Нов хемиски елемент!

  • Креатор на темата Креатор на темата КвикСилвер
  • Време на започнување Време на започнување

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.549
Поени од реакции
5.857
Локација
Haunted Hayride
Веб-сајт
misterijamk.blogspot.com
Елемент: Жена
Симбол: Ze
Пронашол: Адам
Тежина: Оптимална 54кг, но варира од 40 до 200кг. ...

Застапеност на елементот:

-Поголеми количини може да се најдат во урбаните средини.

Физички особини:

-Површината е обично намачкана со боја,
-Одеднаш зоврива, се замрзнува без причина,
-Се топи ако се примени добра постапка,
-Невкусна е ако се проба погрешно,
-Елементот исклучително тешко се наоѓа во единствено чиста состојба,
-Испушта звуци ако се притисне на вистински места.

Хемиски особини:

-Лесно се спојува со злато, сребро и останати благородни метали и бесценети камења,
-Абсорбира огромни количини скапи материјали,
-Може да екcплодира без претходно предупредување и без позната причина,
-Не се топи во вода, но расположението драстично и се менува ако елементот се налие со алкохол,
-Најефикасен елемент за трошење пари.

Најчеста употреба:

-Пред се како украс, посебно во скапи автомобили,
-Одлично средство за релаксација,
-Многу ефикасно средство за чистење.

Пробани експерименти:

-Поцрвенува ако се затекне без амбалажа,
-Позеленува кога ќе се стави до поубав примерок.

Опасности:

-Многу опасен елемент, освен во рацете на стручњаци,
-Илегално е да се има повеќе од една, но можно е да се поседуваат повеќе под услов да се чуваат на различни локации и ако се внимава елементите да не дојдат во директен контакт еден со друг.

Опасен елемент! Не дирај:)
 
Има ваква тема,едно 3-4 најмалку
 
Ново.. уште откога Адам го има откриено елементов.
 
едноставно знаев дека за тоа ќе е темата...
 
староо позззззззззз
 
НОВ ?! НОВ?! Нов елемент од кој настанал светот ?!?! Штосов никогаш не ми се допаѓал, мора да е смисен од некое маженце....
 
Жими се најинтересно ми е на кајгана кога ке се појават некои индијанци вака кои само што ја откриле топлата вода и без да проверат дали во нашата цивилизација некој веќе ја има откриено и тоа одамна, прават вакви јавни испади и на крај нивните пронајдоци завршуваат неславно во водинте на канта темата....
 
Искрено, се лажеш за последното. Баш ваквите добиваат изнад 10 страни постирање.
 
Жими се најинтересно ми е на кајгана кога ке се појават некои индијанци вака кои само што ја откриле топлата вода и без да проверат дали во нашата цивилизација некој веќе ја има откриено и тоа одамна, прават вакви јавни испади и на крај нивните пронајдоци завршуваат неславно во водинте на канта темата....

Еј да? Каубоецу
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom