- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.187
- Поени од реакции
- 1.358
ЛАТИНО-КАРИПСКИ ЗЕМЈИ
Нов блок, без САД и Канада
Лидерите на 32 држави од Латинска Америка и Карибите се согласија за формирање нов регионален блок, кој ќе ги вклучи сите земји од подрачјето на двете Америки, освен САД и Канада. Како што е одлучено, Хондурас, чии претставници не биле повикани на конференцијата во Плаја де Кармен поради минатогодишниот државен удар, би можел подоцна да му се приклучи на новоформираниот блок. Се очекува формирањето на новиот регионален блок да трае повеќе години, а лидерите се договорија следната година повторно да се сретнат во Венецуела, а 2012 година во Чиле, за да разговараат за овој процес, пренесува МИА. Сепак, не е постигната согласност околу тоа дали новиот блок треба да ја замени Организацијата на американските држави (ОАС), чие седиште е во Вашингтон и врз која големо влијание имаат САД. "Многу е важно да не се обидуваме да ја замениме ОАС, која е постојана организација", истакна чилеанскиот претседател Себастијан Пињера.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2C11247E5093B14C9BAA1081AA607DE3
Нов блок, без САД и Канада

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2C11247E5093B14C9BAA1081AA607DE3