Финансискиот систем кој е во рацете на Таа организација, не мора ни да се споменува.Оној кој барем малку ги проучувал
нивните методи на произведување на пари, знае дека тие пари се направени од воздух, т.е. тие пари во реалноста никогаш
немале некаква подлога, туку биле само фиктивни. На база на таа фикција Тие наплаќаат камата, што создава основа за
купување на се, од природни богатства па до човечки души. Така да денес не постои земја која Ним не им должи. Секако,
ММФ ( Меѓународен Монетарен Фонд ) исто така е една од Нивните важни организации.
Контролата на свеста почнува од контролата на информациите. Контрола на информации,за да се воспостави контрола врз
образованието, научните институции, медиумите, религиозните институции итн...
Оние кои ги имаат проучувано настаните во врска со последните конфликти на Балканските простори, можат да ги видат
основните аспекти на манипулација, со кои, овие ентитети се служат за кршење на држави, провоцирање на вооружени конфликти,
одржување на војна се додека индустријата и инфраструктурата на државите доволно не се уништат, па потоа - воведување на
мир, поставување на власт марионетски влади, кредитирање на тие држави за да се обнови инфраструктурата и економијата на
државата - со високи камати. Тие кредити, владите обично не успеваат да ги вратат, така да и владата и државата и народот
стануваат "сопственост" на ММФ. Патем се прави и транзиција на природните богатства, индустрија, комуникација, медиуми,
и се што е битно - во нивни раце. Оние кои сето ова го преживуваат, стануваат ефтина работна сила, доколку имаат среќа
да добијат работа.
И така нон-стоп во круг. Нормално, човекот во континуирана состојба на свеста, повторно прво ќе погледне на комшијата,
за да нему му се освети за нешто, наместо да биде во состојба да запримети како и тој и неговиот комшија се
изманипулирани од страна на ентитети кои за нив се невидливи.
Без обзир, што сето ова изгледа, на прв поглед, како превземање на богатства и контрола од страна на малцинството НАД
мнозинството, на еден многу софистициран начин,односно, имплицира дека Нештото е во суштина материјална природа. Сето ова
на еден духовен план, би можело да има и една друга, многу позначајна димензија.