Ножеви

Член од
22 јуни 2019
Мислења
924
Поени од реакции
1.429
Не ми е јасно кој се законите овде за ножеви ??

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.459
Не ми е јасно кој се законите овде за ножеви ??

Не знам кои се законите овде ама колку треба да си несигурен во себе или да ти фалат едно добри пет шест даски да влечкаш со себе нож и да се палиш по ножеви, отидена работа.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.287
Поени од реакции
7.638
Не знам кои се законите овде ама колку треба да си несигурен во себе или да ти фалат едно добри пет шест даски да влечкаш со себе нож и да се палиш по ножеви, отидена работа.
Па да сме како Љубљана, ќе те сфатам, ама кога на секој чекор имаш чопор кучиња, кога читаш дека сред бел ден во центар, по Партизанска те крадат, зашто би оставил на господ да ме чува или на полицијата која знаеме како и за кого работат ....
Ваљда не си Том Круз и Малцински Извештај па одма знаеш дека секој што носи нож е психопат...
 
Не, него шо стана со старата добра ферка бе, што е ова ножеви, ланци, боксери, шипки, пиштоли, спрејеви не знам што, пацовски ми е скроз тоа.
Чопор пци како ќе ги бркаш со нож, пласиран волеј во главата на првиот пес, онака ко Бекам :D и немаш мака после сите бегаат, три пати ми се има дешавано тоа со песови, доволна ти е добра патика, пример Њу Баланс или квалитетна Чизма за зимно време.
 
Ферка е 1 на 1 притоа нели и категоријата е битна. Е ти кажи кој апаш гледа ферски да биде.
За кучињата така е, ама мојот нож се продава на секоја бензиска, има на него и свирка и ми служи како привезок. А ако веќе некој мрднат сака да направи штета, ќе направи и со бекатонка или што и да му е при рака. Затоа не би требало до толку да сме ригорозни за ножеви.
Во МКД дел од населението поседува огнено оружје па не сме имале некој случај како во САД, значи не е до оружјето.
 
Е колку пати во живот ќе ти се деси таква дешавка некој да те нападне со бекатонка или револвер?
Мене не ми се има случено физички конфликт уште од средно а од тогаш поминаа 20+ години (лета време ццц) коа имаше ферки ама и тоа онака, без нешто посебна зла крв што се вика, се тепаш се мириш пак се тепаш и така.
 
Во Скопје е голема веројатноста, за разлика од Љубљана.
Доволно е еднаш да ти се случи, па цел живот да се каеш што не си бил колку толку припремен.
 
Член од
6 август 2015
Мислења
464
Поени од реакции
775
Не ми е јасно кој се законите овде за ножеви ??

Не знам кои се законите овде ама колку треба да си несигурен во себе или да ти фалат едно добри пет шест даски да влечкаш со себе нож и да се палиш по ножеви, отидена работа.
Нашиве закони се менуваат на кого како ќе му прдне. Иначе, у принцип најдов нешто околу тематикава што сум 99.9% сигурен дека важи и и сега.
Оружје согласно со ставот 1 на овој член се смета: 1) огнено оружје; 2 2) колекционерско оружје; 3) оружје за самозаштита; 4) пневматско оружје; 5) гасно оружје; 6) експлозивно оружје; 7) оружје со тетива; 8) ладно оружје; 9) оружје за светлосно-звучна сигнализација и 10) електрични парализатори.
И нож е според ова што го најдов "категорија Д оружје":
Категорија Д-оружје што е потребно да се пријави и за кое се издава потврда: 1) пневматско оружје; 2) оружје со тетива; 3) ладно оружје и 4) оружје за светлосно-звучна сигнализација.
Значи во превод, ако ве фатат на јавно место со ладно оружје (нож), а немате соодветна потврда, идете во станица.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.287
Поени од реакции
7.638
Нашиве закони што се менуваат на кого како ќе му прдне. Иначе, у принцип најдов нешто од 2006та година (што 99% важи и сега):

И нож е според ова што го најдов "категорија Д оружје":

Значи во превод, ако ве фатат на јавно место со ладно оружје (нож), а немате соодветна потврда, идете во станица.
Со други зборови, зависи од "кучињата во плаво". Ако се смилува ќе спасиш дупе, а знаеме дека не се баш милостливи кон обична раја, за разлика према криминалците и нивни колеги од системот.
 
Член од
6 август 2015
Мислења
464
Поени од реакции
775
Со други зборови, зависи од "кучињата во плаво". Ако се смилува ќе спасиш дупе, а знаеме дека не се баш милостливи кон обична раја, за разлика према криминалците и нивни колеги од системот.
Мислам дека шансата да се смилува е ... минимална :) ако те фатат навечер при рутински претрес со нож, како ќе им објасниш дека ти е за заштита :) така да искрено јас не би ризикувал.

Инаку да, за заштитените фаци е стандард муабет. Пред неколку години при претрес фатија еден од обезбедувањето на Мендух Тачи дека носи калашников (автоматско оружје за кое НЕ ПОСТОИ ДОЗВОЛА ... у превод ако те фатат со калашников е исто ко да те фатат со ... да речеме ракетен минофрлач) и никому ништо :)
 
eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.401
Поени од реакции
1.829
Значи во превод, ако ве фатат на јавно место со ладно оружје (нож), а немате соодветна потврда, идете во станица.
Додека се во слободна продажба во продавници секогаш може да кажеш дека сега си го купил i ....законите се чудни, имаш да купиш во "се за 99" нож, во секоја продавница за оружје исто така а неможеш да го носиш дома :) .

Пак ќе повторам, не сум од Скопје и никогаш не ме треселе, но никогаш и не сум бил сомнителен веројатно. Полицајците не тресат секого, ако си во сомнително друштво....на место кај што секако нож не треба да се носи...како и да свртиш законот не е дефиниран, што е ладно оружје, а што е алат, електричарски скалпер може да биде и ладно оружје истовремено, швајцарско ноже може да биде и ладно оружје, нож за кујна исто така....МОРА ДА СЕ ДЕФИНИРА ПОИМОТ ЛАДНО ОРУЖЈЕ. Мене ако ме прашаш шрафцигер во фрижидер е прилично ладно оружје...а во замрзнувач е уште поладно оружје

Како и да е, од оваа година само еден нож имам објавено во темава а е крај на Март веќе.

Овој отиде за Шведска:

82318173_10220493997557453_1719093864616165376_o.jpg

Овој ќе оди за Русија:
@chef_cook

90324923_191388112309751_6913952406510239744_n.jpg

Овие за Скопје:
90751585_241998933866930_9091402380636848128_n.jpg

88133426_3687637814610347_5037908784651960320_n.jpg

90086808_683873699086306_3041744930503393280_n.jpg

Овој нема да оди никаде :) :

90643067_632787947553647_3588269159458275328_n.jpg

А овој ќе видиме каде ќе заврши :) :

90721394_2804508102918660_2993111319298703360_n.jpg

90602628_666460820792216_5437363227333754880_n.jpg

90801025_1313463902183105_1147355471804366848_n.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom