Новогодишна одлука '09 (New Year's Resolution)

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Оваа година не ми бесе којзнае сто работев само три месеци и тоа летото (у пм..) наместо да сетам ја наработа али тоа е сто це прајс. со лјубовта немав бас среца и се друго бесе така (наваму натану).......
ВО 2009 оцекувам
сите сто ги сакам да се здрави и срецни
да си најдам некоја саглам работа
да фатам зенска за озбилно
и да се забавувам


Тоа сто мозе да ти донесе мигот немозе ни цел зивот
 
Значи 2008 до некаде супер така ...зимата не ми беше нешо посебно, а ниту почетокот на пролетта, а да супер пак ми беше така средината на пролетта 3 недели не се појавив нашколо и шлаг на торта потрес на мозок, летото исто почетокот беше средножалосо, тек негде средината на јули почнав убо да си живеам ко чоек. Септември..хммм од кај да почнам.. прв училишен ден гимназија.. супер класот ми се погоди :) па после тоа стресни ситуации имаше многу... На љубовно поле онака сад га имаш сад га немаш работава е... па сега нешо старо ми се врати:jaj: и така..
А за 2009 имам големи планови...
прво да бидам посмирена и да не се нервирам за глупости, да си уживам во животов и до јуни сите оценки да ми се попраени...
:kesa:
 
Се извинувам...
меѓутоа децидно,буквално и директно... :)
планови дури ни на мајка ми не и кажувам.
Доколку на крајот на годината при сумирањето имам повеќе од 80% реализација од тоа што ми било зацртано...годината била успешна и може да се наздрави и да се пие една. :)

Се надевам на подобра година на секој план,оваа што полека одминува беше напорна и исцрпувачка меѓутоа среќен сум затоа што многу научив и запознав многу нови и интересни луѓе.
:) :toe:

Кои би ми биле желбите???
1.Да ми оди работата барем со исто или со нагорно темпо од постоечково.
2.ДПБНЕ да изгуби катастрофално на локалните избори напролет.
3.Хммм.. :) а бе ви реков... :pos2::kesa:>другите...`едноставно нели`...
не се за кажуење.
 
Интересна листа имам за оваа 2009 ...

1.Повеќе финоќа со луѓето, јасни релации и скоцкана добрина.
2.Без маски и проекции за туѓ интерес и задоволство.
3.Амбиција, успех, работа и се тоа одново.
4.Сила да им пружам рака на моите пријатели што ме воскреснувааат секогаш кога умирам, доволно љубов за да го поделам со нив товарот и да бидам подобра пријателка.

Да љубам без резерва како што љубам сега, да стојам како што моментов е статичен и јебига, да бидам подобра личност покрај тој човек и пред се за сама себе и моите дома.
 
јоу јоу Точкест ис репрезентинг годишна резолуција 2008 до пола беше 1024х768 па од пола се префрли на 1200х800 за на крајот од годината да се префрли на 1680х1050 :)
Јес да годината си имаше и свои падови, не си ја остварив целта да положам за кола и за мотор(јебига следната година)
Многу нераздолжени работи за кои срце ме боли, еден сертификат за кој сум премногу горд и исполнување на сонот да пишувам на форумов а пред мене да имам Јаболче:)
А за 2009 имам неколку планови кои ми се запишани на стики ноутс за да не си ги заборава.
600-750 кубика да иам под гз
DSLR апарат
3 сертификати и да станам Аdobe master
значи овие се трите најбитни ствари за годината. Останатите се неколку фини графички проекти и напредок во областа која ја обожавам

И здравје да се оженам :pipi:
 
За 2009...

1.Да прославим 18 роденден ко што треба
2.Да добием све 5-ке иако тоа малце тешко ќе ми биде
3.Да положам државна матура. И да се запишам на факултет во
соседниот град Скопје
4.Да си фатам цура некоја можеби :)
 
2008
Јануари - 20 на рамното! Убав, празничен, топол, домашен месец! Сите папири спремни! Нескафе со сладолед на плоштад!
Февруари - дем сесија! Ја заебав фонетиката се препуштив на пасивноста! Папирите предадени душата мирна!
Март, Април, Мај - Дијагноза ракот почнал да им се насладува и на белите дробови! факинг лајф! Болка! Крв! Последни крици пред смрт! Беспомошноста доаѓа на површина и не измачува мамата, не мачи како и проклетата болест!
Јуни - Дома - Стерилност! Немоќ! Уште измачува и боли ама не убива! Длаби во сржта и те буди од сон!
- Скопје - Сесија, збогување со Фонетиките проклети! Баскерфест :smir: Пеџа:vozbud: Уште месец со нив! П.С I Love You!:back: Планови, идеи...конфузност пред старт! Возбуда ес вел!
Дома - Скопје -Аеродром - Ѓорче!
Јули - I reach the sky! Страв, нов почеток! Изгрејсонце:pipi:
Август, Септември - Ајде да летааааме, не плаши сееее допри ме тоа не сум јааааас...!!! Борба со себе! Ветување!
Октомври - Ми се насмевна од небото! И испратив бакнеж по ветрот! му реков да и го погали изнемоштеното лице! Болка! последен крик и колапс!
Ноември, Декември - ренесанса!

2009
I'll just let it be...!
И ќе дишам! Не сакам плач да ме гуши! I've had it enough!
Премногу болка, промени премореност ми ја тресеа душава...
Сакам спокој! Да, let it be спокој!
I'll reach the sky again! I know!:pipi:
 
Успешна,променлива,поучна,моќна година на секое поле.Хармонија,успех,близу небото,некаде и на дното (чисто заради рамнотежа ),неколку изјаловени планови,но се помирив.Не сме секогаш сите тука,но мнозинството сме.Фали еден ситен,ситен,сиииитен дел за да биде се комплетно,го оставам за до година,не дека не можев,така испадна.

2009
Не знам,пак со истиот став,утре е непредвидливо.
Не очекувам ништо,ниту планирам ништо (лажам,ме мрзи да пишам,а и не сакам ус пат,дел и не можам).Јасно исцртани планови се само овие два или три,сеедно...Сакам само здравје,по можност повеќе од било кога.За сите!А ако го има тоа,сакам птичкава (пТичка,да потенцирам,има перверзни умчиња) да летне некаде накај северо-запад,ако не може сега,барем да направи пролетна преселба,март,април...било кога...можеби летна преселба,сеедно,само нека направи.А ако и тоа не се случи нека исчисти 2ра во рок и нека си свирка,останатото секогаш самото се нижело без проблем.
 
2008 година...несмеам да кажам дека беше некако престапна. За разлика од 2007 оваа изгледаше фантастична. На љубовен план беше многу добро, 4 минус, минуската ради некои мои глупи сваќања.
На општествен план, оваа година беше многу важна, поради тоа што се одлучив што сакам на некој начин (блиску сум до то), да бидам во животов. Ги разграничив пријателите од непријателите и научив да правам разлика во секоја ситуација.
Има многу грешки што ги направив...ајде да ги оставам тие, и да одам на '09.

Од 2009 година имам големи очекувања:). Имам и тенденции за многу работи. Сакам пред се да не престанам во ниеден момент духовно да се издигнувам и да не заборавам на моралните вредности. Нема да се потценам во ниеден момент, но нема ни да се преценам. Во 2009 сакам повторно да уживам во бескрајните моменти со моите вистински другари. Спремен сум за нов почеток. Сакам да се предизвикам себеси во многу аспекти во кои досега не се залагав многу. Пред се, оваа наредна година сакам да бидам подобар син и брат. Жал ми е што оваа година само механички се однесував со одредени личности.

Што се однесува на моите драги ценети форумски пријатели, нареднава година сакам да одам на пивце и кикирики со Кире Мали (немат бегање) и струмичанецо Кискино (ако идаш овде бате, бесплатен престој имаш кај мене, има све покољ да прам:pos:). На форумов запознав многу вредни личности. На локален карактер мило ми е што преку една портокалева страница се запознав со Болиглава и Фантом, со кои секое седење на кафе не поминува со едно околу 50-тина фори:pos:.

Оваа година одиме на подобро, '09 е пред се за ширење познанства.:icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
НАјважна одлука за 2009 ми е се ако може да тргне на подобро :)
Следна да расчистам втора година на факс, регуларно како прва со ја расчистив :)
Конечно да се заљубам и да си фатам женска за нешо посериозно (за да не ме реметат по дома дека за секогаш ќе останам сингл, иако вака ко сингл ми е до негде добро, море ако не и одлично :))
Финансиски да зајакнам малцеповеќе.
Да бидам во можност да си праам се шо ќе ми текне(ако не се бар 75%:))
Е да и компјутер нов да си земам, (хмз за ова ќе треба да почекам до крајот на 2009 ама ак не се лутам :baeh:)
И тоа е за сега ако нешто друго ми текне ќе ве известам :)
ај доста беше од мене иако сакав уште нешо да пишам ама нема смисла :baeh:
 
Од тоа малку што ветив дека ќе го направам минатата година, не успеав да го остварам кафето во Париз и мој стан. Но добро, за станот секако си дадов повеќе фора, што значи реални работи замислувам и посакувам. Ете за истото ќе се трудам и оваа година, иако мислам дека и овој пат нема да успеам. Но не е тоа најважното и најнеопходно нешто во мојот живот, за да се потресам или да се расплачам од мака. Кога ќе успеам - тогаш.
А што друго сакам да си зацртам дека ќе го исполнам во 2009-та?
Да продолжам да сум таква каква што сум или да се потрудам и подобра ако се може. Тоа што го добивам за возврат од луѓето кои знаат да ме почитуват и сакаат е најубавото нешто што може човек да го доживее. Со ништо материјално не се споредува, па затоа и ми е најважно.
Во врска со работата полека но сигурно си билдам една цврста самодоверба и верувам дека ќе продолжам да успевам, затоа што навистина се трудам, а секој труд се исплаќа.
Во врска со љубовта исто. Секогаш ја имам во себе и во разни облици, па од тие што треба и за кои се борам ја добивам назад. Тоа ми е доволно и немам што повеќе да посакам.
А во врска со форумов, сега кога си обезбедив услови какви што сакав и ми требаа, планирам повеќе да се ангажирам и да допринесувам.
Леле колку всушност немам ништо сериозно за остварување ... уште да знаев дали е тоа добро или лошо ...:kesa::icon_lol:

Еј да, се сетив на уште една работа ... ако не си купам стан, кола ќе земам оваа година сигурно. Ама бидејќи сум сигурна во тоа, незнам дали треба да стои тука.:pipi:
 
2009 neka bide godina na nacionalno obedinuvanje AMIN

p.s.po baranje na serpico

vo kontekst na gore kazanoto i licno potkrepeno go kanam realen 07 da pieme edno pivo so sto simbolicno ke go zapocneme nacionalnoto obedinuvanja, a moze i mesaja za nego pukanki ))))

vo 2009 ocekuvam prinova da mi stasa vo semejstvo , se nadevam ke sum uste podobar tatko. a za imeto komitsko ne bega ili sirma ili todor ke e ))))))
 
2009 neka bide godina na nacionalno obedinuvanje AMIN

Амин, иншала.
Сепак, темава е насочена кон личните одлуки кои ти ќе ги направиш, кои зависат од тебе, твојата резолуција. Прочитај го првиот, прочитај ги речиси сите постови. Камон :) Очекувам подобро од тебе.
 
...Имам неколку цели за 2009, но една ми е најважна: да ги поправам разурнатите односи со луѓето коишто ми значат...Пробувајќи да им докажам некои работи, да поделам некои совети коишто беа чисто добронамерни, сфатив дека некои луѓе, едноставно не сакаат помош, иако очајно ја бараат..Но, тоа не секогаш може да биде сфатено онака како што треба...Затоа , ветувам дека ќе пробам да ги расчистам работите, не ми е сеедно...
 
Во 2009та:



- Нема да се трудам да бидам подобра ќерка, сестра, другарка, пријателка, познаничка, девојка итд, зошто Бог ми е сведок дека ја усовршив уметноста во истото. Наспроти, ќе се трудам другите да ги научам како да ми бидат мене подобри сестри, браќа, другари, пријатели, познаници, љубовници, зашто очигледно уште не знаат што имаат покрај себе.:icon_lol:
- Ќе му долевам масло на стремежот кон апсолутна слобода: физичка, психичка и идеалистичка. Па нека гори...
- Негување на старата добра традиција на непотпаѓање на ниски провокации, држење до своето и доследно бранење на истото (до смрт ако треба:helou:), рушење на старите догми и правила и пофлексибилен пристап кон светот и животот со акцент на љубов и пропратно:pos2:. Редно беше...
- Конечно, да закажам на доктор (декември нема да може да собере олку напор) и да ги санирам повредите на двете стапала со цел да им овозможам на моите заносни облини неограничено шантрање на солидна основа:pipi:
- Да си створам малку повеќе време за себе, малку повеке време за читање, за усовршување и уште малку повеќе за да пишувам повеќе на форумов
- Да ширам многу љубов. Сила за непрестајно повторување “те сакам, те љубам, те обожавам, ми недостигаш....“ зошто на крајот на краиштата, сите сме лигави во душа и прекрасно е не само да ти докажат, туку и да слушнеш дека си сакан
- Борба до последен здив за среќата на оние што ги сакам без оглед на последиците по мене. Ќе се продадам за каузата ако треба:icon_lol:
- Прага и Варшава. Места на кои одамна им се токмам, меѓу другото, поради луѓето кои го претставуваат најдоброто од мојот свет. Посебно во Варшава. Чекај ме, доаѓам.:icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom