Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не ми е јасно кој се законите овде за ножеви ??
![]()
Уапсени две лица, шетале со нож низ Скопје
Вчера во 13,15 часот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Мајка Тереза“ при извршен преглед кај Е.Х.(19) од Скопје бил пронајден нож на преклоп. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.sitel.com.mk
Не знам кои се законите овде ама колку треба да си несигурен во себе или да ти фалат едно добри пет шест даски да влечкаш со себе нож и да се палиш по ножеви, отидена работа.
Па да сме како Љубљана, ќе те сфатам, ама кога на секој чекор имаш чопор кучиња, кога читаш дека сред бел ден во центар, по Партизанска те крадат, зашто би оставил на господ да ме чува или на полицијата која знаеме како и за кого работат ....
Ваљда не си Том Круз и Малцински Извештај па одма знаеш дека секој што носи нож е психопат...
Не, него шо стана со старата добра ферка бе, што е ова ножеви, ланци, боксери, шипки, пиштоли, спрејеви не знам што, пацовски ми е скроз тоа.
Чопор пци како ќе ги бркаш со нож, пласиран волеј во главата на првиот пес, онака ко Беками немаш мака после сите бегаат, три пати ми се има дешавано тоа со песови, доволна ти е добра патика, пример Њу Баланс или квалитетна Чизма за зимно време.
Ферка е 1 на 1 притоа нели и категоријата е битна. Е ти кажи кој апаш гледа ферски да биде.
За кучињата така е, ама мојот нож се продава на секоја бензиска, има на него и свирка и ми служи како привезок. А ако веќе некој мрднат сака да направи штета, ќе направи и со бекатонка или што и да му е при рака. Затоа не би требало до толку да сме ригорозни за ножеви.
Во МКД дел од населението поседува огнено оружје па не сме имале некој случај како во САД, значи не е до оружјето.
Е колку пати во живот ќе ти се деси таква дешавка некој да те нападне со бекатонка или револвер?
Мене не ми се има случено физички конфликт уште од средно а од тогаш поминаа 20+ години (лета време ццц) коа имаше ферки ама и тоа онака, без нешто посебна зла крв што се вика, се тепаш се мириш пак се тепаш и така.
Не ми е јасно кој се законите овде за ножеви ??
![]()
Уапсени две лица, шетале со нож низ Скопје
Вчера во 13,15 часот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Мајка Тереза“ при извршен преглед кај Е.Х.(19) од Скопје бил пронајден нож на преклоп. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.sitel.com.mk
Нашиве закони се менуваат на кого како ќе му прдне. Иначе, у принцип најдов нешто околу тематикава што сум 99.9% сигурен дека важи и и сега.Не знам кои се законите овде ама колку треба да си несигурен во себе или да ти фалат едно добри пет шест даски да влечкаш со себе нож и да се палиш по ножеви, отидена работа.
И нож е според ова што го најдов "категорија Д оружје":Оружје согласно со ставот 1 на овој член се смета: 1) огнено оружје; 2 2) колекционерско оружје; 3) оружје за самозаштита; 4) пневматско оружје; 5) гасно оружје; 6) експлозивно оружје; 7) оружје со тетива; 8) ладно оружје; 9) оружје за светлосно-звучна сигнализација и 10) електрични парализатори.
Категорија Д-оружје што е потребно да се пријави и за кое се издава потврда: 1) пневматско оружје; 2) оружје со тетива; 3) ладно оружје и 4) оружје за светлосно-звучна сигнализација.
Нашиве закони што се менуваат на кого како ќе му прдне. Иначе, у принцип најдов нешто од 2006та година (што 99% важи и сега):
И нож е според ова што го најдов "категорија Д оружје":
Значи во превод, ако ве фатат на јавно место со ладно оружје (нож), а немате соодветна потврда, идете во станица.
Мислам дека шансата да се смилува е ... минималнаСо други зборови, зависи од "кучињата во плаво". Ако се смилува ќе спасиш дупе, а знаеме дека не се баш милостливи кон обична раја, за разлика према криминалците и нивни колеги од системот.
Додека се во слободна продажба во продавници секогаш може да кажеш дека сега си го купил i ....законите се чудни, имаш да купиш во "се за 99" нож, во секоја продавница за оружје исто така а неможеш да го носиш домаЗначи во превод, ако ве фатат на јавно место со ладно оружје (нож), а немате соодветна потврда, идете во станица.