Нов светски поредок

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување

Постои ли светски поредок (креиран од најбогатите)

  • Да, постои

    Гласови: 340 79,6%
  • Не, тоа се измислици

    Гласови: 87 20,4%

  • Вкупно гласачи
    427

Претпоставувам дека сенаторот Рон Паул е луд исто така збори за глобална влада :)
 
Финансискиот систем кој е во рацете на Таа организација, не мора ни да се споменува.Оној кој барем малку ги проучувал
нивните методи на произведување на пари, знае дека тие пари се направени од воздух, т.е. тие пари во реалноста никогаш
немале некаква подлога, туку биле само фиктивни. На база на таа фикција Тие наплаќаат камата, што создава основа за
купување на се, од природни богатства па до човечки души. Така да денес не постои земја која Ним не им должи. Секако,
ММФ ( Меѓународен Монетарен Фонд ) исто така е една од Нивните важни организации.
Контролата на свеста почнува од контролата на информациите. Контрола на информации,за да се воспостави контрола врз
образованието, научните институции, медиумите, религиозните институции итн...
Оние кои ги имаат проучувано настаните во врска со последните конфликти на Балканските простори, можат да ги видат
основните аспекти на манипулација, со кои, овие ентитети се служат за кршење на држави, провоцирање на вооружени конфликти,
одржување на војна се додека индустријата и инфраструктурата на државите доволно не се уништат, па потоа - воведување на
мир, поставување на власт марионетски влади, кредитирање на тие држави за да се обнови инфраструктурата и економијата на
државата - со високи камати. Тие кредити, владите обично не успеваат да ги вратат, така да и владата и државата и народот
стануваат "сопственост" на ММФ. Патем се прави и транзиција на природните богатства, индустрија, комуникација, медиуми,
и се што е битно - во нивни раце. Оние кои сето ова го преживуваат, стануваат ефтина работна сила, доколку имаат среќа
да добијат работа.
И така нон-стоп во круг. Нормално, човекот во континуирана состојба на свеста, повторно прво ќе погледне на комшијата,
за да нему му се освети за нешто, наместо да биде во состојба да запримети како и тој и неговиот комшија се
изманипулирани од страна на ентитети кои за нив се невидливи.
Без обзир, што сето ова изгледа, на прв поглед, како превземање на богатства и контрола од страна на малцинството НАД
мнозинството, на еден многу софистициран начин,односно, имплицира дека Нештото е во суштина материјална природа. Сето ова
на еден духовен план, би можело да има и една друга, многу позначајна димензија.
 
Eve nesto interesno.Vo 1995 godina,gospodinot Steve Jackson kreirase igra narecena :The illuminati card game-new world order.Interesno e toa sto vo igrata koja e slicna na monopol postojat karti koi predskazuvaat mnogu vazni iventi kako sto se : Teroristickiot napad na amerika vo 2001 t.e napadot na twin towers i pentagon,padot na dolarot,wall street,kreiranjeto na edna svetska valuta i mnogu drugi.Ne veruvate? Proverete sami :

Не е лошо нешто и од човеков да ставиме овде.
 
"Овој свет е опасно место за живеење. Не заради оние луѓе кои се зли. Туку заради оние кои не превземаат ништо во врска со тоа." - Albert Einstein

Ние живееме во свет кој е нурнат во лаги, и управуван од лаги. Што човекот се подлабоко верува во лагите толку му е потешко
да ја поднесе вистината.
Се обраќа ли внимание на објективната реалност или под неа се подразбираат свои лични илузии ?
Се извршуваат ли само нечии наредувања ?
Се размислува ли со своја глава или медиумите размислуваат за вас ?

На некои, на оваа планета, им е многу битно постојано да се лее крв. Човечкото суштество да живее во постојана(свесно или
несвесно) страв. Да живее и да умре незнаејќи за своето вистинско потекло, и за потенцијалите кои ги има.
 
Да, луд е штом мисли дека тоа е оствариво. :)

Американски политичар со гланц чисто досие кој не е од вчера значи таму има во конгресот седено едно 15 години. Единсвениот конзервативец кој го имам видено да дојде во емисијата на Бил Махер( патем емисија за либерали) и да биде дочекан со аплауз и пофалби . Го нарекуваш луд :)

Океј човекот нема врска ти знаеш имаш седено во капитол хил и учествувано во Американската политика .
Заврши си ја домашната првин дете :)
Пред да постираш
 
Штом ти така викаш, така нека биди.
Само штета што многу светски лидери и политичари не се согласуваат со него.
 
Штом ти така викаш, така нека биди.
Само штета што многу светски лидери и политичари не се согласуваат со него.

Со тебе исто така не се согласува обама и со неговиот говор со тебе :)

И имф со репоротот за глобална валута креирање .
Хм... ќе да е до тебе :)
 
Со тебе исто така не се согласува обама и со неговиот говор со тебе :)

И имф со репоротот за глобална валута креирање .
Хм... ќе да е до тебе :)
Нека е до мене.
Освен ако Обама не тргне во освојување на светот. :toe:
 
Нека е до мене.
Освен ако Обама не тргне во освојување на светот. :toe:

Нема потреба веќе има институции на место каде наметнуваат свои правила и регулативи ако не ги почитуваш ти се заканува ембарго или пак недостапен е еден дел од пазарот . А никој не ги бира по демократски пат тие лица, ниту знаеме како се нашле таму се што добиваме е соопштенија за тоа кое е најновото правило кое треба да го почитуваат државите и да го имплементираат :)

А барем се потруди да ги прочиташ линковите и да ги погледаш видеата :)

Освен да тролаш упс коментираш на слепо :)
 
Добро де, нека биди како што викаш, немам ништо против. :)
 
Една светска влада, е термин кој влева страв кај луѓето кој чуле нешто од нешто за тоа од страна на теории на заговор. Без разлика кој ја спомнува, или во кој контекст се спомнува, нема врска, сепак се смета за зло од дури демонска природа.

Проблемот е, што една светска влада, само по себе, како идеја, не е лоша. Проблемот е кој ќе биде на чело на таа влада, и кои се нивните интереси, агенда? Колку се етични, одговорни и доблесни?

За жал, општата хипотетичка глобална влада никогап не се дискутира од вакви рамки. Секогаш од страна на негатива. Како дел од Новиов Светски Поредок.
 
Објасни зошто мислиш дека како идеја не е лоша...
Какви интереси би имал некој Човек(влада) кој/а сака да биде на врвот од светот ???!!!
Опиши ја позитивната страна(ако веќе мислиш дека ја има). И дали позитивата ќе биде на страна на народот или на страна на таа влада...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom