Нов предлог на УЕФА

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Еден од новите предлозите на УЕФА, а главно поради притисокот на големите европски клубови, е место досегашните квалификации низ групи да се игра нокаут систем од 23 пара, два натпревари (дома/ гости) при што ќе се добијат 23 селекции плус домаќинот како учесници на ЕП. Претходно, со оглед на тоа што има 53 членки на УЕФА, најслабо рангираните 16 сојузи би играле пред коло за бројот на репрезентации да се заокружи на 46.

Со овој квалификациски систем дефинитивно и нашата земја со далеку поголеми шанси да види Европско првенство. Македонија, според ранкингот на УЕФА, во моментов е на 36. место во конкуренција на 53 европски национални сојузи, со што секако би го избегнала пред колото, па во еден квалификациски циклус местото меѓу најдобрите би го барале само преку два натпревари, една на домашен терен и една на гости во цели две години меѓу ЕП и СП!? Се разбира, со оглед на 36. позиција на ранг листата, ние би биле во подредена улога па за т.н бараж средба би добиле некоја од репрезентациите од првата половина (најдобрите 23 национални европски сојузи) на УЕФА.

Како што информираат прес-службите на Европската фудбалска федерација, проширувањето на Европските шампионати со 24 репрезентации би стартувало од 2016 година, што значи евентуалните квалификациски бараж натпревари би се играле во 2015 година.


Што мислите за овој предлог...дали ке се усвои т.е воведе и што ке значи тоа за европскиот фудбал со оглед на тоа дека ке во досегашните квалификации кој траат нешто повеке од 1година една репрезентација игра 12натпревари да се заменат само со 2натпревари, дали ке се уништи квалитетот на ЕП ?
 
За нас дефинитивно вака се поголеми шансите да се пласираме на некое ЕП. До сега сме мачкале на леб големи репрезентации.
 
Што мислите за овој предлог...дали ке се усвои т.е воведе и што ке значи тоа за европскиот фудбал со оглед на тоа дека ке во досегашните квалификации кој траат нешто повеке од 1година една репрезентација игра 12натпревари да се заменат само со 2натпревари, дали ке се уништи квалитетот на ЕП ?
Нема да се усвои. Со тоа ќе се скратат голем број натпревари од кои се вадат огромни пари. И тоа епрвата, главна и единствена причина заради кое ова нема да успее.
Плус, да, ќе се уништи квалитетот. Една сегашна Македонија со борбен дух и желба, ќе извади 1-1 во англија, Дома 0-0 и пријатно. Тоа секако е неправедно иако мене искрено би ми се допаднало. Кој ги љуља енглезите... :baeh:
 
паа помеѓу Англија и Андора сите би ја избрале Англија хехехе некоја посебна сила сме во фудбалот ..... меѓутоа да почекаме да се официјализара ова па ќе видиме тогаш кај сме и што сме
 
Нема да се усвои. Со тоа ќе се скратат голем број натпревари од кои се вадат огромни пари. И тоа епрвата, главна и единствена причина заради кое ова нема да успее.
Плус, да, ќе се уништи квалитетот. Една сегашна Македонија со борбен дух и желба, ќе извади 1-1 во англија, Дома 0-0 и пријатно. Тоа секако е неправедно иако мене искрено би ми се допаднало. Кој ги љуља енглезите... :baeh:

Тоа и го напоменав, еве пример Англија игра 6натпревари на домашен терен и на секој натпревар Вембли е преполн...просек од карта да е 40евра, 90 000 е капацитетот и еве 80 000 продадени карти тоа ке е 3200000евра...или 6натпревари 19200000евра, значи ова е само од карти, а да не збориме за спонзоти, ТВ права и други ствари....сеа види ја разликата. :)
 
Колку глуп предлог. Ниеден просечен навивач не би се сложил на ова.

Иако не ги прашува никој навивачите, и овие одговорниве се разумни и ке сфатат дека нема леб од овој предлог.
 
Ветар во сено. Се некоја луда идеја им доаѓа на памет на овие од УЕФА.
 
колку и да е лош предлогов ни одговара на нас ама тешко дека ќе се усвои,сепак се работи за големи суми на пари
 
Да, овие од УЕФА дефинитивно почнаа да забегуваат со неиздржани предлози кои потоа не се усвојуваат. Поинаку кажано, само си прават реклама пред помалите фудбалски федерации, демек се грижат за нив, а после ништо од тоа не изегува во пракса. Згора на тоа, правилата секогаш ги одлучуваат големите сили, на кои никако не им одговара во два меча да си го решаваат пласманот, а да не зборуваме за тоа дека ќе имаат и огромни финансиски загуби. Така да, нема ништо од ова. Повеќе шанси да мине има оној мрднатиот предлог на уште помрднатиот англиски новинар (откако Англија доби “по тиква“ од Хрватска), ЕП да било повеќе како Евровизија, т.е. големите екипи директно да се пласирале! Или како што гласеше ударната реченица: “А зошто Англија воопшто би играла квалификации?“ И како после да не ги сакаш кога тропаат вакви зелени :vozbud:. Велам, ваквите луди предлози имаат поголема шанса да минат кога би дошле на дневен ред, затоа што правилата ги прават големите во зависност од нивните интереси.

Инаку нас би ни одговарало, баш заради тоа што играме одлично со силните, односно западно-европските репрезентации, а киксираме со послаби и лесно губиме од источно-европските, па вака би имале шанси за противник по мерка како Англија на пример :vozbud:.

Ама тоа нема да се случи па ќе мораме да поработиме малку повеќе на случајот. Еве да почнеме од Шкотска на пример...
 
Нема да се усвои. Со тоа ќе се скратат голем број натпревари од кои се вадат огромни пари. И тоа епрвата, главна и единствена причина заради кое ова нема да успее.
Плус, да, ќе се уништи квалитетот. Една сегашна Македонија со борбен дух и желба, ќе извади 1-1 во англија, Дома 0-0 и пријатно. Тоа секако е неправедно иако мене искрено би ми се допаднало. Кој ги љуља енглезите... :baeh:
Имаш право дека не им одговара на УЕФА,но има некои минимални шанси да се оствари тоа, за да почне да се развива фудбалот во послаборазвиените земји!!
 
За нас ова е добар предлог ама нема да се усвои.А, Платини не престанува со глупи предлози.Подобро нека ги оствари ветувањата што ги кажа кога се кандидираше.
 
абе дур стигне 2016 уухуу али бар поиќе шанси иаме вака
 
предлогот е шоља! :tapp: два натпревари за две години... ужас! но и ова како и она на Блатер нема да помине. и ова не е од сеа, уште од пред неколку години е позната оваа “идеа“.
 
Не го бива предлогов. Не за друго, туку ќе се ускрати играњето и воигрувањето на репрезентацијата.

На овој начин веќе ниту нема да има „силни“ и „слаби“ репрезентации - и едните и другите ќе бидат невоиграни (освен, се разбира, ако не играле пријателски натпревари во меѓувреме), што автоматски го *намалува* квалитетот на фудбалот.

Заклучок: тапа предлог.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom