Нова Балканска Војна?

  • Креатор на темата Креатор на темата Borg_Drone
  • Време на започнување Време на започнување
Прочитав доста луѓе кои кажаа дека вчера ја гледале емисијата Во Центар и сите видовте кои беа гости во емисијата..
Гафур Адили (командантот на АНА) и командантот на гардата на Цар Лазар.
Го слушнавме сите командантот на гардата на Цар Лазар , кажа дека има 150 илјади спремна војска, дека ќе влезе на Косово, дека подобро е за албанците да си ќутат, го кажа и она дека неговата гарда ќе го вее знамето и на Шар Планина..
Од друга страна па командантов на АНА кажа дека Косово ќе стане независно, дека во 2012 година цела Албанија ќе биде обединета, дека Западна Македонија ќе отиде во рацете на Албанија,дел од Црна Гора, и дел од Грција....
Мене искрено речено ми беше интересно ова типче од Тирана затоа што и самиот не знае дека си игра со оган, он буквално им се заканува на 4 нации дека нивни делови ќе им припаднат на Албанија....
И што е најинтересното(па и ми падна смешно донекаде) на некој начин и се закани и на Грција, а Грција има најака авијација на балканот и има доста добро опремена војска...а исто и србите....и македонците.....(сега македонците пример немаат толку јако опремена војска како Грција и Србија али пак нашите сили се добро наоружани).


Кои се вашите мислења??
Ќе одиме ли на фронт???
П.С.

Ако веќе се отворила ваква тема администраторите слободно нека ја затворат.
Зошто смешни ти падна кога им се закани на Грците а не ти падна смешно кога онај од србите викаше дека ке избрише све албанско од Косово ако Косово добие независност?
И оти цел муабет вртиш за на крај да дојдеш ти заедно со србите и грците против албанците?
Ти нема да ојш на фронт,ти ке навиваш.
Ако пукне балканска,за 2-3 дена чекајте и светска.Така да не се надевајте многу на тоа,тој командирот9или шо и да беше од гардата на ЦЛ,ке си молчи и ке си пие млекце,ова го кажува за да врши појке притисок над ЕУ.Демек тој ке земел пушка и тој ко тебе некој само да збори ’’Ке идеме ли на фронт???’’ колку што ојде 2001 толку и сега ке ојш.
 
јаска тркнав еден круг ( по цигари ) , а по Ѕеус , Ѕеус (или со Тито беше) ...

праам муабет дека повторно не потпалуваат , за да може Европа да си ги испере гаќите
сега свати !?
 
И оти цел муабет вртиш за на крај да дојдеш ти заедно со србите и грците против албанците?
Крејзи Пол
Темата не е за 2001 година, темата е Нова Балканска Војна?
Исто така темата не е за тоа дали ќе одам на фронт или не, пак ќе ти повторам темата е Нова Балканска Војна..
Значи премногу идеш офф топик....а администраторите нека реагираат ако може.
А за ова што го збориш ти сакал или нејќел по се изгледа тоа ќе дојде на крај...зошто вие буквално им се заканувате на 4 нации дека ќе им одземете делови од нивните држави..па тие(и ние) не се глупи да седат со скрстени раце....само знаеш ај ќе видиме.....иако не верувам дека ова со Косово ќе помине без војна........

П.С.
Заборави да ја спомнеш Црна Гора...
П.С.С.

Смешно ми е зошто Србија пример си го брани своето не се заканува дека ќе окупира делови од Грција или од некои други држави на пример....
 
праам муабет дека повторно не потпалуваат , за да може Европа да си ги испере гаќите
сега свати !?
A izvini...hehehe-cetnicka glava...:toe:-ne svakja brzo! LOL!

Nek si gi perat u La Mansh picka im mater.Ili u onaa nivnata `cista ko suza` Rajna.A nie ke im pratime malku zito pomos i ke apelirame za mir.
 
mislenje balkanska vojna nema da ima ama svetska ke ima kako sto mi izgledaat rabotite.
Se nadevam deka gresam
 
Се согласувам со Ѕевсе

МИР ЗА СИТЕ ДЕЦА ...
 
mislenje balkanska vojna nema da ima ama svetska ke ima kako sto mi izgledaat rabotite.
Ама нормално, светската нас не не засега нели, ние сме овде во стаклено ѕвоно...тампон зона :)

Ние на балканот сме ЗОНА СУМРАКА бе! :)

Јас не сум слушнал скандинавците да имаат територијални претензии еден кон друг....нит во повеќето од светот...

:kkk:
 
Ама нормално, светската нас не не засега нели, ние сме овде во стаклено ѕвоно...тампон зона :)

Ние на балканот сме ЗОНА СУМРАКА бе! :)

Јас не сум слушнал скандинавците да имаат територијални претензии еден кон друг....нит во повеќето од светот...

:kkk:

онака да може двапати да прочита
 
Емисијата беше само глупав начин да се испровоцира и да се каже дека „никој не спие и од секаде не демнат“. Малку покомплицирано е да започне војна, иако не се сомневам дека ќе има рчки доколку Косово не добие независност. Во поглед на заземање на други делови од Балканот и создавање на Голема Албанија - океј, тоа ни е јасно на сите дека е проектот, ама чисто се сомневам дека ќе дојде некогаш до такво територијално спојување, пред се за да не дојде до концентрација на муслиманско население во една споена држава.
И тој што 150000 војници има, добро вооружени, башка фино мотивирани - исто така провоцира иако и самиот е свесен дека ако дојде до независност на Косово ќе треба да си го голтне тоа и да не скока многу зашто одлуката не зависи од него и не зависи ни од Албанската страна.

Во секој случај, не верувам дека ќе има Балканска војна, нема да ни дозволат да ја има:)
 
Енисијата на Ефтов не ке беше толку многу интересна ако освен тие двајца будали дадоа интервју и:
-Пеставници од Косовската влада,
-Официјални преставници од Белград
-Преставници од НАТО сационирани во косово ( кејфор или што ја знам како се викаат )
-Официјални преставници од Тирана
-Официјални преставници од Скопје
И нормално големите играчи кои секогаш во рукав имаат по некој ас, Вашинтог, Москва и Брисел
 
Прашањето за Нова Балканска Војна останува да виси во воздухот. Мое мислење дека истата нема да се случи во нареднава година, меѓутоа долгорочно истата е неминовна. Со што ги поткрепувам овие размислувања. Прво изборната трка во Србија покажува ретерирање дури и кај радикалите во однос на можноста за воена интервенција, најверојатно во Србија ќе победи Тадиќ што ќе значи дека ќе се избере солуцијата за економска блокада, со тоа што Србија ќе игра на факторот време да во догледно време во поволна констелација на односи воено да интервенира и да го поврати Косово. Тоа во голема мера ќе зависи и од глобалниот однос на силите во светот, пред се од позицијата на Русија и САД. На долг рок Србија многу брзо економски ќе се стабилизира и ќе ја поврати својата позиција на силна држава на Балканот (немате појма колку ми е криво што ова морам да го напишам, затоа што Македонија имаше шанси да стане економски посила и поорганизирана држава кој што ги испушти). Европа полека ама сигурно ќе биде сведена на безгласна буква така да таа дефинитивно никогаш нема да може да се наметне како фактор на светската политичка сцена.
Во прилог на неминовноста од нов воен судир на среден и долг рок на Балканот оди и фактот што Арнаутите ќе продолжат агресивно да го спроведуваат и сценариото за реализирање на ткн Голема Албанија и во Македонија и Црна Гора (за жал нашата политика поставена од Глигоров базирана на принципот на еквидистанца, а подоцна модифицирана во политика на тртење од секакви пробисвети се во името на ЕУ и НАТО нема да не заштити). Барањата ќе се зголемуваат постојано,а Македонија ќе биде во состојба на врзана јамка околу вратот, постојано уценета, со порозни рамковни институции, економски слаба. Следниот Балкански судир најверојатно и ќе отпочне во Македонија, Србите тоа ќе го искористат за воена интервенција на Косово ...
 
П. Прво изборната трка во Србија покажува ретерирање дури и кај радикалите во однос на можноста за воена интервенција, најверојатно во Србија ќе победи Тадиќ......


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Националистичкиот кандидат Томислав Николиќ освои 40 отсто гласови во првата рунда од гласањето во неделата, покажаа конечните резултати, додека прозападниот претседател Борис Тадиќ освои 35,4 отсто.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=146348&idg=8&idb=2278&rubrika=Svet

Само да те поправам....


[/FONT]
 
И на двајцата ги прашаа, ќе има ли војна, и двајцата рекоа оти ќе има, само кога не се знае ... Србинот рече оти прв чекор ќе биде енономската криза во Косово, ќе ја сечат струјата и водата, Албанците ќе реагираат на тоа, фактички они ќе го напраат првиот чекор, па овие ќе ги нападнат, абе Србија има срце, овој рече дека и против НАТО ќе одат, луд е :) a инаку мое мислење е дека војната е неизбежна, само да не н`е фати и нас мечката да играме оро :nesum:
 
Каква бе војна, ќе дојдат вонземјаните (нато) и ќе средат воено се.
Војна може да има ако се тие зафатени со свои проблеми, па да не сме им во сфера на интерес.

Например Jericho ситуација, кој гледал.
 
Back
На врв Bottom