Нови факултети - позитивно или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата HalfGrown_IDIOT
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
33
Што мислите за ова?Владата има политика да отвара нови факултети во Штип,па сега Кичево и кој знае каде уште не...Ме интересира дали со ваквата образовна политика повеќе се губи отколку што се добива!?
Зошто велам така?!Па мој став е дека ние и вака и така имаме доволно факултети за толку популација,а плус имаме и хиперпродукција на кадри што е страшно!Замислете кога од вакво промашено школство,кога нема правилна селекција за упис во високо образование,кога секој може да студира а нема врска од животот...што ке се случи кога ке излезе тој кадар на пазарот на труд?!
Па не знам јас...ке почнеме да извезуваме "некадарен" кадар....
страшна работа:nenene:
 
И јас мислам дека новите факултети ќе бидат промашена инвестиција, и се надевам дека ова се само предизборни (лажни) ветувања, зашто ако ги отворат сите овие факултети кои ги спомнуваат, квалитетот на образованието ќе потоне уште подлабоко од досегашното ниско ниво.
 
Сте слушнале ли за БАС (Бизнис Академија Смилевски)? Ние имавме пред еден месец презентација на школо, почнуваат со работа од октомври и примаат 65 студенти. Основен смер им бил оперативен менаџер (има уште 3 други, ама ја напуштив презентацијата) и тие гарантираат дека сите 65 студенти по дипломирањето ќе се вработат во некои фирми. Нема долго да векува оваа Академија, нели?
 
Биди сигурна во то :smir:
 
Јас сум многу заинтересиран за БАС и ми се чини дека Академијата е полн погодок, пред се бидејќи уште во старт сакаат да бида поразлични од ФОН и Европски така што критериумите за влез се многу високи(100 бода) и мислам дека играат на таа карта да запишат мал број студенти за сите тие по завшувањето да се вработат. Имаат многу праска и плус тоа друго е кога учиш во мала група.
 
Грешката е направена после втората светска војна кога целота администрација па и факултетите се поставени во Скопје. А тоа дека ова со нови факултети нема да вроди со плод нема. На УКИМ една третина од запишаните студенти во прва година, после пет дипломираат, статистички гледано и тоа уште од времето кога татко ми студирал. Со ова приватните сите запишани што имаат пари сите дипломираат. Што е ова хипер интелигентна младина???
Мислам дека треба постојните факултети на УКИМ да се алоцираат во други градови нешто да се зголеми квотата и тоа е тоа. Нови факултети нови универзитети. Па колку што имаме фирми а и какво ни е стопанството??
Ова е се во ред ама да ги отворат границите па надвор од државата да си ја пробаме среќата ако тука не можеме.
 
Мислам подобро би било доколку се отворат нови Интернационални Универзитети, на кој ќе има пропфесори од цел свет, и размена на странски студенти.
 
Што мислите за ова?Владата има политика да отвара нови факултети во Штип,па сега Кичево и кој знае каде уште не...Ме интересира дали со ваквата образовна политика повеќе се губи отколку што се добива!?
Зошто велам така?!Па мој став е дека ние и вака и така имаме доволно факултети за толку популација,а плус имаме и хиперпродукција на кадри што е страшно!Замислете кога од вакво промашено школство,кога нема правилна селекција за упис во високо образование,кога секој може да студира а нема врска од животот...што ке се случи кога ке излезе тој кадар на пазарот на труд?!
Па не знам јас...ке почнеме да извезуваме "некадарен" кадар....
страшна работа:nenene:
Mногу грешиш. Еве зошто:

Со новите факултети само ќе им се олесни студирањето и ќе им се намалат трошоците на илјадниците студенти од другите градови кои до сега студираа во Скопје, а овие трошоци не се воопшто мали, поготово во услови кога илјадници семејства одвај врзуваат крај со крај, за само да им овозможат на своите деца студии во Скопје, како инвестиција за својата иднина.

Понатаму, Скопје и Универзитетот ќе се растеретат, а помалите градчиња ќе заживеат.

Ноторна глупост е да мислиш дека "имаме доволно факултети". Од образовни институции никогаш не е доста. Глупост е и да мислиш дека на една држава може да и биде и доста од високообразувани кадри, поготово кога во државата 50% од популацијата сеуште е неписмена.

Незнам и како може да ти смета тоа што секој може да добие шанса да студира.
 
Ноторна глупост е да мислиш дека "имаме доволно факултети". Од образовни институции никогаш не е доста. Глупост е и да мислиш дека на една држава може да и биде и доста од високообразувани кадри, поготово кога во државата 50% од популацијата сеуште е неписмена.

Кога ќе се соберат сите факултети, државни и приватни, да имаме доволно. Не само што имаме доволно, туку и тие факултети што постојат имаат страшен недостаток на наставен кадар. Ако немаат доволно професори за УКИМ, од каде ќе собираат луѓе за новите факултети.

Еве, прв треба да се отвори новиот универзитет по информатика, со незнам колку факултети. Од каде ќе никне доволно кадар за тој факултет?
 
Еве, прв треба да се отвори новиот универзитет по информатика, со незнам колку факултети. Од каде ќе никне доволно кадар за тој факултет?
Па штом решиле да го отворат факултетот, веројатно имаат и кадар, не се отвара факултет туку така.
Подобро што отвораат факултети, редно беше по толку кафичи, дискотеки, места за пијанки некој конечно да почне да мисли на образованието.
Со ова и дигнатите професори малку ќе се спуштат на земја, кога ќе видат дека студентите им бегаат на другите факултети.
 
Па штом решиле да го отворат факултетот, веројатно имаат и кадар, не се отвара факултет туку така.

Се сложувам дека не се отвара факултет туку така, но не и дека имаат кадар.
Кадарот ќе потекнува или со превземање од веќе постоечките факултети (што ја уништува поентата нов факултет), или набрзинка ќе се појават еден куп новопечени доктори на науки кои ќе бидат избрани во професори. Најискрено, не би сакал да студирам на факултет со професори кои никогаш не виделе студент.
 
За факултетиве што се поврзани со информатика ич не берете гајле. Има да се наполнат до крај. Сега е генерацијата на компјутери, па сите таму трчаат да се запишат, иако голем дел од нив не знаат ни што е word на пример.
 
jas smeta, deka e pozitivno da se otvaraat fakulteti vo poveke gradovi bidejki mislam deka dovolno se polnea skopskite i bitolskite dzebovi.nikogas ne e promasena investicija da se otvara nekoja obrazovna ustanova.
 
Што мислите за ова?Владата има политика да отвара нови факултети во Штип,па сега Кичево и кој знае каде уште не...Ме интересира дали со ваквата образовна политика повеќе се губи отколку што се добива!?
Зошто велам така?!Па мој став е дека ние и вака и така имаме доволно факултети за толку популација,а плус имаме и хиперпродукција на кадри што е страшно!Замислете кога од вакво промашено школство,кога нема правилна селекција за упис во високо образование,кога секој може да студира а нема врска од животот...што ке се случи кога ке излезе тој кадар на пазарот на труд?!
Па не знам јас...ке почнеме да извезуваме "некадарен" кадар....
страшна работа:nenene:

а тоа што имаме натрупување и богатење на скопје и битола никому не смета
нови факултети треба
јас на пример сум од Кичево и сакам да има факултет
досега доколку немаше некој пари за кирија не можеше да си го дозволи ЛУКСУЗОТ студирање без оглед на тоа што е доволно попаметен од повеќето кои ќе се запишат
зошто да нема право од дома да студира на факултет
треба малку да се гледа на развојот на цела Македонија а не само на 2 или 3 градови
 
Позитивно пред се`. Ќе се намалат трошоците, ќе се вртат пари и во помалите градови, а не само да се излеваат во Скопје... да живнат малце и помалите градови, не само Скопје...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom