Нови фудбалски дресови

  • Креатор на темата Креатор на темата MkDon
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли некој порачувано дресови од Англиските пониски лиги и тимови во нивните фан шопови. Скам да порачам од оние нисколигаши 6-7 лига Англија има ли некој искуство
Од кој клуб поточно?
 
Од кој клуб поточно?
Нема нешто посебно кој клуб битно ми е дресот да е некој интересен Борехам Вуд,Саутенд имаат интересни дресови Бостон,Блит Спартанс итн.
 
Од каде имате добро искуство за купување на дресови, да предложите некој?
 
Од каде имате добро искуство за купување на дресови, да предложите некој?

Oд тука, само земи си една величина поголем од тоа што обично носиш за да ти биде покомотен, иначе другото е супер што се однесува на квалитет, штампа, лепенка и све остало.
 
Од каде имате добро искуство за купување на дресови, да предложите некој?
Ѕирни на False 9, коска се дресовите. Цената може е малку повисока, ама многу се коректни за што и да треба во порака или на телефон.

Oд тука, само земи си една величина поголем од тоа што обично носиш за да ти биде покомотен, иначе другото е супер што се однесува на квалитет, штампа, лепенка и све остало.
Му земав на татко ми од Баерн од тука го уби од носење, јас исто на Јуве само тоа Џип спонзорот што падна иначе коска.
 
Овие мк фан страни сите набавуваат од dhgate
Пиши ми ПП за некој линк од некој што ти е проверен. Мене ми се многу сомнителни, да не ми се распадне дресот у сред перење :pos:
 
Пиши ми ПП за некој линк од некој што ти е проверен. Мене ми се многу сомнителни, да не ми се распадне дресот у сред перење :pos:
Мое мислење дека по ти се исплати да си порачаш преку дресови.мк, помалку замарање ти е, е сега може ќе го платиш 1/3 плус од тоа што е ама јбг.
 
Мое мислење дека по ти се исплати да си порачаш преку дресови.мк, помалку замарање ти е, е сега може ќе го платиш 1/3 плус од тоа што е ама јбг.
Земав од False 9, многу добар ретро земав. Поштуем кога има приказна некоја, не е сувопарно купи-продај. Ќе платиш малку повеќе, ама не жалам ни денар
 
Не можеш да очекуеш не знам каков квалитет за 1500/1600 денари. За 2500/3000 ден. е више друг муабет.

Имам земено неколку од Порачка на дресови, ги убив од носење. Лепенката за спонзорот шо е пример Kutxabank или Radici Group се оштетува после не знам колку перења јбг. За тие пари е топ.

Планирам да зеам и од Дресови.мк да видам дали вредат 40 евра.
 
Jaс од дресови.мк до сеа иам земено едно 5-6 дреса сигурно, и за сите одговорно тврдам дека се со супер квалитет, пачови, налепници, принтот све си стои, секако нели со тек на време со превиткување диплење гужвање ќе се појави минимално напукнување негде на краевите, ама со нормално перење со ладна вода немаат гајле.
На крај краева збориме за дресови кои по некоја логика би требало да се носат поретко, на фудбал, чат пат на некоја собиранка, на нешто така, не е за секој втор ден да го носиш и да го переш 4 пати неделно. Така и оргинал маица ќе ја поебеш а не полиестер дрес.

Едино ко што кажав, мој совет е да си земете една величина поголема, особено за тие дресови што се players edition или као и да се викаат тие што играчите ги носат, пошто има и други верзии fan или stadium верзии кои се полабави. Тие првите се реплика баш како што фудбалерите носат, по уз тело стојат. Овие другите се полабави.

Да, и не им се само тие што ги имаат објавено, ако сте заинтересирани може да се распрашате за било каков дрес да ви треба, ја еднаш прашував за оние на Аргентина од 86та година дресовите, се наоѓаат и такви.

Не е моја страната иначе, еден пријател од фан клуб ја држи, али нема врска тоа, добри им се дресовите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom