 57 26,3%
  • Vozdrzan sum

    Гласови: 29 13,4%

  • Вкупно гласачи
    217
АБЦ...му се намерачиле на твојот проект:helou:

Граѓаните да кажат дали да се гради нуклеарна централа

Министерството за економија го испитува пулсот на граѓаните за изградба на нуклеарна централа во земјава. Преку анкета на веб страната ги повикува да гласаат дали се за подобрување на енергетските капацитети со изградба на нуклеарка во земјава или Македонија да се вклучи во некој проект надвор од земјава или пак се против идејата за атомска централа. Од Министерството за економија велат дека целта е да земе во предвид и мислењето на граѓаните при носење одлука за изградба на ваков стратешки објект. По оваа анкета ќе следи уште една професионална што ќе ја спроведе агенција.

Дали Македонија да го надополни енергетскиот систем со атомска централа став веќе изградија академиците од МАНУ кои што ја подготвуваат енергетската стратегија. Професорите во стратегијата препорачуваат нуклеарка да се изгради по 2025 година на локацијата кај Мариовско. Централата би се изградила во комбинација со „Чебрен“ и според академиците таа ќе има огромна флексибилност ќе произведува од 300 до 1300 мегавати. Доколку се земе во предвид еколошкиот аспект академиците не негираат дека е подобро да не се гради нуклеарката. Во соседството ваков објект гради Бугарија, нуклеарката „Белене“, откако претходно се затвори „Козлодуј“. Македонија станува се повеќе увозно зависна од струја, а според анализите потребата од струја во регионот во наредните години ќе се зголеми за нови 20 гигавати.

http://www.time.mk/story_299738f84e_article_2d19913c47.html

веке гласав...се разбира ЗА повелете:helou:
http://www.economy.gov.mk
 
Нуклеарната енергија е доста ефикасен извор на струја, и поевтина е, и помоќна. Ама ако се случи кај нас тоа што беше во Чернобил, повеќе од пола Македонија ќе биде непогодна за живот наредниве 5-6 века. Така да ќе бидат потребни ептен добри професионалци за работа на нуклеарката и за нејзино одржување (една од причините за катастрофата во Чернобил беше грешка на персоналот). +Безбедносните технологии сигурно имаат отидено далеку тие 20 години што поминаа од 1986. Освен тоа имаме некои резерви на нуклеарни горива, а и ќе се отворат приличен број работни места со изградба на централата. Сигурно нема во Скопје да се гради, па ќе биде добар начин да се спречи селењето на цела Македонија во Скопје (не дека имам нешто против луѓето од други градови, ама криво ми е кога слушам како изумирааат цели градови зашто народот се селел во Скопје...). Така да јас сум дефинитивно за да се изгради нуклеарка.
P.S. Може да ја изградиме негде во јужна Македонија, па ако не нап*здат гејците, да им ја рокнеме:pos2:
Р.Р.Ѕ. Ќе можеме и да се фалиме пред комшиите.:pipi:
 
Јас бев поборник за Нуклеарка во Македонија, ама се испишманив последиве две години со оглед како работи РЕК и колку дефекти има таму, ме фаќа страв.

Нуклеарката ќе се наполни со еден куп партиски кадри на кои најголем успех во животот му е членство во партија.

Тоа ќе биде темпирана бомба.
 
Експертите поделени околу нуклеарната централа

Експертите со поделени ставови за капацитетот на Македонија за изградба на нуклеарна централа. За неколку енергетски експерти идејата е само една нереализирана желба на академците од МАНУ кои го предлагаат едно такво решение во Стратегијата за Енергетика за следните 30 години, но за други ова е реална можност за во иднина. Професорот Атанаско Туневски, од Машинскиот факултет во Скопје вели дека нуклеарната централа технички не може да се реализира.

„Нуклеарка да градиме од 2020 натаму, таа има 1000 мегавати според стратегијата. Илјада мегавати од технички аспект не можно да влезат во нашиот систем кој што вкупно има 1300 мегавати во зимски услови односно 800 мегавати во летни значи од технички аспект не можат 1000 мегавати да влезат во системот и веднаш да излезат од системот. Тоа е еден голем проблем , а втор проблем е што немаме вода да ја ладиме. Таа нуклеарка треба да се лади со вода од хидроцентралите Чебрен и Галиште кои што немаар абер да се почнат да се градат“ вели Тунески.

Различно мислење има неговиот колега Антон Чаушевски кој е дел од создавањето на Стратегијата. Тој вели дека оваа инвестиција е реална додавајќи дека и кога била предложена било планирано да се изгради откако ќе се изградат хидроцентралите Чебрен и Галиште.

„Секако дека може технички да се реализира, значи основна претпоставка е да се најде соодветна локација за таков проект за таква постројка што треба да исполнува нормално тие што се свцетски стандарди за нуклеарна централа. Од сеизмологија да биде соодветна, да има ладење, инфраструктура, транспорт. Значи сите тие услови кога ќе се исполнат од технички аспект на локацијата е возможно да се гради“ смета универзитетскиот професор Антон Чаушевски.

Дебатата за изградба на нуклеарна централа во 2025-та година која би чинела 2,5 милијарда евра се отвори по објавувањето на Стратегијата за Енергетика за идните 30 години подготвена од Македонската академијата на науки и уметности како решение кое би ги исполнила потребите на земјата за електрична енергија.

http://www.time.mk/story_2fc04160af_article_ffe0650888.html
 
Види Воне,изградбата на нуклеарка во Македонија е проект кој јас го започнав уште пред 20тина години,работејќи во РЕК-Битола.Ниту МАНУ ниту Атанаско Туневски кој е помалку исфрустриран од моменталнава власт,ниту Антон Чаушевски кој самиот се смета за некаков стратегијски енергетски експерт,појма немаа што значи една нуклерна централа во Македонија.Не верувам дека тие тоа го знаат ни ден-денес,и само си прераскажуваат опсежни дискусии кој ги прочитале по форумиве или во јавните гласила.
Колку за информација на Туневски,пропусната моќ на електричната мрежа во Македонија може да се модифицира и да се прилагодува според потребите.Тоа требало да го научи уште во средно,кога можеби бегал од часови штом се спомнела изградба на енергетски капацитети.
Исто му доаѓа и со разни Черепналковци,Чинговци,Каневчевци или Чаушевци кој најпрвин гледаат да накалапат пари на сопствените конта,па потоа дали ќе останат за изградба на Нуклеарка.Со изградба на двете акумулации Чебрен и Галиште,се создаваат идеални услови за изградба на нуклеарката NucleuS 3x3,ама работата е во тоа што и од двете акумулации нема никаков абер,тендерите пропаѓаат како и пругата кон Бугарија.Инаку за обете хидроцентрали ќе требаа 1 милјарда евра кој многу лесно ќе се обезбедеа од Македонскиот мега буџет во следниве 5 години,со по 200 милиони евра годишно.Пари кој Славевски и компанија ги трошат за заебанција,иако хидроцентралите можеа да бидат наша домашна и државна капитална инвестиција како што се во многу земји на ЕУ.
Одкако тоа го согледав,јас ги ставив сите мои проекти во мирување за некои подобри времиња и некои поинвентивни влади,кој навистина мислат добро за сопствената земја,а не само декларативно како оваа.
Од своја страна,кога јас лично како просечен граѓанин на оваа земја успеав да остварам контакт со неколку реномирани светски фирми,заинтересирани за изградба на ваков капитален објект,без никаква помош од страна,значи на свој личен трошок,воден само од патриотски чувства и ентузијазам,со желба за економски просперитет на Македонија,со скромни сопствени финансијски средства кој едвај можев да си ги дозволам со моите подпросечни примања,тогаш можеш да замислиш колку оваа идеа би била остварлива доколку владата барем малку се заинтересираше и издвоеше средства колку за една нога од некој бик,коњ,или пес на плоштадот,па и мобилниот од некоја шмизла,доколку навистина беше заинтересирана за енергетската стратегија на оваа земја.
Вака останува само да се препукуваме по форуми и по јавните медиуми кој трошат многу повеќе пари за презентација на мислењата од Атанаско Туневски или Антон Чаушевски(песимисти и оптимисти според сопствените интереси) одколку за потребите на вистински заинтересираните луѓе кој одамна ја согледале неопходноста од еден ваков капитален објект кој ќе биде основа за развојот на оваа земја.
Со реализација на мојот проект Македонска Нуклеарна Централа -NucleuS 3x3- би се раздвижила целосно градежната оператива во земјава,стекнувајќи нови пазари за во иднина,преку фирмите носители на вакви и слични проекти,би се ревитализирало Мариово како изгубена земја во срцето на Балканот,која стана слепо црево на Македонија,и на крај,било која потенцијална странска или домашна инвестиција не би била вака незамислива доколку на повидок има сигурна и ефтина електрична енергија,со што би се содале неопходни услови за брз економски развој на оваа земја.
Ама за сето тоа треба да се има вистинска желба,без закокошкани размислувања од владата,која за понатамошен тек на оваа моја скоро 20 годишна замисла,треба да вложи и некој барем минимални средства со кој ќе ги покрие трошоците за сместување на оние кој ќе се сложат да проценат дали ќе ги дадат сопствените пари.Не можам јас сам да ги сместувам по хотели,да им обезбедувам превоз до локациите кој ги предвидувам и проучувам за таа намена,да им обезбедувам дозволи од локалните шерифи на мојата општина,да им го дадам бесплатно мојот идеен проект,во кој вложив скоро 20 годишен труд но и пари за да се стекнам со потребната литература окулу потребните услови кој треба да се обезбедат за една ваква капитална инвестиција,а Министрите,Чинго,МАНУ или Чаушевски да инкасираат проценти од мојот вложен труд.Кој ги ебе бе,нека го испотат малку и тие газот,а не само да читаат по форуми и да се фалат по медиуми колку била оваа идеја остварлива или не.:toe:
 
Би се надоврзал на темава која деновиве пак се актуелизира,мислите ли дека со вакви потенцијали Нуклеарката во Македонија е невозможна?

3zsd4pd.jpg
 
Би се надоврзал на темава која деновиве пак се актуелизира,мислите ли дека со вакви потенцијали Нуклеарката во Македонија е невозможна?

3zsd4pd.jpg

Возможно е ...стига да има пештери да чувате нуклеалните отпадоци :pos2:.
Бога да пази от вакви експерти :)
 
Возможно е ...стига да има пештери да чувате нуклеалните отпадоци :pos2:.
Бога да пази от вакви експерти :)

Подобро да чуваме нуклеарни одпадоци одколку да имаме нуклеарни проби во пештерите,како Корејците на пример.
 
Би се надоврзал на темава која деновиве пак се актуелизира,мислите ли дека со вакви потенцијали Нуклеарката во Македонија е невозможна?

3zsd4pd.jpg

Кај го ископа ова жити Бога???? Зар има вакво нешто во Македонија??, кои се габаритите???

Возможно е ...стига да има пештери да чувате нуклеалните отпадоци :pos2:.
Бога да пази от вакви експерти :)

Топорчо...не јади фекалии, што би рекле нашите драги пријатели на север :)
Не влегувам во проценка на "експертизмот" на ABC, еве нека е и ентизијастички настроен аматер, ама некои извикани експерти неможат да склопат концепт како оној неговиот од погоре....ГАРАНТИРАНО ....!!!
 
К

Абе ти да не си му лjубовница или метреса на ABC ? .На секоја тема премногу му се возбудуваш :smir:
 
Како тотален неексперт, но како граѓанин кој гледа дека неговата околина константно се уништува, а никако да се оправи и опорави (и покрај силните проекти)...целосно сум против вакво нешто. Не дека имаме струја, не дека немаме проблем со истата. Ама како што спомна teneke, а и ради искуствата со (буквално) сите проекти (наполу завршени, несоодветно имплементирани, приспособени кон одредени...од денес до утре, како и ред други парчиња од нашата реалност). Имаат право, за нашиот акал вакво нешто не е потребно. Посебно кога не можат една маалска трафостаница да одржуваат и да обезбедат да функционира за она за што е.

Атомот како играчка не е за секого, меѓу нив ги вбројувам и нашите.

А да додадам, нели ќе се правеше гасификација, бла бла... Нели пред не знам колку години академициве правеа енергетска стратегија. Куќите ќе се приклучуваа на централни топлани, на гасоводи, стопанството ќе користеше гас... но и ова некако замре (која е причината што замре)-како и се друго.
 
Абе ти да не си му лjубовница или метреса на ABC ? .На секоја тема премногу му се возбудуваш :smir:

he,he...a ti malku poveke da pripazis na toa nekontroliranoto jadenje na govna i da porabotis na podiganje na bugarskata kultura na odnesuvanje..???? ili kako priglup, pa natoporen tatarin do tolku ti e umot???? :)

Како тотален неексперт, но како граѓанин кој гледа дека неговата околина константно се уништува, а никако да се оправи и опорави (и покрај силните проекти)...целосно сум против вакво нешто. Не дека имаме струја, не дека немаме проблем со истата. Ама како што спомна teneke, а и ради искуствата со (буквално) сите проекти (наполу завршени, несоодветно имплементирани, приспособени кон одредени...од денес до утре, како и ред други парчиња од нашата реалност). Имаат право, за нашиот акал вакво нешто не е потребно. Посебно кога не можат една маалска трафостаница да одржуваат и да обезбедат да функционира за она за што е.

Атомот како играчка не е за секого, меѓу нив ги вбројувам и нашите.

А да додадам, нели ќе се правеше гасификација, бла бла... Нели пред не знам колку години академициве правеа енергетска стратегија. Куќите ќе се приклучуваа на централни топлани, на гасоводи, стопанството ќе користеше гас... но и ова некако замре (која е причината што замре)-како и се друго.

zapre drzavata Lurtz , zatoa zapre i toa...sega e vremeto na natoporeni tatari....i priuceni komunisti ...vo site pori na "drzavata"
 
Кај го ископа ова жити Бога???? Зар има вакво нешто во Македонија??, кои се габаритите???

Мариовскиот крај изобилува со вакви “можности“.Габаритот му е навистина импозантен за Европски услови.За воља на вистината имаме уште коњи за трки,како оваа на пример,која е малку на друга страна од Мариово,ама е една од најголемите на Балканов:

peshna.jpg

Како тотален неексперт, но како граѓанин кој гледа дека неговата околина константно се уништува, а никако да се оправи и опорави (и покрај силните проекти)...целосно сум против вакво нешто. Не дека имаме струја, не дека немаме проблем со истата. Ама како што спомна teneke, а и ради искуствата со (буквално) сите проекти (наполу завршени, несоодветно имплементирани, приспособени кон одредени...од денес до утре, како и ред други парчиња од нашата реалност). Имаат право, за нашиот акал вакво нешто не е потребно. Посебно кога не можат една маалска трафостаница да одржуваат и да обезбедат да функционира за она за што е.

Атомот како играчка не е за секого, меѓу нив ги вбројувам и нашите.

А да додадам, нели ќе се правеше гасификација, бла бла... Нели пред не знам колку години академициве правеа енергетска стратегија. Куќите ќе се приклучуваа на централни топлани, на гасоводи, стопанството ќе користеше гас... но и ова некако замре (која е причината што замре)-како и се друго.

Види Lurtz,нуклеарката веќе станува составен дел од програмите на сите посериозни здруженија и организации за заштита на човековата околина во светот,па одтука произлегува всушност и мојата замисла за изградба на Македонска нуклеарка.Во последно време се потврдуваат и сознанијата дека хидроцентралите предизвикуваат повеќе штета врз човековата околина одколку нуклеарните централи.
 
Ај за нас, и така одиме к*рбан. Ама да ги замолиме соседите да се иселат...ради сигурност :)
Хидроцентралите сами по себе, самите акумулации создаваат сопствен екосистем, ги менуваат условите за живот, климата во тоа подрачје...но тоа не значи и негативно влијание.
За разлика од ова, нуклеарка (скоро течеше во Србија, претходно во Словенија, пред или измеѓу тоа во Шпанија. За некажаните кварови...којзнае колку се) во Македонија каде се нема (односно не се почитува) основни стандарди за чување медицински отпад, каде шприцеви паѓаат на улица, каде не може да се одржи (како што спомнав) трафостаница, каде Дрисла и сличните се проблем број 1, а нивните придружници (локалните ѓубришта) се проблем број 2, каде сите реки (и покрај релативно малата или никаква индустриска развиеност) се загадени до трети и четврти степен. Каде сме меѓу број еден земјите по било каква загаденост и чекориме на ивицата до еколошка катастрофа. Каде од плажа не се крева ѓубре...

Мислам дека сето ова говори за свеста на надлежните во однос на безбедноста-истото ќе е и со нуклеарката, да не се залажуваме. Истите луѓе кои она погоре треба да го санираат и спречат, истите ќе се вклучени и во оваа програма.
Едно истекување (ради горенаведените причини) и сета Македонија ќе се зголеми канцерот за илјада посто (пример се бомбардирањата во јужна Србија и Косово).

Зошто на пример кога порано работеле сите индустриски капацитети, па и до скоро, не се чувствуваше недостиг на струја. Зошто плинот не се воведе како обавеза, а струјата како 50 пати поскапа опција за индустријата. Или зошто не се воведат централни начини на загревање на домаќинствата...ликовите на струја се од тие причини. Со оглед на малата потрошувачка (релативно према другите еу земји) требаше прво да се исцрпат сите овие можни решенија за да се оди на самоуништување.

Го заборавив и нуклеарниот отпад и проблемот при неговиот транспорт и складирање (ако го споредиме со транспортот на пари на Охрдиска, со пик-ап...тешко нас). Не сме ние за вакви авантури, секоја чест на академиците и оние кои се ангажираат (немам пресметки за потрошувачка, за капацитети), но големи се шансите да наместо за име, за едно 20 години после изградбата се бориме а опстанок-физички-со нашата непромисленост и клај клај безбедност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom