Новогодишни одлуки '14 (New Year's Resolution 2014)

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
2013-та беше превртлива и турбулентна за мене дефинитивно. Година во која искусив прекрасни но и горчливи моменти, се зацврстив и психички и физички. Многу пријателства избледнаа но сепак нови се појавија, некои од старите уште позацврстени, додека пак на други треба уште малку да се проработи.
Би го издвоила роденденот, потоа изненадниот повик за симултано преведување ( тогаш - без диплома), збогувањето со Сирсе, прекрасната прошетка низ Европа и конечно посетата на Италија поради која ми заиграа две-три солзи радосници на лице, дипломирав, свадбата на многу добра другарка, постигнувањето ( за мене) идеална физичка форма и тежина ( - 30+ кг :X3:) .
Горчливите моменти исто така прошетаа низ мојот живот оваа година, најгорчливи беа оние поврзани со здравјето, пореметената хармонија во семејството ( која за жал се уште трае ) , додека горчливи но истовремено и поучни беа промашените зацапувања за кои изненадувачки брзо се освестував.
Во 2014 - та ќе се потрудам да започнам со постдипломски во Италија или да најдам работа ( надвор/тука ) , да се доквалификувам и да ги исполнам сите остали амбиции во врска со образование, да бидам помудра и да бидам уште поснаодлива под притисок, да останам фит, да бидам редовна на утакмици :icon_lol:, да ја довршам "преобразбата" на мојава ми соба, да изгледам повеќе филмови од годинава ( зошто ги забаталив ептен ради серии), да прочитам повеќе книги, да доживеам уште поубави моменти со блиските со тоа што попаметно ќе го распределам времето за нив и она за мене. Сакам луѓето околу мене да се здрави, среќни, исполнети и задоволни од себе. Јас дополнително ќе ги бодрам и гушкам :noze:. Сакам и да се заљубам, во зрела, стабилна личност ( нормално чувствата да бидат обострани :P ) .
Сума сумарум, 2013-та беше океј, 2014-та надежно поубава ќе си ја направам :).
 
да се исчеличам така добро да може секој Спартанец со кој би се сретнале со некоја временска машина да ми завидува.
 
Не сум многу по пишување вакви работи, ама ај баш... :D

Годинава што речиси измина ми беше премногу турбулентна и променлива. Многу прекрасни периоди но и многу лоши периоди. И кога имаш таква ситуација колку и да сакаш да ја памтиш по добрите, не може. Така годинава ќе ја памтам по лошите работи, тие ми се чини оставија поголем белег. Но мислам, т.е. бар се надевам дека тие моменти ме исчеличија дополнително, станав многу психички цврст и се научив да размислувам во оние моменти каде што не треба да избрзаш.

Е сеа, се надевам дека и ненавременото дипломирање ме исчеличи, па набрзо и ќе дипломирам. :D

Доколку сум слободен (читај ако не се вработам на постојана работа) сакам многу почесто слободните периоди да ги искористам за патување. И тоа за подолготрајни ако може. Мислам дека престојот во Скандинавија годинава многу ми годеше и ми помогна да согледам некои работи. За жал, таа што најмногу ја согледав е дека тука е вукојебина, колку и да ме боли кога го употребувам тој збор за државава. Имам роднини и пријатели во 2-3 западноевропски земји кои секоја година ме викаат, па редно е да им се угостам! :D

Исто и по некое летче на WizzAir дестинациите не е на одмет. Со друштвото или со поубавата половина. :D Која се надевам дека нема да биде погрешно избрана како предхотничките... :oops:

Како што спомнав, сакам помалку да се разочарувам за овдешниве општествени случувања, затоа што не вреди, ич!

Многу почесто слбодното време да си го користам рационално, затоа што годинава станав голема мрза во поглед на тоа што за мене е рационално слободно време а тоа ечитање книги, гледање филмови и серии.

Да не го забаталам омиленото „хоби“ - кафани. Пошто за мене тоа уз трчањето е најдобро полнење на батериите. Секако тука не мислам на пијанчење, туку на мерачки провод. :icon_mrgr:

Нормално, основните работи: Здравје, пари и среќа да се тука, во потребна количина.

Редно е и да завлезам во теретана и да си ја сменам резолуцијата од ова:

Capture.JPG

во ова:

big_7840_oboi_standartnye_oboi_windows_xp.jpg

:icon_lol:

А да, и да запознам уште неколку членови на форумов. :D
 
2013та:
- Здравјето ме служеше но не баш најдобро но тоа е (многу гол одам вајда).
- Се запишав на факултет и ја ичистив прва година (само уште еден предмет).
- Успеав некако легачењево да го искористам и да го профитирам.

2014та:
- Прво и најбитно ми е здравјето, само тоа да е со мене се друго е лесно и се постигнува.
- Потоа ми е факултетот, да ја ичистам оваа вторава година и да имам услов да запишам трета чисто.
- Потоа се пак парите, мора оваа година да дојдам до одредена сума на пари, се надевам ќе имам среќа барем во тоа.
- Барем оваа година да ја поминам не толку стресно, малку со ладна глава да бидам би било супер, се е полесно така.
- Во не толку важни планови ми е ставено летото, тоа барем сакам да го поминам надвор од Македонијава, еден одмор надвор би бил преубаво нешто, но многу фактори зависат од тоа...

Воглавно ова ми се плановите секоја година, едноставни а многу битни планови.
Иако не верувам во ова срањево наречено "нова година", нова година стари навики повеќе би одговарало, но ајде еве да спомнеме.
Среќна нова година и се најубаво. :)
 
2013 ми беше онака meh година, исполнета со многу лоши дешавки и одлуки. Неможам да ја паметам по добро, оти не беше добра, кога ќе размислам, единствено добро во 2013 беше што Мурињо се врати кај што му е место, ете, гледате до кај е дојдена работата.
За 2014 немам големи очекувања, ниту планови, само се надевам дека здравјето ќе ме служи добро, дека ќе ги положам сите испити од првпат, у глобала е то. Другово нека си биде спонтатно, оти е најубаво, а за спонтаните работи, би сакал да ме огрее сонце и да си фатам девојка у новава година, ама и за то не се замарам многу.
 
2013 требаше да биде мојта среќна година, ама тури и пепел, последните три месеца од таа година, на никој не ги посакувам, а нова година, шо нова, една година постар, да се надевам дека ќе искочам од сивилото
 
Од 2014 очекувам само здравје и среќа за мене и моите најблиски, инаку планови и одлуки за годинава немам (не правам) ама ќе дадам се од себе 2014 да ми биде најдобра година во секоја смисла..
 
Само да ми се тргне таа грутката од градите и да се осеќам добро , исполнето. Ништо друго несакам.
 
Да си дојдам здрав и жив, тивко да ги соблечам чевлите/патиките и никој да не ме сети дека сум легнал да спијам. :cool:

Арно ама ќе биди ко слон во слаткарница да влегол... :гик:
 
Да го сменам работното место, и да се заозбилам.
Мада, за второво веќе доцна е.
 
Проекциите почнуваат на нешто повеќе од два часа до Новата година, доколку се важат.:)
Тргна со растур план со истото друштво со кое последните неколку години ги славиме Новите години по урнек на саботно излегување во град. Собирање стандард после 12, другарката доаѓа доаѓа со фигаро кај другарот кој е фризер, запивката стартува околу 01.00 кога сите нормални се веќе во дискотека или на пат натаму и искачање околу 03.30..
Инаку, не ги сумирам резултатите на годишно ниво, преферирам тоа да го правам квартално.
Ако веќе така е редот, 2013 ќе биде запаметена како многу лоша со примеси на најлоша. Назадување на сите полиња што генерираше танталови маки да се премостат неволјите, но и челична волја тоа да се постигне,
За 2014 можам да му порачам на ѓаволот дека можеби ја доби битката, ама не и војната!:)
 
Во план ми е да идам у теретана оваа година :icon_lol:
 
1.Da ischistam nekoj ispit.
2.Kako nagrada za pod broj 1. da odam vo Amsterdam.
3.Da se vratam zdrav i ziv od Amsterdam.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom