Новогодишни одлуки '14 (New Year's Resolution 2014)

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
2013 ја посветив на работа, не заминав Њемачка според планираното и си ги откиснав последните 2 испити на факс. Лубов ко лубов:rolleyes:
2014 ќе ја започнам како невработен со тоа што ќе чепкам нешто како фриленсер преку ден и конечно да дипломирам. Да купам кола
Генерално не се жалам, било полошо.Ако не испадне ништо од наведеново блгарски пасош и гурбет
 
За 2014та посакувам магично да исчезне проектот Скопје 2014, заедно со неговите восхитеници.
Но чекај, ова е оф-топик, ова не е тема за желби кажување.

За 2014та ништо спектакуларно во план, да се доближам повеќе до мојата Кула...
 
Пошто не сум голем фан на новогодишниве одлуки, ќе пишам само една што ако треба ќе се превртам, ама ќе ја остварам

- Во 2014 ќе идам на концерт на Депеш Мод :pipi:
 
- Конечно да ја завршам „Еланд“ и да се приклучам на плејадата автори ко Коста Петров...:X3:
- Да најдам лек на моја рака за мојата неизлечлива sickness (не да ја излечам, ами да напрам кореспонденција)
- Да го свртам Мустафа со еден жетон/кредит пак (најбитното за 2014)
- Да пијам пиво на Башчаршија.

- останатото е во детаљи ...:icon_lol:
 
Во 2013та емоционално закрепнав, после турбулентниот финиш на 2012та. Плус здравјето ме служеше ненормално јако и дај Боже така биде и во наредните 100 години - на моменти се осеќав како Хулк. Ја лапнав на време трета година од факсот и прилично успешно го комплетирав зимскиов семестар од четврта. Бев на АСОТ во Софија - што ми беше можеби и хајлајт на годината. И направив прогрес во односот со сестра ми, што е фина работа.

Резолуција за 2014 ќе ставам само една : Да ги сотрам испитите туто комплето до јуни и што побрзо да ја соберам дипломата! Друго не пишувам, бидејќи ќе се најдам на крстопат по се' изгледа догодина, ќе треба да видам што и како понатаму .. А има многу други фактори кои не зависат само од мене.


ПС - И имам две желби :
1. Подалеку биле такви МИСТЕРИОЗНИ дефеци на камионот, како оној од пред некоја недела :cautious:. Не за друго, туку татко ми да доживее барем 50. Како го стрефи и тајмингот маму ти ....
2. Убав одмор накај август со лепо друштво
 
Да напредувам (зајакнам) своите квалитети. едноставно да се трудам да успеам!
 
2013 - Дипломирав, гледав серии, слушав музика, готвев и правев палачинки. То би било то ваљда.
2014 - Најмногу од се сакам здравјето и среќата да ме служат и мене и моите најблиски.
Во љубовта да иде се како подмачкано, освен некои ситни кавги, да не е досадно.
Поише да ги усреќувам луѓето околу мене, а помалце да ги нервирам.
Да не потклекнам на искушението и да ја шишам косата откако толку време посветив за да ја пуштам долга.
Не е лошо да си најдам работа.
Да најдам време да изгледам и по некој филм меѓу многуте серии.
Да научам да месам баница со ептен тенки кори. :D
Да го намалам обемот на кукови, не мора да ослабнам. Може салото од таму да отиде во градите на пример. (Стеф дај стави видео како да го изведам ова, биди корисен)
И последно ама не и небитно, најубаво да си поминам на концертот на НИН во јуни и да ми се погоди да налетам на Робин и да добијам една од фамозните најубави прегратки :D
 
2013та започна со преселба, па навикнување на заедничкиот живот со (тогаш) мојата девојка, и не можев, а и не можам да се пожалам. Арно е! Па полека почнавме со кроење планови да си стаиме наш кров над глава и успеавме, си направивме куќичка (сега за сега само карабина е де, ама за толку време, и со толку средства, јас сум и повеќе од задоволен). Во октомври рипнав в тавче. Не болеше. Еве веќе скоро три месеци крчкам на тивок оган. И уште не боли... Се на се - една од најубавите години во мојот живот во која бев исполнет до максимум. Не можеше ништо да го помати впечатокот, дури ни тоа што иако не е de facto, останав без работа.

Во 2014 очекувам многу здравје и среќа, не само за мене, туку и за оние кои ми се се на светот. Се надевам на што помалку грижи, а што повеќе моменти на хедонизам, радост и задоволство. Очекувам некаде во почетокот на март да се пријавам во АВРМ како невработен (КО-НЕЧ-НО!), а се надевам набрзо потоа дека ќе си најдам работичка. За почеток е доволно и било каква, но подоцна можеби и ќе се сменат работите. Во мај го очекувам штркот да ми дојде на гости, а потоа - втората половина од 2014 претпоставувам дека веќе ништо нема да е исто, зошто ќе бидеме непарен број. Се надевам дека ќе успееме да се вселиме во нашиот дом и дека полесно ќе се дише. И најважно од се - на крајот на 2014 мојот тим на сакани да остане непроменет, но зголемен за еден. Тоа ми е и единствената желба!
 
My new year resolution is 4,096 × 2,304. :icon_lol:

Инаку, во 2014 сакам да дипломирам, да ја видам сестра ми - веќе една година се немаме видено откако отиде да работи во странство и по долгогодишното планирање и цртање скици/планови, конечно да започне реновирањето на куќата.

Другото нека оди по нормален тек. :)
 
Резиме 2013 - Се вработив , се попраив 15 кг , ги посетив 50% од кафаните во Скопје.
Во 2014 сакам само да напраам дете на некоја швеѓанка за да проживеам малце горе ( мртов озбилен сум ) :) ,
 
У нову сакам да се сеќам на стару hhh
Сакам да си остану сс девојку јоште у везу, убаво ни е штокур
Али сакам и да шфрљну некад сс некоју што ву га иам мерак
Штокур агејн
Сакам да ме примиф на тој место куде што сам си аплицираја за работу, идемо на бољееее
Сакам да фафам само едн пут месечно
Сакам па да иду у Трпејцу летоска, тој ти е македонска Гоа

ај , здравје, ке биде
 
Во декември обично си правам листа на работи што треба да ја направам следната година.
2013 беше во глобала океј година, ја почнав на дното се искачив на врвот сеа пак сум на дното.

За следната си ја имам листата, шифрирана со шекспировски англиски (первенција против ремет од домашни)
2886xso.jpg
 
-Ќе се забавувам колку што можам повеќе (како на пример, денес)
-Нема да си ја мачам главата со црни мисли
-Ќе слушам гласна музика, па ич не ми е гајле за комшиите
-Ќе се обидам да победам на натпреварите на кои ќе учествувам
-Ќе продожам да правам глупости во школо
-Ќе добијам нов појас на карате
-Оценките-без промени.
-Има да победиме на турнирот на кошарка и тАчка.
-Ќе мавам некого со јајца
-Со задоволство би му плунала на некој политичар во лице, но не верувам дека тоа ќе се исполни
-Ќе го славам најдобриот роденден досега
-Нема да помислам да направам таква глупа фризура како што направив минатото лето (среќа што не ме видовте, ќе падневте во кома)
-На летување ќе се убијам од играње карти и шах
-Можеби успешно ќе спржам јајце (иако во тоа не верувам)

Така...2013 и не беше лоша година. Не, ќе се обидам да ја направам новата 2014 уште подобра.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom