M
Mario Gómez
Гостин
Ван Ромпој прв претседател на ЕУ
27 земји членки на ЕУ во Брисел постигнаа согласност претседател на Советот на ЕУ да биде досегашниот белгиски премиер Херман ван Ромпој. 62 годишниот Белгиец функцијата ќе ја преземе на 1 јануари 2010 година. Британката Кетрин Ештон, во моментов комесар за трговија, од 1 декември стапува на должноста Висок претставник за надворешна политика. Овие функции ги предвидува Лисабонскиот договор, кој откако беше ратификуван од сите земји- членки на ЕУ, ќе стапи на сила на 1 декември. Американскиот претседател Барак Обама ја поздрави одлуката на ЕУ за изборот на новото раководство. Со ова Европската унија станува „уште посилен партнер“ за САД, соопшти портпарол на Обама во Вашингтон.
www.dw-world.de