Новите предлози на Нимиц за името на Република Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

Кој предлог на Нимиц (од прифатливите) би го прифатиле?

  • Демократска Република Македонија

    Гласови: 113 29,0%
  • Независна Република Македонија

    Гласови: 173 44,5%
  • Ниту еден (образложете зошто)

    Гласови: 103 26,5%

  • Вкупно гласачи
    389
eee slafko slafko...kaj tebe zgreshile mnogu vo vospituvanjeto a i sredinata e kriva sho kako mal ne te akceptirashe..kaj beseh tetka etika kaj tebe.
 
Наместо да млатите празна слама и да се пишувате ступидни и офтопик муабети, често провоцирани од некои модератори, подобро би било да се вратите на темата и да напишете збор два за тоа. Вака само покажувате слабост и немоќ да се соочите со реалноста, па забегувате во друг правец.


Но, има и некои кои сериозно дискутираат, како Silen. Почит!

И со ова не се согласувам. Како во зборот Република Македонија е нагласен или ќе се нагласи словенскиот карактер? Што е словенско во овие два збора? Се признава државата а каков е карактерот никого не го интересира. Утре Македонија може да стане монархија или да го смени официјалното име во Демократска Република Македонија и пак со карактерот тоа да нема врска. Тука апсолутно не си ми јасен со ставовите?
Во самото име на државата не е нагласен словенскиот карактер, тоа е јасно. Освен ако не не присилат на име од типот Славомакедонија. Но, како што многупати беше речено, проблемот не е толку во името, колку во карактерот на народот како носител на државата. Грција, па и светот денешните Македонци ги гледа како словенско население, со мајчин словенски јазик наречен македонски. Се прави јасна разлика со античките цивилизации на овие простори, нивните јазици и култури, со денешната нација Македонци, официјално призната во светот со создавањето на Народна Република Македонија во 1945. Тоа е она што светот го признава. Никој нема илузии, како некои во Македонија што создаваат дека денешните Македонци се исти со некои племиња од пред 4000 години и дека на бебињата им викале "ѕе" :tapp:

Велиш ќе биде одредено каков ќе биде официјалниот став кон античката историја, што смее а што не смее! А кој тоа ќе го одреди? Мене не ми е познато дека постои комисија која им одредува на државите каков ќе биде нивниот став кон одредени историски прашања. Како ќе дефинираш античка историја? До Рим, до Византија, до каде? А во минатото? Пред 10 000 години античка историја е или не?
Да, ќе биде одредено. Кој ќе го одреди? Истиот тој што одреди да се промени знамето. Истиот тој кој ја принуди една суверена држава да си го промени имети и да прифати некаква привремена кратенка. Исправно ли беше тоа? Не. Се направи ли тоа? Да. Значи се е можно. Што смее, а што не, исто така лесно се одредува или наметнува, како што некои веќе наметнаа кое знаме може, а кое не. Никој не смее да има екслузивно право на историјата, а уште помалку еден словенски народ како денешните Македонци да предендираат дека се носители на хеленизмот. Колку што денешните Македонци претендираат дека се наследници на античките племиња од Македонија, исто и денешните Албанци, Власи, Грци итн. кои живеат на овие простори можат да го имаат истото право. Но, ова нема да биде никаква новина за нас, пред приемот во ЕУ отстапки од досегашните ставови во Македонија ќе треба да се направат и кон поблиската историја. Никој не ни дава екслузивно право на ништо за кое ние досега си верувавме дека е наше и само наше и дека само ние сме во право. Остатокот од светот поинаку гледа на многу нешта и не му се битни нашите емотивни размислувања, битни им се фактите.

ПС. инаку веќе трет пат те замолувам да објасниш како ти би го решил проблемот со името а ти упорно го игнорираш одговорот! Немаш намера да одговориш, не знаеш како да одговориш или нешто трето е во прашање?
Во претходните постови веќе пишував за тоа. Веројатно поради многуте офтопици си го пропуштил. Јас лично немам моќ да го решам спорот со името. Јас кажав што многумина македонски, странски па и грчки политичари, аналитичари итн. мислат за тоа. Едно од решенијата на спорот е да се прифати уставното име, без можност за официјална употреба на кратко име, но со нагласен словенски карактер на денешните Македонци, нивната традиција и култура и откажување од екслузивни претензии кон античкото наследство. Како ќе се изведе тоа? Тоа е најмал проблем.
 
Ти изгледа нешто си се збунил. Кој у која меѓународна мултилатерална политичка организација од типот на ООН, му признава на некого дали е словен, колку % у народот у таа држава е од норманско, вандалско, аварско , античко, потекло? Тоа ти е човече политичка организација, а не историска академија. Само ние у свет го имаме тој проблем да Бан Ки Мун им признае на Грците дека се наследници на целата светска цивилизација. Алооо. Кој апсурд. Некој дипломат да му признае на некого нешто, од историјата и тоа ни мање ни више него пред 2000 години. Па зашто се тука универзитетите, историските школи, археологијата. Со што ќе се занимаваат овие луѓе? Еми ако утре откријат негде нешто што би ја мењало одредената гледна точка, што после или па ООН ќе решава? Дај молим те без глупости. Инаку историјата не е природна наука, драги слафко, таа е општествена и со тоа се менуваат многу работи кои би се откриле со време. И немој да ни збориш што кажале грчки ,,експерти,, и аналитичари. Зашто и во Илијадата пишува да бегаш од Данајците и поклони кога носат. Чунки многу арно ни мислат.
 
МАКЕДОНИЈА да ИЛИ НЕ ? Ова , поголемово почна да ми смета в глава .Па пресметав вака :
- повеќето од нас добро ја владеат историјата !
-колку пати ова и се има случено на Македонија ?
-што правеле под вакви притисоци нашиве претци ?
-дали е опција Букурештскиот договор ?
 
Македонија е во многу по по добра ситуација од порано ако порано имаше националисти кој со многу малку научни и светски издржани не доволно потврдени историски факти од светската историја го темелеа својот национализам денес е друго. Денеска имаме по некој залутан емоционален слафко кој освем прикаски за светски истории и недоволно познавање на истории, државии итн се само бледи комедијанти и циркузанти спрема вистинските потковани македонци. На нив не им останува и ништо друго освен да ги навредуваат народите со некакви стари теми кои биле атрактивни во претходните 10 години, и кои се елаборирани и разјаснети, мислам денеска да се пишува дали сме славјани или македонци е апсурдно, денеска кога имаме јасични артефакти од Бугарските, Словенските, Хрватските, Украинските, Египетските итн архелогичари и лингвисти кои тврдат дека словенскиот народ потекнува од овие простори некој слафко да дојде и да ни каже дали сме ние антички македонци или словени е исто ко да го читаме Дон Кихот и неговата борба со ветерници. Слафко, слафко. Друга работа поврзана со проблемот со грциштава е тоа што релно имаме внатре рани пред се тоа се Албанците, да не беа Албанците многу држави ќе можеа да ни се фатат за стапот. Според мене единствен начин во моментов е да престанеме да играме во дефанзива а да почнеме еден вид политика на која ќе ја префрлиме на нивни терен. Да се отворат темите за македонците од егејска македонија. Не знам дали е сеуште време за ова но сепак треба да се спремаме и спремни да ги удриме онаму кај што се најкревки.
 
@ moira
Jас се прашувам дали ти воопшто знаеш што пишуваш, и кој сериозен тврди дека Александар или Букефал се словенски имиња?! Сите тие имаат значење на грчки јазик. Дали античкото население во Македонија и во Елада меѓусебно се разбирало не е никаков доказ дека и едните и другите не биле дел од хеленството. И во Кина луѓето од еден крај не се разбираат со луѓето од другиот крај зашто зборуваат различни дијалекти неразбирливи еден за друг. Тоа не може да биде сериозен доказ.[/QUOTE]

A kade ti procita deka pisuvam za slovenskoto poteklo na ovie iminja:pos2: , slovenski sigurno ne se tuku se MAKEDONSKI, a MAKEDONCITE NITU SE SLOVENI NITU GRCI:toe:
Ne vadi od kontekst, i citaj malku:baeh:
 
НЕ ДОШЛЕ СЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ, СЕ ВРАТИЛЕ МАКЕДОНЦИТЕ!:helou: :toe:

Поздрав!
 
Грците тргнуваат пак во офанзива па така деновиве Дора ќе ја прошета скоро цела ЕУ за да добие подршка при своите ненормални инсистирања за авторски права на нашето име.
 
Проблемот треба и се дефинира од наша страна како политички, историјата нема ама баш ништо што да се меша во ова, историјата треба да се остави на историчарите. Проблемот е во тоа што регионот Македонија е моментално распослан на три држави, Бугарија, Грција (најголем дел) и Република Македонија. И грците и Бугарите се сеуште во една голема параноја од страв да не далеку послабата политчки и воена Република Македонија посегне по останатите делови од регионот Македонија, Република Македонија таа можност ја сиклучи како со менување на уставот, така и со официјални искази и донекаде успешни обиди за соработка со двете соседни држави на економски план.
Реално гледано моментално Грција нема ама баш никаков аргумент дека Република Македонија има намера и моќ да и го одземе делот од регионот Маекдонија кој е моментално во нејзините граници.
Единствено нешто што сеуште го гледаат како можна закана е името, за кое внатре во Република Грција е спроведена толку силна пропаганда дека тоа е закана за сопствениот територијален интегритет. Треба да се смогнат сили сега да се издржи до следниот самит на НАТО да се види во кој правец треба да се иде со оваа дипломатска и политичка битка.
Јас имам чувство дека сега нашите дипломати се обидуваат да ги одржат преговорите во живот до самитот каде што ќе се чека на потегот на Грција.
Во случај да стави вето договорот за временото име за меѓунардона употреба би бил порекршен и веќе неважечки по што Р. Македонија се надевам дека ќе биде спремна да ги искористи сите механизми на ООН да го искористи моментот и да прикаже дека и покрај добрата воља прикажана со менување на уставот и знамето и заложбите за соработка грција воопшто не го почитува тоа и дека и покрај тоа што скоро две третини од челнките не ОН ја имаат признаено Р.М. под уставно ниво Грција и се спортивставува на тоа двотретинско мнозинство.
Втората варијаната е Грција да не стави вето, преговоритее да продолжат и во моментот кога ќе ги имаме повеќе од 2/3 од државите во светот на нашаш страна односно спремни при гласање да гласаат дека Р.М. за меѓунардонда уштерба има целосно право да си го користи своето уставно име, да се стави предлогот на гласање, бидејќи преку 70% од државите сметаат дека правото на Р.М. да си го користи своето име во меѓународна употреба едно од основните права и секоја држава и темел врз кој се базира целата ООН.

И покрај тоа што во двата случаи грција нема да да го добие тоа што го сака, сепак мислам дека нашите дипломати терба уште поактивно да работат и што е можно повеќе да контактираат со колку е можно повеќе дипломати од светот за да се здобијат со поддршката, а во случај да нема доволно тогаш треба да се вработата повеќе кои ќе ја вршат оваа работа. И тоа треба да се концентрираат само на челнките од ЕУ, туку и на што е можно повеќе држави во светот.
 
E pa politickiot pristap kon nametnatiot problem ne dovede do ovaa sostojba, zatoa krajno vreme e so istoriski argumenti da se nastapi vo odbrana na imeto.
 
историските аргументи се ирелевантни во денешната политика, никој освен грција не ја инатересира историјата и не ја препознава истата како каков и да било аргумент за политички проблем од овој размер.
 
Istoriskite argumenti ako ne najrelevantni, togash se megju najrelevantnite! Bez razlika shto Nimic ispadna vlazhna vagina, toj na argumentite ne mozheshe da im se sprotivstavi, duri i toa go kazha.

Pa videte samo shto najmnogu im prechi na Vranishkovski, "slafko", na bugaromanite, i na ostanatata zabludena tajfa - imeno nashata vrska so antikata. Taa e osnovata za nasheto ime i identitet.

Dosega kradenoto go branea so lagata deka nie sme "Sloveni" dojdeni na ovie prostori vo 6-7 vek, koga vo sushtina site tie naokolu se dojdeni. Grci na primer sem vo krajbrezhnite delovi vo antikata NIKOGASH nemalo vo Makedonija!

Tolku e jasno deka smenuvanje na imeto e negiranje na vrskata so antikata, i legitimiziranje na okupiranite makedonski teritorii, shto ne treba da se razglobuva posebno.

Ete so toa ne mozhat da se pomirat:

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=1984

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=14785


Напишано од slafko

Антички народи во 21 век не постојат.

Самиот збор "фашизам" во превод не значи ништо лошо, но делата правени во негово име се друга работа.

За разлика од сите останати земји коишто употребуваат кратки имиња, ние мораме да го употребуваме целосното име Република Македонија, а не Македонија.

никој нема право да ми наметнува дека имам нешто со античките Македонци, освен тоа што живеам на истата територија. Доколку на овој начин пристапеше и Р.М. кон проблемот со името, досега веројатно ќе бевме и членка на ЕУ и на НАТO.

Треба да бидеме среќни што и покрај антибугарската хистерија во Македонија, Бугарија сепак не поддржува и барем досега не рекла дека нема да не поддржи или да стави вето како што секојдневно најавува Грција.

Никој од тие 120 земји не не призна како наследници на античките Македонци, ниту пак некогаш ќе не признае.

Но, ти јасно се отсликуваш дека си Влав. Само тие се сметаат себеси за 100% наследници на античките Македонци, а тоа го правиш и ти.

Ако SWEDEN ви е уфрлен играч, намерно да расипува теми за после вие да имате причина да ги затворате или бришете темите, тоа е друга работа.

И како можеш да речеш дека целиот народ македонски востанал на востание? Па, ако беше така сите ќе беа борци и ќе земаа боречки пензии, но не земаат. Дури и многу од тие коишто земаа и земаат боречки пензии тоа го правеја со рекла-казала, сведочење на двајца сведови дека Рајко или Петко се борел некаде.


Никој не смее да има екслузивно право на историјата, а уште помалку еден словенски народ како денешните Македонци да предендираат дека се носители на хеленизмот.

Но, ова нема да биде никаква новина за нас, пред приемот во ЕУ отстапки од досегашните ставови во Македонија ќе треба да се направат и кон поблиската историја. Никој не ни дава екслузивно право на ништо за кое ние досега си верувавме дека е наше и само наше и дека само ние сме во право. Остатокот од светот поинаку гледа на многу нешта и не му се битни нашите емотивни размислувања, битни им се фактите.
Grkot i/ili Bugarot se oglasuva vo nego... :kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom