Новогодишни и божиќни подароци

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Празници се ближат,празници се ближат.....ги сакам новогодишните празници токму поради овие подароци,мали гестови кои многу значат.Сакам да подарувам,на сите најблиски обично купувам по некое оригинално,интересно подароче кое нема да ги остави рамнодушни.Многу време поминувам низ дуќаните додека да најдам соодветен подарок,но тоа ме прави среќна и ме исполнува.
 
подароци

Сакам да подарувам за Нова Година и Божиќ,иако многупати посебно домашните ме искарале за тоа - демек голем трошок, глупост и сл.

Најчесто испраќам новогодишни честитки - тие ми имаат посебно значење за време на празниците ...

Сакам миризливи свеќи, топла домашна атмосфера, со дискретни украси, избрани во стил и соодветно поставени ... свеќичките се неизбежни

Најбитно ми е празниците да ги поминам спокојна, исполнета и среќна

Подароците имаат симболика - но не ми се најзначајни

Бакнежите, прегратките, насмевката, здрави и среќни луѓе се најголемиот подарок за мене
 
Има ли некој или ќе може ли мала идеа да ми даде што да поклонам за Нова Година на една драга особа :) ??? нешто што ќе го памти засекогаш
 
пакетче.. без разлика на се само тоа ме потсеќа на нова година :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom