Во 2009та:
- Нема да се трудам да бидам подобра ќерка, сестра, другарка, пријателка, познаничка, девојка итд, зошто Бог ми е сведок дека ја усовршив уметноста во истото. Наспроти, ќе се трудам другите да ги научам како да ми бидат мене подобри сестри, браќа, другари, пријатели, познаници, љубовници, зашто очигледно уште не знаат што имаат покрај себе.

- Ќе му долевам масло на стремежот кон апсолутна слобода: физичка, психичка и идеалистичка. Па нека гори...
- Негување на старата добра традиција на непотпаѓање на ниски провокации, држење до своето и доследно бранење на истото (до смрт ако треба:helou

, рушење на старите догми и правила и пофлексибилен пристап кон светот и животот со акцент на љубов и пропратно:pos2:. Редно беше...
- Конечно, да закажам на доктор (декември нема да може да собере олку напор) и да ги санирам повредите на двете стапала со цел да им овозможам на моите заносни облини неограничено шантрање на солидна основа

- Да си створам малку повеќе време за себе, малку повеке време за читање, за усовршување и уште малку повеќе за да пишувам повеќе на форумов
- Да ширам многу љубов. Сила за непрестајно повторување “те сакам, те љубам, те обожавам, ми недостигаш....“ зошто на крајот на краиштата, сите сме лигави во душа и прекрасно е не само да ти докажат, туку и да слушнеш дека си сакан
- Борба до последен здив за среќата на оние што ги сакам без оглед на последиците по мене. Ќе се продадам за каузата ако треба

- Прага и Варшава. Места на кои одамна им се токмам, меѓу другото, поради луѓето кои го претставуваат најдоброто од мојот свет. Посебно во Варшава. Чекај ме, доаѓам.
