Нови возачки дозволи

  • Креатор на темата Креатор на темата marija aleksova
  • Време на започнување Време на започнување
На еден другар тој главиот во комисијата, напред што седи тој, стегал на кочница за да му се изгасни колата за да го паднат -.-. Ептен нешто треба да се разположени за да поминеш од прво.
Треба да имаш јаки врски и + да им однесиш една скара :D
 
Каква врска има авто школата јбт :)

Епа братучедми сега скоро полагаше за возачка.
И прво додека му беше обуката со инструктор тие 30 часа, имаше прво еден инструктор 5-6 часа му имаше одржано но отишол на одмор инструкторот и му дојде друг инструктор, и братучедми вика дека имало огромна разлика, овој првиот ништо не објаснувал и ништо не го интересирало, а овој вториот многу добро објаснувал...

Па затоа и прашав дали знаете некоја добра авто школа/инструктор, бидејќи нејќам да ми се падне некој кретен што нема ништо да објаснува.
 
Во АМСМ оди, барај ги Боро или Масар, стриктно :)
 
^ исто така и Горан од Шкорпин многу добар инструктор
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Ќе има измени во законот за безбедност на сообраќајот, наскоро со 16 наполнети години ќе може да се земе возачка од Б категорија. Возач-почетник ќе биде од 16 до 18 години, и нема да може да вози надвор од границите во општината во која живее.

Во денешен Вест го пишува ова. :)

Има некаде некое официјално соопштение од страна на Владата? Се' дури не видам такво нешто...
 
Има некаде некое официјално соопштение од страна на Владата? Се' дури не видам такво нешто...

http://forum.kajgana.com/threads/Возачка-дозвола-на-16-години-во-Македонија.53584/

читај првиот пост, Иво Котевски има изјавено дека е изготвена првична верзија за ова решение ..
 
Не знам што се згрешија овие од комисијата денеска па на прво положив градска ама мене ич не ми смета :)
Женско положила од прва на градска? :eek:
Од Скопје си? Ако да, со врски полагаше?
 
Женско положила од прва на градска? :eek:
Од Скопје си? Ако да, со врски полагаше?

Со или без врски, важно положила и нема да плати додатни 3 000 денари.
Знајш како оди она: Снајди се, па живеј .
 
Со или без врски, важно положила и нема да плати додатни 3 000 денари.
Знајш како оди она: Снајди се, па живеј .
Само што има сеа друг проблем...
Многу е полошо ако положиш со врски (особено некое женско да положи со врски). Ќе претставува голема закана за учесниците во сообраќајот.
 
Само што има сеа друг проблем...
Многу е полошо ако положиш со врски (особено некое женско да положи со врски). Ќе претставува голема закана за учесниците во сообраќајот.
Да, ама и немора да значи. Какви шофери има, па полагаат од трет пат само заради тоа што немаат врски. Кога ќе го прашаш на кој пат положил, ќе ти кажи дека на трет и ќе речиш ах овај појма нема од возење а тој уствари дал уште 6000 за здравје на комисијата.
 
Женско положила од прва на градска? :eek:
Од Скопје си? Ако да, со врски полагаше?

Од Ресен сум а комисијата доаѓа од Битола, така да и да сакам да фатам врски тешко многу ќе оди тоа...да беше од Ресен комисијата тоа ќе беше веќе друга приказна, мало градче и секој со секого се знае.
Искрена да сум најмалку очекував дека ќе положам уште од прва спремна бев да ми речат дека паднав, ама на крај краева немам јас што да се објаснувам тука, ова е Македонија, јасно е дека повеќето работи функционираат со врски, не знам стварно што им се деси на комисијата па тој ден од 15 само 5 паднаа а 10 положија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom