Новитети од нашите издавачки куќи

  • Креатор на темата Креатор на темата Dumbledore
  • Време на започнување Време на започнување
Не знаев дека и вакви книги те интересираат. Или само сакаш да сме во тек? :D
...сметам дека е потребна попрегледна тема за промовирање на (ре)издадените книги и едиции од нашите издавачки куќи, решив да ја отворам оваа тема.

Целта е промоција на книгата, но и на домашните автори кои се во сенка, не добиваат адекватна реклама како странските автори, но постои и огромем дисбаланс во самата издадена литература меѓу домашните и странските автори. Мора повеќе да се обрне внимание на домашното литературно богатство.
 
Имам читано (и поседувам некои од неговите претходни книги), така што и книгава би требало да е интересен избор...

Mesecinite_na_nasite_zivoti_-_korica_-_maketa.jpg

Опис на делото:

Книгата „Месечините на нашите животи“ содржи лирски прози, микрофикции и раскази од претходните книги на авторот, како и некои нови, необјавени раскази. Во овие мали прози е фатен светот од една зачудна, изместена перспектива, некаде на границата помеѓу јавето и сонот. Авторот наоѓа начин да ја еродира баналноста на секојдневието, и да продре до метафизичките својства на постоењето, при што играта и поигрувањето, кои се јавуваат како некои од основните својства на неговиот авторски ракопис, не се само забава, туку се соочување со сопствената судбина и со судбината на светот. Неговата поетика потсетува на поетиката на Данил Хармс, Е. Т. А. Хофман... Од текстовите излегува раскошен свет, изграден од мноштвото мали и навидум неважни теми и настани и секако обични луѓе кои запаѓаат во најнеобични ситуации.

Ацо Гогов е автор е на три книги проза: „Географија на маленкоста“ (песни во проза, 2009), „Единствен матичен број“ (кратки прози и раскази, 2012) и „Триптихон“ (кратки прози, 2017). Автор е и на две есеистички книги: „Децата на Мнемосина“ (театарски записи, 2019) и на „Патот накај дома“ (есеи, 2024).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom