Nudes (интимни фотографии / Јавна соба)

Член од
21 март 2014
Мислења
511
Поени од реакции
375
Зошто темава ми остава перцепција дека јас правам нешто грешка кога реализирам дека самото испраќање на nudes е самоубивање на приватноста?

Како, ако ти немаш самоконтрола да издржиш па мора да ти прати партнер nude pic или да се направи самоконтрола пред испраќање, како некој да направи самоконтрола да не го шири? По аналогија со коцкање, за мене полесно е човек да се дрзне внатре во казино кога гледа некој друг, отколку пред да влезе само по изглед. Така да ова е психолошки проблем, не е мое да осудувам некој, ама мислам дека нема последица без да има предизвик.

Ова не значи дека ја оправдувам последицата на ширење, уште повеќе не значи дека ги бранам тие што трошат време таму, дефинитивно има повреда врз оштетениот и тоа (во најмала рака)трајна траума, во тек на целиот живот(иако може и да нема гајле) и тоа во некој случаен момент онака баш секој звук на смеење да те потсеќа на исмејување, ама сомнителна е и тезата дека не треба да се преземе одговорност и дека вината е само на тој што споделува и гледа и целиот гнев таму да се истура.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
823
Поени од реакции
833
Девојчево Ана што се исповедува како жртва, секоја чест за храброста и се останато...

Кај нејзе очигледно е дека некој и ја нарушил приватноста и пишувал вулгарни содржини...
Но, гледам профилот и е сеуште public и има фотографии кои доколку сака да си живее нормален, скромен живот и да не добива слични удари, не би требало да се public.
Доколку сака да се експонира тогаш за очекување е дека ќе наиде на лудаци кои може да и наштетат низ интернет, посебно во доменот на приватноста и профилот на самата личност.. За тоа треба пазење, разумност и психолошка сила.

Се е до Lifestyle кој што човек го бира... тоа ти е исто ко да ја оставиш вратата отклучена дома и да се пофалиш на интернет на сите дека си ја отворил вратата и после да се жалиш дека некој ти украл нешто..

Да не бидам разбран погрешно, секако дека го осудувам нарушување на приватноста и идиотот кој ја напишал содржината на телеграм, но треба да се има на ум и дека некој може да ја злоупотреби твојата приватност и профил доколку самиот си ја оставил на не баш високо ниво.
Овде и самата личност си има одредена одговорност за себе, колку и тоа да звучи чудно за некои.

Секако дека луѓето треба да се слободни и да си се сликаат и да си патуваат, но кога се објавува се и сешто на секого јавно, веќе се навлегува во сериозен "бизнис" за кој треба да се запрашаш што добиваш а што може да изгубиш.
Оние кои професионално се бават со инстаграм, инфлуенсери и девојки кои се експонираат професионално, имаат многу голема заштита затоа што навлегле професионално и лично верувам претрпеле доста заебанции додека да стигнат на тоа ниво.
Оние кои што сакаат да ги имитираат, навистина треба да внимаваат и да бидат паметни и умни.

Проблемот е што надлежните немаат нити капацитет да се справат со сите вакви работи во било-која земја, едноставно има премногу вакви случаеви и надлежните поприоритетно им е да се посветат на поектремните случаеви како педофилијата која е многу поопасна.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Затоа што така сакам. Имаш ли проблем? Убаво ми е да бидам гола. И што?
Казниво е да одиш гола во јавност. Си има институции кои треба да се занимаваат со такво однесување.
 
Член од
31 мај 2019
Мислења
226
Поени од реакции
683
Нели?
Членовите нема да добијат никаква казна, а девојчињата со наведната глава. Па сами си го барале бе! Зошто така да се облекуваат, зошо такви слики ставаат на интернет?

Иу. И гола да ти се соблечам немаш право да ме допираш или да шириш слики од мене. Психопати.
Ако се фрцкаш гола треба да си спремна и за евентуалните последици.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
811
Еден од најтрагичните моменти во ситуацијава е како тоа луѓето се однесуваат како да сексуалноста и сексуалната експресија е нешто „лошо“ или „неморално“. Како тоа голотијата е нешто неморално? Кога се раѓаме, се раѓаме голи, зар не? Тоа е нашата природна и автентична состојба, зар не? Разбирам дека облеката е дел од цивилизираното општество, но колку што е тоа дел, толку е и голотијата! Мизерен е обидот да се бега од сопствената природа на експресија на голотија и сексуалност и баш поради тоа генерациско сексуално репресирање се случуваат вакви настани во кои мужи од 40 години дркаат на слики од 15 годишни девојчиња! Па добро, веројатно до некаде е и природна селекција тоа што не виделе вулва во животот. Настрана од тоа, за да се справат со болката од тоа што не можат да ја имаат девојката која се сликала (па и било која девојка, макар и до гуша закопчана), користат рационализаци како „курва е“ и ред други погрдни зборови и коментари како одбранбен механизам да си докажат и оправдаат на сами себе дека таа девојка не е вредна, за да не се соочат со своето чувство на ниска вредност и полова инфериорност. Имаат проблем, само треба да увидат дека имаат проблем и да сакаат да се променат.

Понатаму, постојано се даават дупли пораки кон жените, не само од мажите и од општеството општо. Од една страна, разголувањето е пожелно и барано, се смета за нешто модерно и кул, се смета за нешто што е значајно за тоа да се биде привлечен на социјалните мрежи, секаде го има, по билборди, реклами, а на социјални мрежи па да не зборувам, особено од „инфлуенсерки“, чија главна поента е influence - да влијаат врз популацијата со својот стил, начин на облекување и себепретставување. Истовремено, за разголувањето се добива контрарната порака дека е „курвинско“, мажи јадат гомна по јавни групи, се пренесува пораката дека жените се помалку вредни ако не се закопчани до горе, дека разголувањето и експресирање на сексуалноста е „неморално“ и имплицира дека ако девојка се сликала во купаќи дека спиела со цел град итн. Со оглед на тоа колку е кревка колективната психолошка свест, не само на помладите туку и на постарите генерации, ова прави огромна штета во поглед на себепоимањето и развивањето на зрела сексуалност.

Жените, како и секој друг не само човек туку суштество на планетава, сакаат внимание! Нема ништо погрешно во барањето внимание, буквално не би можел никој од нас да постои без внимание. Проблемот е што постојано се даваат контрадикторни пораки и логично е дека при таква збунетост ќе се извештачи и до некаде изопачи сексуалната експресија, како што се случува за било што кое ни е толку значајно, а во кое се измешани толку различни емоции и паралелно постоење на контрадикторни ставови и добивање на толку различни осуди од средината. Нема ништо погрешно во барање сексуално внимание, на повеќето луѓе примарна биолошка и социјална функција им е наоѓањето сексуален партнер.

Тука има и други поенти што можат да се надоврзат, како економскиот момент (инфлуенсерки, онлифанс), генералната осаменост и сексуална отуѓеност на популацијата (видлива по конзумирањето на порнографски материјали, кои дополнително ја извитоперуваат сликата за интерполовите односи), сексуалната репресија поради некои извитоперени социјални стандарди, донесување причинско последични констатации помеѓу аспекти на живеењето помеѓу кои не постои реална каузалност, а многу веројатно не постои ни поврзаност итн.

Да не должам - како краен заклучок ќе постулирам дека не е проблем самата голотија, проблемот е контекстот кој и се придава, пред се бидејќи голотијата и барањето полово внимание не само што е сосема нормална и природна работа, туку е и сакрален, духовен елемент. Воедно, нема никаква причинско последична врска меѓу голотија и неморал. Однесувањето на девојките, со оглед на биолошката, социоекономската и психолошката клима е сосем природно и очекувано, притоа тоа не е покана за злоупотреба на податоците. Однесувањето на момците е исто така очекувано - одбранбен механизам е, тоа не значи дека е пожелно, но за да се смени потребно е сите колективно да го менуваме односот кон голотијата и сексуалноста. Да бидеме свесни дека оваа случка е симптом на подлабоко вкоренети колективни проблеми и да правиме што е можно повеќе во нашиот живот, пред се во нашето размислување и однесување, за да допринесеме кон исцелување на истиот.

Ајт сите на колективно лечење на сексуални трауми, поз.
 
Последно уредено:
Член од
5 август 2020
Мислења
95
Поени од реакции
117
Абе никако не ги оправдувам овие што испраќаат слики по групата, од кои голем дел се чичиња со по 40-50 години, женети со деца. Ама како бе си ја сликала п**ката и ја праќа на некој со кој е во врска 1 месец (зборувам општо за сликите што се објавувале таму). Па после цимолат ги праќале сликите во доверба, не смееле да бидат објавени. Точно, не смеат, ама во 21 век каде што буквално секаков вид на дружба за жал е заменет со социјални мрежи и курињава се слабо едуцирани, не знам што очекуваат стварно. Сама не се почитува, си го слика шупакот и го праќа, па очекува друг да ја почитува. Разбирам дека им е нарушена приватноста и во никој случај значи не оправдувам тоа што им се прави на девојките, ама треба малце и тие да стават прст на глава и да размислат за последиците со своето однесување, сепак во такво време живееме. И да, не сум прочитал некој да умре ако не испрати NUDE додека е напален.
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Ебате дркаџии. Ќе ви кажвав зошто девојките се жртви и тие со нудс споделени во доверба и оние со крадени слики. Зошто споделвање лични податоци за девојките е лошо. Ама џабе е. Been down this road before. Сите шо сте во групата или шо не ја гледате вината исклучиво во дркаџиите или пак ако ги осудите и после реченицата ја продолжите со "ама...", пичка само на слика да видите. Ебате гниди на општеството ебате.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Жените, како и секој друг не само човек туку суштество на планетава, сакаат внимание! Нема ништо погрешно во барањето внимание, буквално не би можел никој од нас да постои без внимание.
Свакакви глупости се изначитав на темава, али дали со мене нешто не е во ред или стварно незнам што е работа привлекување пажња да ти било нормално со истакнување на голотија и сексуална експресија, за мене лично тоа е крајно неморално и запуштеност во воспитување од најмала возраст... можда сум старомоден али рецимо мене ме привлекува женската спонтаност, природната убавина односно не користење на шминка, воспитаноста, памет, духовност, љубезност, спортска активност... додека камењаркиве кои ми праќале слики од секогаш сум ги рачунал за интелигентно и морално запуштени, можете тука да продавате муда за бубрези колку сакате 99 посто од машка популација кога ке види како му праќаат слики каде што се голи, рачунаат да ја плеснат и толку ништо озбиљно, бидејќи ако за месец дена ме знае и ми праќа слики, кој знае на колку исто така има праќано... и поссле тие слики кога ке дојдат до манијаци крив им е некој друг они сами не се, па ке се појавуваат разни феминистки за солидарност и заштита на права бла бла бла...
и едно нешто ми е симптоматично, знам милион фини и културни жени/девојчиња до сега не сум видел некој да злоупотребил нивна фотографија, туку се некако злоупотребени биле оние каде што ја истакнувале „сексуалната експресија“...
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.731
Поени од реакции
9.782
Проблемот е посуштински и подлабок од сликиве и групиве, т.е. истите се последица на вистинскиот проблем. Ова што ќе го пишам го пишувам како некој што воопшто не поддржува или обожава модерен феминизам, cancel culture итн, така да не ме ставајте во тој кош

Во нашето општество, култура, традиции имаме архаични сфаќања што креираат вакви "мажи" што немаат апсолутно ништо што да понудат како личности пред се, па на било кој друг план, за на крај да завршат како сексуално фрустрирани личности во педофилски групи. Ќерката уште се гледа како привремен член на фамилијата, додека машкото ќе ти ја продолжи лозата и ќе те негува на стари години. Затоа прво па машко нели, поголема среќа е тоа. Машките деца се разгалуваат до тој степен да не можат да се изградат како независна личност со основни способности и пред се со било каква одговорност. Огромен број не знаат да испржат јајце на око, камоли нешто повеќе. Перење, чистење, лична хигиена итн итн се надвор од доменот на одговорност - мама ќе среди тоа. На некои на 20 години им врзуваат врвци на патики. Сето ова од нив создава луѓе со очекувања дека нешто им следува во животот и после мама ќе дојде некоја друга што ќе продолжи да им ги менува пелените.

Арно ама, reality hits кај и да е. На Запад за вакви "мажи" е game over - западна жена ваков маж не трпи па последен да си на планетава. За среќа и кај нас се поретки се младите жени со архаични сфаќања што се спремни да толерираат manchildren. Како резултат на тоа овие лица не се во можност да се исполнат сексуално во животот - во најдобар случај ќе најдат некоја кутра што ќе згреши па ќе се колне до крај на живот, додека овој си ги лечи фрустрациите на 14 годишни. Нивното (не)воспитување не им дава шанса да размислат, ок можеби до мене е проблемот? Не, проблемот се жените и се останато. Како се осмелува некоја да прати цицки на дечко и? Она е курва а мене ми следува да ја гледам пошто нели ми следува се што сакам. Ако е достапно, мое е и ми следува. Нема овде логички што да се размислува, како на пример дека само оној за кого е наменета сликата да ја гледа? Ако веќе се ебе, зошто да не ми даде мене?

Постов е без поента пошто шансите да натера некој од овие пропалици да се праша што и да е што ќе го извади од зоната на само обожување се 0, ама јбг. Да е иронијата поголема, најголем виновник за ова се нивните мајки и нивното воспитување. Кај и да е ќе заврши циклусот, ќе влеземе и ние во модерниот свет, заедно со Арапите, Авганистанците и остали со сличен менталитет.

Sent from my GM1913 using Tapatalk
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
C

CoolIris

Гостин
Казниво е да одиш гола во јавност. Си има институции кои треба да се занимаваат со такво однесување.
Па нека ме казнат бе, мој проблем. Поентата ми беше да доловам дека начинот на кој што жената или девојката е облечена не е причина за ти да си земаш за право да ги шириш нејзините фотографии низ интернет.

Колку треба да си неандерталец за да го правиш тоа? Ако јас носам мини сукња не носам за тебе, туку носам за мене. Не те повикувам тебе на нешто, а ти ако имаш проблем да го свариш тоа и да ги смириш твоите луди хормони тоа пак не е мој проблем, туку тоа е твој проблем.

Родителите потфрлиле можеби во родителствувањето, но не треба да се игнорира фактот дека тинејџерството е највулнерабилниот период од развојот на личноста и децата многу лесно се поддложни на разноразни манипулации.

Не ми се верува дека ништо не превземаат. Дозволуваат слободно да се шетаат околу нас манијаци, педофили, силувачи. Како би живеел ти во вакво општество, знаејќи дека твојата ќерка утре може да биде мета на вакви идиоти и нејзините слики да бидат на тапет на цела Македонија?

Се посигурна сум дека сакам да си идам од државава.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.292
Поени од реакции
27.807
највулнерабилниот
najranliv*
Автоматски споено мислење:

Казниво е да одиш гола во јавност. Си има институции кои треба да се занимаваат со такво однесување.
Ima eden kup mazi sho masturbiraat u avtobusi, prijaveni se i instituciite ne prevzemaat nisto okolu toa.

Da ne se zenite slucajno krivi sho koristat avtobus ili sto izleguvaat od doma?
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Какви евентуални последици?
Ах и ти како прајш. Па се разбира. Објавување слики. Ширење муабети. Споделвање лични броеви, адреси, градови. Силовање. Како смеј да се движи разголена за нејзин ќеф кога постојат м а ж и? Срамота. :ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom