Леле леле, ги пипкале по автобуси им свиркале на пешачки. Дај бре не си придавајте на значење до толку на форум кое во реалниот живот ниту го имате, ниту ви го дава некој. Очекувате некој да ви верува дека тоа се случило и ништо не превзедовте се' до моментот кога на нет излегува некоја тајна, скриена или не знам каква соба па добивте нагон да напишете на форум како тоа ВАС ви се случи само што тоа го направиле идиоти, ненормални, вакви такви...
Што добивам од форумов? Размисли малку, јас сум тука анонимус. Мене не ме афектира тоа што членовите на форумот мислат за мене, ама воопшто.
Што да превземи?
Види, илјадници жени секојдневно се соочуваат со вакви работи. Дали станува збор за довикување и дофрлање од страна, пипкање во автобус, недоличен муабет од возачот во такси или дечкото што од нигде никаде решава да ни се додворува па го прави скроз погрешно тоа, па дури оди до степен да ако жената е малку поамбициозна е тешко курвиште кое дошло до убавата позиција преку креветот на шефот.
Очигледно спаѓаш во категоријата мажи кои не виделе од блиску жена во животот. Можеби, си гадно заебан, па лечиш фрустрации. Ако тргнам да се објаснувам со тебе ништо нема да постигнам, тоа ти е заштитен механизам, да бидеш дупло погласен од жената која треба да седи до тебе и да ти се смешка. Неспособен си за друго ништо и тоа е факт.
Исто, се знае ако не сакате институционално како се решава вонинституционално.
Сите оние кои споделуваат вакви фотографии може да бидат пронајдени, едноставно не функционира делот околу институциите кои треба да го спроведат тоа. Крај на муабет.
Сам себе се демантираш.
Ете затоа не се пријавува, затоа што живееме во дно држава во која институциите кои треба да спроведат правда се нефункционални. Што очекуваш кога членови на групата се полицајци?
И се додека не се појави ќерката на полицаецот или висок функционер во државата така ќе биде тоа. А ако се појави, оп стоп, ја прогласувам групата за умрено.