Нови возачки дозволи

  • Креатор на темата Креатор на темата marija aleksova
  • Време на започнување Време на започнување
Ај ако има некој тестови негови нека ми кажи негов одговор 13 тест 2- ро и 4-то прашање.
 
На 18 ја зедов (годинава), а се научив на Југо. За другото ме мрзи да пишувам...
 
знае ли некој колку кошта да ја извадиш возачката во мвр по итна-брза постапка, т.е. колку се доплаќа?
 
--- надополнето: Dec 1, 2011 5:46 PM ---
знае ли некој колку кошта да ја извадиш возачката во мвр по итна-брза постапка, т.е. колку се доплаќа?


Издавање итна возачка дозвола

ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 192 92 Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ АПЛИКАНТИ
Итната возачка дозвола се издава 48 часа по поднесувањето на барањето за издавање на возачка дозвола.
НАПОМЕНА: За овој тип на возачка дозвола уплатница од наместо 280,00 ден се приложува
уплатница од 840,00 ден

НАПОМЕНА: Со барењето за возачка дозвола задолжително се поднесува и пријавата за издавање на возачка дозвола за кое е потребно:
- пријава за возачка книшка
- уплатница од 100,00 ден
- фотокопија од лична карта
- фотокопија од возачка дозвола
- 2 фотографии до димензија 3,5 X 4,5 смм
Од тука.
 
Положив на 19 години. Полагав со Mitsubishi Lancer. Тестови положив од прва, полигон од прва, на градска од втора. Полагав дента за нова година, иако сите ми рекоа да не полагам тогаш затоа што ќе биде лудница, ама пуста желба:).
Ме однесоа на кружниот во дебар маало, и вртам по една од уличките, коли паркирани насекаде, простор има едвај да се движи колата, кога се приближив до една кола, типот дојде до неа и си ја отвори ширум вратата без да погледне дали некому ќе смета, ја закачив малку со ретровизорот и нормално не положив :@. Следуваше големо разочарување и еден месец да се соземам за повторно да полагам :D. После положив од втор пат.
 
Битола (со Шевролет Спарк) на 20 години зедов возачка, тестови без ниту едно грешно, паднав еднаш на кос паркинг.
Чикаго (со Ауди А6) на 23, тестови без ниту едно грешно, градска и полигон без проблем, само таа црнката ми пиштеше со 2те раце да го држам воланот, а пуста навика секогаш десната рака оди на менувач иако колата беше автоматик.
 
Како може да полагаш на автоматик? Во повеќе градови ли се полага така?

Според закон не смее да биде автоматик колата. Е сеа ако фатил врски или „дупки во законот“ тоа е тоа :)
 
Како може да полагаш на автоматик? Во повеќе градови ли се полага така?
Абе читајте да го ебам... убо си пишал дека црнка му пиштела (црнец, црнчуга, нигер, како сакаш наречиго) + во Чикаго полагал.
Е сеа ако фатил врски или „дупки во законот“ тоа е тоа :)
Македонштина... одма на дупки во законо тера умо.
 
Не прочитав убаво, сори :pipi:
 
Според закон не смее да биде автоматик колата.
Стварно, оти не смее колата да биди автоматик? До пред 5-6 години автоматик ретко се наоѓаше кај нас, ама сега со законов за увоз прилично голем број на возила шо се донесоа се автоматици...
 
Стварно, оти не смее колата да биди автоматик? До пред 5-6 години автоматик ретко се наоѓаше кај нас, ама сега со законов за увоз прилично голем број на возила шо се донесоа се автоматици...

па ваљда ко демек полесно, шо знам. Никад не сум возела автоматик не се ни разбирам од тоа ама може дека вака со кумплунгот поголема е шансата да ти угаси и да ти скинат поени :) Ама не знам како е на автоматик :/
 
па ваљда ко демек полесно, шо знам. Никад не сум возела автоматик не се ни разбирам од тоа ама може дека вака со кумплунгот поголема е шансата да ти угаси и да ти скинат поени :) Ама не знам како е на автоматик :/
Те прај робот... држиш кочница стои. пушташ кочница, сам трга, додаваш гас сам забрзува... немора ништо посебно да прајш (шо се однесува на менување брзини, слушање на мотор и такви тракатанци), се сам си прај, со шо почетник би имал една грижа помалце (читај појќе ќе можи да се концентрира на патот).
 
Ја у вторник тестови положив у среда полигон и градска (со Citroen C3) и ете денес мислев документите стигнале во полиција, а оно тек у вторник...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom