Де-факто или де-јуре еден ден Македонија ќе си биде на целата своја територија доколку се стекнеме со исти права како и сите граѓани кој се жители на ЕУ.Токму тоа го знаат Грците кој се подолго време во унијата и затоа никогаш нема да се помират да бидеме примени таму без проблеми.
Европските закони се многу јасни и прецизни кога се однесуваат на приватните имоти кој се одземени пред повеќе години,па државата како држава и не мора да се залага за имотните права на сопствените граѓани особено со фактот дека поединецот во ЕУ ги има истите права како и државните институции,тој партиципира,плаќа даноци и ја дотира ЕУ па затоа му следуваат подеднакви права како и на земјите членки.Можеби неуките Грци си мислат дека доколку Македонија нема да бара територии тоа не може да го стори поединец или поединци врз основа на докази кој сеуште постојат во приватните и државните архиви,но многу се лажат по основ на тоа прашање.Со првиот ден од влегувањето на Македонија во ЕУ вакви приватни тужби ќе ја блокираат Грција во секој поглед и на секој чекор а малку поедуциран адвокат може несомнено да извлече огромни средства за обештетување на сопствените клиенти кој насилно се протерани од Грција за долгогодишно користење на земјата која исто така треба да им се врати на сопствениците на кој насилно им е одземена.Да ве потсетам и на фактот дека геноцидот не мора да значи само убивање туку во одредени случаи скоро како составен дел на геноцидот се вклучува и масовно протерување од одредена територија со закана по живот и одземање на таа територија на подолг период.
Токму тука треба Македонците да ја видат својата шанса со неизбежниот влез на Македонија во ЕУ доколку Грција за тоа време не ја напушти унијата баш од тие причини што не би можела да ги издржи таквите правни и финансиски оптеретувања во вид на обесштетување врз семејствата на децата бегалци особено доколку се знае дека секој граѓанин на ЕУ треба да има исти права и должности пред Европските судски инстанци,а тие барем досега се на страната од Македонците протерани од Грција.
Хрватска уште пред да влезе во ЕУ се соочи со фактот дека треба да им ги врати имотите на Германците кој пред војната живееле на нејзина територија или соодветно да ги обесштети доколку сака да влезе во унијата иако не извршила Геноцидно етничко чистење на своја територија туку Германците сами ја напуштиле земјата гледајќи посигурна иднина во Германија.
Македонците од Егејска Македонија биле присилени под смртна закана да ја напуштат сопствената земја а тоа во многу поголем обем ја става вината на Грчка страна која покрај тоа ќе треба јавно да им се извини на сите Македонци кој ги протерала од своја територија за да ги користи нивните домови и земја во свои потреби повеќе од 60 години.Правните експерти знаат многу убаво да соберат колку се заработува за 60 годишно користење на земја и целосно функционална инфраструктура па ни 700 милјарди евра не би биле доволни Грција да се спаси од неизбежната казна која мора да ја плати ако сака да остане рамноправна членка на ЕУ.