Нови измени во високото образование

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.871
Поени од реакции
5.764
Од 2011 односно 2013 година одредени звања на високообразовните институции ќе се укинат, предвидуваат најновите измени на законот за високо образование предложени од владата. На факултетите повеќе ќе нема асистенти, помлади асистент и демонстратори, туку соработници кои на јавен конкурс ќе се избираат од запишаните во трет циклус на докторски студии. Со ваквите измени оние кои сега се асистенти до 2013-тата ќе мора да се стекнат со звањето доцент, ако сакаат да продолжат со работа на факултет. Соработниците ќе се избираат на јавен конкурс, на сите оние кои нема да бидат избрани автоматски ќе им престане ангажманот на високообразовната институција. Избраните соработници нема да се во работен однос на факултетот туку ќе работат под договор на дело, ќе се избираат на 5 години. Подготвувачите на законските измени велат со ваквото усогласување со болонскиот процес ќе се отвори и поголема можност за ангажирање на соработници, а професорите ќе бидат обврзани сами да предаваат и да ги држат испитите. Со измените се регулира и т.н клиничка настава која подразбира 10 проценти од задолжителните и 10 проценти од изборните предмети да ја предаваат стручни лица во одредената област. За студентите ќе биде задолжителна и практичната настава што значи задолжително одење на пракса еден месец во годината. Ова ќе биде услов за запишување на идната студиска година. Со измените се предвидуваат и награди за соработниците и професорите, па така доколку објавиле научен труд во престижните меѓународни списанија ќе им се зголеми платата во висина од 20 проценти за наредните три години. Во измените стои и тоа дека на крајот од секоја академска година по пат на анкета професорите ќе добиваат оценки од студентите кои потоа ќе се вреднуваат во нивното напредување во кариерата.
 
До накеде ова го има во некои универзитети, сепак не во целост. Интересна новина, ми се свиѓа целиот план, е сега ќе видиме како ќе се реализира.
 
Да, ова се новини чија примена е веќе почната на некој од факултети, но само делумно.

Инаку законов ми изгледа „Соу гуд ту би тру“ или малце ќе почекаме да бидне сево ова, закоравеноста на дел од образованиот систем е голем проблем и сериозни промени треба да се направат за да се почувствува вистинска реформа.

Она што мене ми смета а мислам дека треба да се промени е начинот на функционирање на студентските сојузи и ненормалните пари кои тие ги зимаат и ненормалниот криминал кој го прават. Тоа е сфера во која итно се потребни промени.
Самоил Малчески (не сакам името да му спомнам) глуми како да е премиер, студенти никој не ги ферма.
 
Ако студирам тука, тогаш законов ќе почне да важи таман кога ќе почнам на факултет:)
Не знам како е на факултет сега, но со новиов закон изгледа се подобрува.
 
Хммм ми се допаѓа ова.
На мојот факултет сега со последните испити добивавме и прашалници да пополниме со оцени за асистентите и професорите.
Исто така имаме и пракса но од 10 дена. Поубаво е вака со подолга пракса која ќе трае месец дена.
А за асистенти и демонстратори добро е што ќе бидат вистински образовани луѓе кои сакаат да напредуваат во своето образование. А не ќе стават некој студент и тој ќе запише магистерски кои никад нема да ги заврши и по баба, тетка, стрина, партија ќе биде цел живот асистент.
 
Од 2011 односно 2013 година одредени звања на високообразовните институции ќе се укинат, предвидуваат најновите измени на законот за високо образование предложени од владата. На факултетите повеќе ќе нема асистенти, помлади асистент и демонстратори, туку соработници кои на јавен конкурс ќе се избираат од запишаните во трет циклус на докторски студии. Со ваквите измени оние кои сега се асистенти до 2013-тата ќе мора да се стекнат со звањето доцент, ако сакаат да продолжат со работа на факултет. Соработниците ќе се избираат на јавен конкурс, на сите оние кои нема да бидат избрани автоматски ќе им престане ангажманот на високообразовната институција. Избраните соработници нема да се во работен однос на факултетот туку ќе работат под договор на дело, ќе се избираат на 5 години. Подготвувачите на законските измени велат со ваквото усогласување со болонскиот процес ќе се отвори и поголема можност за ангажирање на соработници, а професорите ќе бидат обврзани сами да предаваат и да ги држат испитите. Со измените се регулира и т.н клиничка настава која подразбира 10 проценти од задолжителните и 10 проценти од изборните предмети да ја предаваат стручни лица во одредената област. За студентите ќе биде задолжителна и практичната настава што значи задолжително одење на пракса еден месец во годината. Ова ќе биде услов за запишување на идната студиска година. Со измените се предвидуваат и награди за соработниците и професорите, па така доколку објавиле научен труд во престижните меѓународни списанија ќе им се зголеми платата во висина од 20 проценти за наредните три години. Во измените стои и тоа дека на крајот од секоја академска година по пат на анкета професорите ќе добиваат оценки од студентите кои потоа ќе се вреднуваат во нивното напредување во кариерата.
Глупо глупо глупо. Ама ставрно глупо.

1. Стручен соработник ќе креваш од фирма и ќе му дадеш договор на дело. Абе ајде? И кој ќе дојде. Значи претпоставувам треба да има некои очајни постдипломци кои идат со голем просек и сега просат за живот. Чувај боже.
2. Добро бе, како некој до вчера бил никој денеска оп-троп професор и предава. Нит има предавано нити знае како, нити ништо. Се знае дека се почнува од долу према горе: демонстратор, па помлад асистент, па асистент па дури потоа ако те биде може да се унапредиш у доцент или професор. Станува збор за долгогодишно искуство во предавање кое што према новиот закон ќе го нема. Туку, ќе ни доаѓаат новопечени професорчиња кои појма немаат од педагогија, предавање или општење со студенти. Чудо.
3. Пракса, задолжителна. Ту гуд ту би чру. 400-500 студенти само на мојот факултет (една генерација) кои ќе бараат лиценцирана пракса. Секоја година. 2000 студенти вкупно. Од каде бе тие места во МК?

Ај мајката, си играме на држава ебаго. Куќата ќе ни падне, аквариум купуваме. Преку курца веќе.
 
Ај вака, истиов систем го има на сите факултети низ германија.Прост пример, кога влегов во клинички семестри се пријавив за асистент по анатомија, само за еден семестар.Бидејќи го знаев предметот и го имав положено со добра оценка не беше проблем. 2недели пред да почне семестарот имавме еден вид на курс за асистенти.Моја работа беше да помагам на една група студенти при секција, истата група да им држам семинари и туториали,истотака и подготвителна настава за испитите.Повеќе можам како асистент да им помогнам на студентите во однос на тоа што треба да учат,како треба да учат и што им треба за понатака,плус секој ден си им достапен.Предавањата и даље си ги држат професорите.
Тоа со праксата мислиш дека нема да има место, се лажеш, бидејќи за бесплатна работна сила ќе се потепаат сите, пракса-волонтирање, е еднакво на работење за безплатно. До сеа имав 9месеци задолжителна пракса во 6години,ниеднаш ми нема некој кажано: не, не ни требаш или нема место.
 
Глупо глупо глупо. Ама ставрно глупо.

1. Стручен соработник ќе креваш од фирма и ќе му дадеш договор на дело. Абе ајде? И кој ќе дојде. Значи претпоставувам треба да има некои очајни постдипломци кои идат со голем просек и сега просат за живот. Чувај боже.
2. Добро бе, како некој до вчера бил никој денеска оп-троп професор и предава. Нит има предавано нити знае како, нити ништо. Се знае дека се почнува од долу према горе: демонстратор, па помлад асистент, па асистент па дури потоа ако те биде може да се унапредиш у доцент или професор. Станува збор за долгогодишно искуство во предавање кое што према новиот закон ќе го нема. Туку, ќе ни доаѓаат новопечени професорчиња кои појма немаат од педагогија, предавање или општење со студенти. Чудо.
3. Пракса, задолжителна. Ту гуд ту би чру. 400-500 студенти само на мојот факултет (една генерација) кои ќе бараат лиценцирана пракса. Секоја година. 2000 студенти вкупно. Од каде бе тие места во МК?
1. Tie sto ke stanat strucni sorabotnici nemaat nikakva garancija deka podocna ke bidat primeni i so postojan raboten odnos na Fakultetot.
Znaci godinite zaludno ke gi pominat, nadevajki se deka ke proizleze nesto konkretno od toa sto kako sorabotnici go rabotat.
Licniot dohod sigurno nema da im bide povisok od prosecnata plata vo Makedonija.
2. Za da stanat profesori, ke treba da cekaat nekoj od redovnite profesori da odi vo penzija ili nedaj boze da pocine. Toa znaci deka procesot postojano ke se odlozuva i deka mozebi po 5 godini od angazmanot kako strucni sorabotnici nema povtorno da bidat izbrani. Imeno sekogas ke postoi moznost nekoe prosecno partisko vojnice da im go zazeme mestoto.
Toa sto moze da se izberat nekvalitetni kadri koi moze da predavaat na faklutet i prethodno go imalo, a sega so noviot zakon uste poveke ke se zgolemuva, zasto iako se tvrdi sprotivnoto, sepak mehanizmite za proverka na vistinskite naucni kvaliteti sega ke bidat pomali.
3. Postojat fakulteti ili instituti koi nemaat nekoja pregolema potreba od praksa. Sepak toa ne znaci oti voveduvanjeto na zadolzitelnoto praksiranje moze da bide negativno za nekoi drugi Fakulteti.
So eden zbor treba dobro da se preispitaat vrednostite i slabostite na ovoj zakon, pa potoa da se donese konstatacija dali toj moze kvalitetno i sustinski da se sprovede.
Zasto edno e da se planira i da se veruva deka se studira spored EKTS, odnosno Bolonjskiot proces, a sosema drugo e dali toj kaj nas sustinski se sproveduva i gi vospostavuva site propisani obrazovni vrednosti.
 
Знае ли некој што се случило точно со овие промени, бидејќи барам по закони и весници и целата работа е премногу конфузна...за дел од промените гледам и на Уставен се чека дали ќе пројдат...

Има некој поинформиран? :)
 
Не сум од поинформираните, најпрвин. :)
Но навистина е конфузно, дури на места контрадикторно кога станува збор за промени во високото образование и во законот за истото. Од првиот пост, на пример (и не само таму, секако), се поставуваат рокови од 2011 до 2013 во кои се укинуваат одредени звања, т.е. престанува работниот однос, а постојат и други рокови (2013-2015) на истата тема. Не гледам прецизно и јасно толкување за правничките лаици и за јавноста.
Што се однесува до студентите и како би се одразиле овие промени врз нивното образование појма немам. Но и покрај сите измени во образованието, очигледно е дека состојбите се полоши од порано.
 
Јас видов дека со промените во законот уште во 2008ма се укинуваат некои звања како асистенти и демонстратори, па кај мене пак на факултет имало вработувања со тие звања во 2011та и 2012та година.

Да не го повторувам Хсиломедус, се согласувам целосно со неговиот пост уште пред 4 години, ваквите промени негативно ќе се одразат и врз студентите и врз пнаставниот кадар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom