Нуклеарна енергија

  • Креатор на темата Креатор на темата bube
  • Време на започнување Време на започнување

Gradenje na nuklearna centrala vo Makedonija?

  • Podrzuvam

    Гласови: 131 60,4%
  • Ne podrzuvam

    Гласови: 57 26,3%
  • Vozdrzan sum

    Гласови: 29 13,4%

  • Вкупно гласачи
    217
Земјотресот во Софија само ги натера потенцијалните инвеститори поубаво да размислат дали да вложат пари во Белане или на друго место.:smir:

Блаженни са верваштите.Земетрасот во Софиja беше 3-4 по рихтер и мога да ти кажа дека не беше толкова силен.Белене е доста далеко от Софиja.
Ако немаш информациja да ти дам,дека софиjското поле е земетрасен регион и ова е нормално.
Со оваа поента сакаш да ми кажеш дека никогаш во Jaпониja не треба да се градат нуклеарки?Или овиja немат нуклеарки?
Има заштити,които се задеjстват.Еве пример нуклеарката Козлудуj не се е задеjствал заштитниот механизам,заштото земетрасот томо е бил МНОГО слаб.
Биди спокоен.
 
Нуклеарка во Македонија по 2025-та?

Процениле дека толку време ќе е потребно за и последниот од нив да се најде во вечните ловишта. Добро може си дале фора +5 години, случајно некој да не се зезне со доброто здравје.
Оддамна не сум се навратил на темава, алал му вера на АБЦ за контуниететот и стрпливоста при бранењето на ваквиот проект.
Нуклеарка во Македонија е пожелна, одлична, најдобра инвестиција, всушност е предобра за Македонците и поради тоа нема да ја биде.
И не, не е причината за нејзина неизградба некој друг, некој странец кој кочи, туку самите ние сме си виновни, како и за многу други работи кои не сакаме да си ги признаеме.

Доколку сега не го започнеме проектот,Македонска нуклеарка нема да има ни во 2025 ни 2035година мој Никола,можеби следната влада ќе пројави повеќе интерес за ваквиот проект па ќе направиме нуклеарка и по 7-8 години од сега,барем првиот реактор.Последниве месеци ги интезивирав контактите па ќе видиме што ќе испадне.
Француско-Германска фирма пројави огромен интерес,им го пратив идејниот проект да го разгледаат,неколку пати “кршими јазици“ по телефони,па морам да се потсетувам на средношколските денови и часовите по Француски,сепак е добро кога тие се јавуваат и не сум изложен на преголем трошок со оглед на слабово фајде од егзистенцијалнив бизнис кој моментално го работам,разговорите траат и по еден час,последниов пат се јави некој Германец па убаво се разбравме.Сите тие се премногу претпазливи и бараат во најмала рака “изим“ од владата,што всушност мене како партијски неопределен поединец ми представува најголем проблем,особено што сум премногу критички настроен кон негативните потези на било која влада.“Кичма не виткам“,па ако ја биде работава арно,ако не ја биде пак арно,зошто знам дека ќе ја биде некаде во соседството ако не во Мариово,ова го знам затоа што очигледно им се допадна мојот идеен проект па сакаат малку подетален пристап за кој секако ќе барам некоја пара,не беа џабе телефонските јавувања,а желбите Македонија да ја обезбедам енергетски за идните генерации ќе останат како сатисфакција дека барем сум пробал нешто да направам за Македонија,како што секој од нас треба да пробува.:smir:
 
Доколку сега не го започнеме проектот,Македонска нуклеарка нема да има ни во 2025 ни 2035година мој Никола,.................:smir:
Тоа започнување изгледа ќе почека некои подобри времиња........едноставно ќе се нема пари за тоа, и тоа се додека вредноста на една таква нуклеарка ние ја арчиме во трговскиот дефицит во рок помал од една година.
 
Само ни ја “грицкаат“ нашата енергетска иднина.:toe:
 
Вака некако би се финансирала и Македонската нуклеарка,само не можам се сам ебаго:toe::

Романската нуклеарна централа „Чернаводи“ потпиша договор со шест инвеститори за изградба на трет и четврт реактор до 2014 година.
Договорот предвидува основање на мешовита компанија помеѓу романската државна компанија „Нуклеарелектрике“ со италијански „Енел, француско-швајцарската „Електрабела“, „ЧЕЗ“, шпанска „Ибердрола“, германски „RWE“ и романски Арцелормитал.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=100509
 
Овој проект би бил спас за македонија од големата енергетска зависност од светот. Ја уште пред неколку години имам правено со некој луѓе муабет за оваа работа и уште тогаш имаше отпори кај владата (тогаш СДСМ) па ја ставивме идеата на ON HOLD. Сега гледам дека има и други што ја имале истата идеа. Значи АБЦ за оваа идеа комплетно те подржувам и имам на располагање стручњаци од САД кој би го помогнале проектот. За контакти со владат можам да направам нешто ама предходно треба добро се да се подготви затоа што ако некој друг намириса одма ќе ти го собере проектот и ќе испадне некоја квази нуклеарка што ќе направи повеќе штета од добро. Во секој случај за се што ти треба контактирај ме ако можам ќе помогнам!
 
[acko]®;1893706 напиша:

Ехе,не си ти прв бе Ацко,уште “Бучковци“ беа заинтересирани,не е проектов мој вчерашен.Странциве бараат официјална покана да им обезбедам,ама секогаш кога ќе пробам,испаѓам од игра,одма влетуваат разни: Лазаревци,Черепналковци,Чинговци,Здравевци,Бесимовци,кој гледаат само џепчето да го наполнат и не ги интересира ништо друго,инаку во Прилеп за 30 метра нов асфалт на улица не можам да се договорам со локалциве од ДПМНЕ да се изгради по пропис и без наместен тендер,па ќе пробувам за нуклеарна електрана.Знаеш понекогаш човек чувствува дека го ценат многу повеќе во Барцелона преку Монтпеље,Франкфурт,Стохолм па до Хелсинки,одколку во родниот град или држава,барем за изведба на идејни проекти и конструкции како и пристапна инфраструктура до нуклеарни и термо електрани.Овде во Прилеп цел месец водам жолчни полемики окулу потребата од една шахта(сливник) пред да се постави асфалтот,за која локалниве “експерти“(кој не знаат ни една фонтана да направат како што треба)ме убедуваа дека немало потреба,а излезе дека била прекупотребна се разбира одкако предходно морав да премолчам на личните навреди,само затоа што не сум имал ни еден ден “експертски“ стаж во локалната или државната администрација.
Токму од тие побуди работам сам,па се надевам дека еден убав ден некоја влада,ако не оваа,ќе изнајде малку несебична доблест,и нема да гледа толку многу проценти на лична сметка,за да ја даде толку потребната официјална покана,која ќе ја упатам кон потенцијалните инвеститори што чекаат само позитивно светло.Се заебаа еднаш во Бугарија па сега се малку повеќе од предпазливи кога се инвестициите на Балканот во прашање,порано трчаа веднаш,а сега ги бараат сите документи,факти,податоци и пресметки,и секако официјален документ или меморандум од владата,кој ќе стаса еден ден кога ќе им дојде “јајцето на газот“.:smir:
 
Da bideme realni Nuklearka ni e potreba(od ekonomski aspekt-mislam za da izvezuvamestruja)a nasava kutra industrija moze da sesnabdi so energija od obnovlivi resursi koi zazal se neiskoristeni inaku za da izgradme kadar za nuklearka ke ni trebat 7-9 godini a inaku rizikot za havarija e 60 000000 : 1 taka da plaskovcite ne treba da se kosat oti moze da ostanat bez kosa:baeh: a otpadot ili vo turcija ili afrika
 
Тоа е многу голем ризик, значи моментално ќе пукне!
 
а бе си има еколошки куќи како таа во кадино што е. ке си ставиш некоја помала ветерница, соларни панели и си имаш дома струја и си независен. А за индустриски развој тогаш ќе треба да се прават централи какви и да се, ама има многу начини за еколошко добивање на електрична енергија па нуклеарната енергија не е обавезна.
 
Инаку Иран веќе има 5000 центрифуги за збогатување на ураниум па не му се секира многу за отпади и слични “безопасни“ работи.:toe:

Тоа е многу голем ризик, значи моментално ќе пукне!

Другите енергетски капацитети во Македонија веќе одамна “пукнаа“.

а бе си има еколошки куќи како таа во кадино што е. ке си ставиш некоја помала ветерница, соларни панели и си имаш дома струја и си независен. А за индустриски развој тогаш ќе треба да се прават централи какви и да се, ама има многу начини за еколошко добивање на електрична енергија па нуклеарната енергија не е обавезна.

Има и многу куќи кој можат да издржат без електрична енергија како во 18 век.Инаку од еколошкиот начин на добивање електрична енергија можеби ќе може да се осветлат улиците по градовите,а за селата нема да има доволно.
 
Инаку Иран веќе има 5000 центрифуги за збогатување на ураниум па не му се секира многу за отпади и слични “безопасни“ работи.:toe:

Другите енергетски капацитети во Македонија веќе одамна “пукнаа“.

Има и многу куќи кој можат да издржат без електрична енергија како во 18 век.Инаку од еколошкиот начин на добивање електрична енергија можеби ќе може да се осветлат улиците по градовите,а за селата нема да има доволно.
Ако сакаш РМ да биде во международна изолациja като Иран-ОК.Тури центруфуги.Проблема со отпадака е много сериозен проблем,заштото този отпадак е радиоактивен много години след като е използван.
РМ даже нема каде за 1 месец да го сохрани от една нуклеарка.
 
A Бугарија има,а?Па кој вели дека Македонија ќе прави нуклеарки со збогатен ураниум за да мора да набавува центрифуги?Нуклеарки постојат и кој не работат на збогатен ураниум,само со помал капацитет.Или сакаш сите планови да ви ги изложиме овде на форум па да ги пренесеш таму во тоа црната дупка,саркастично наречена Белане?Или како викате?Тази дупка-не е дупка-тази е Белане.:helou:
 
Измини,ама БГ нема центруфуги за уран:vozbud:
БГ внасja уран от Русиja и го отвежда пак тамо.Вашето гориво каде ке оди???
Спи спокоен,Белене се гради,па ти уште ми зборуваш за утопиjaта си.
Мога да се фана с тебе на бас,дека Белене ке се изгради много побрзо от ваша нуклеарка,и от друга на балкана.Сакаш?
АБЦ,зашто не видиш дека Тетово седja 17 часа без струja,Скопje свети като дискотека и то уште преди да е дошла вистинската зима.Зашто не се примириш дека сега и за идните 10 години РМ нема да направи ништо големо во овоj сектор?!
 
Остај,па во Бугарија кога поминуваш низ Перник,Ќустендил,Петрич и многу други градови како да си во некој филм со Носферату,и очекуваш дека Клаус Кински ќе ти излезе за “автостопер“,на море пак по цели часови немате струја среде лето,а во зимо нема ни луѓе.Сега имате малку среќа во несреќа што за 20тина години ќе исчезнете за 2 милиони помалку одколку што бевте па нема да ви треба струја барем колку што ви требаше досега.
Ако се оствари проектот NucleuS Македонија ќе живее итоа прилично добро само од продажба на струја кон соседите,особено погодно што се наоѓа на средина и кон сите може да лесно и ефтино да им дистрибуира струја,нешто што ја прави уште поатрактивна за странските инвеститори со кој преговараме.Впрочем додека не создадеме сопствен кадар за сигурно управување со 8-9 реактори од еден управувачки центар како што е замислен NukleuS,странските инвеститори се обврзуваат да обезбедат кадар,нуклеарно гориво,но и депонирање на истото по најсовремени методи на разградба искористеност и обезбедување на нуклеарен отпад во нивни специјални депонии.На крај затоа и ги бараме како партнери во изградбата врвните експертски фирми,ние обезбедуваме само идеална локација,идеален иновативен идеен проект(најекономичен барем засега во светот),кадар за изработка на градежната конструкција,ураниумова руда и инфраструктура за понатамошна ефтина редистрибуција на струјата.Мислам дека тоа е остварливо за максимални 8 години кога ќе протечат првите киловати од новата Македонска нуклеарка.Впрочем гледаш дека за 8 години можеме и сами да обезбедиме 8 милјарди евра само доколку малку заштедиме од прегломазниот административен буџет,но и сопствен кадар кој ќе се усоврши во сличните проекти низ светот од страна на истиот инвеститор со кого сум во преговори,со што ќе ја обезбедиме иднината на Македонија за следниве 100тина и повеќе години.:helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom