Новогодишна собиранка :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

RSVP


  • Вкупно гласачи
    167
Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.436
Поени од реакции
35.181
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Со исполнувањето на последните две работи од чек-листата...
Новогодишно лого ☑
Тончи ☑

... Може да се отвори и темата за долгоочекуваната новогодишна собиранка :)

Мхм, еве добра прилика за сите што се утепаа од пишување во темата „Со кој член од форумот сакате да се запознаете“ конечно да ги остварат своите желби, да се напијат некоја пијачка, да направат муабет во живо, да поденсаат, да се позафркаваат на сметка на сите што нема да дојдат. Овој пат, се надевам далеку полабаво, без непотребна тема и „сТрам“ при запознавање кај поновите членови, со малку погласна музика (со цел да се избегнат непотребните долги дискусии кои секојдневно ги вергламе тука) и со окезени лица како и секогаш претходно :D

Ако минатите собиранки се мислевте дали да ни се придружите, сега направете поинаква и помудра одлука, затоа што дружбите кои се пресликуваат од виртуелниот во вистинскиот свет и не се толку чести во последно време. Па, не би сакале после 10 дена да прашувате: „Кога ќе правите собиранка пак?“ :)

Собиранката е планирана за 28. декември (петок), а за музичките таленти (и оние најрасположените,кои не мора по дифолт да се добри пејачи) им е достапна можноста за караоке изведба (знам дека Stef Bachatero ќе растури тука). Па доколку сакате да се позафркаваме со микрофонот и да нанесеме непоправлива штета на ушите на форумџиите, може да почнете да се пријавувате во темава за да знаеме колку време да одделиме за тој дел од програмата. Сериозно, караокет системот е интересен, а текстот ќе го следите на ТВ додека пеете. Изведувачот кој ќе добие најголем аплауз, ќе добие симболична награда :)

Првичните планови се забавата да се одржи во Мистик Кафе со почеток од 21 часот. Датумот е 28.12.2012 (петок). Доколку има некакви промени, ќе ве известам со време.

Па, пријавете го вашето присуство :)

35awze.jpg
 
Е браво Газда Ацид ти ако не ја наредиш кој друг?
Пиши ме мене и за доаѓање,а богами и за пеење.

:D
 
Чим има караоке ќе гледам да дојдам!<3
 
Јас нисам ту, опцијата ќе го чувам форумот ме изнасмеа:D
Убав помин на сите.
 
Таман после колоквиумска.....ќе гледам да дојдам, ќе пишам за сигурно деновиве.
 
me2, караоке ЈОК.
уствари, ако добро испијам, кој знае, можда и ќе пуштам глас ООООООООО СОЛЕ МИОООООО:pos:
--- надополнето: 16 декември 2012 во 22:31 ---
Јас нисам ту, опцијата ќе го чувам форумот ме изнасмеа:D
Убав помин на сите.
земи не и нас :)
 
Ајде деновиве ќе ви кажам за сигурно. Кога е последен рок за пријавување ? :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom