wot
њ
- Член од
- 20 мај 2008
- Мислења
- 19.501
- Поени од реакции
- 33.643
Иако оригиналнот автор е скептичен и му е чудно што и други луѓе знаат да имаат вкус, сепак преубаво склопено, и иако без техничкиот дел како дискографија и слично, преубав вовед за една преубава девојка.Ја сакам како изгледа, ја сакам како пее, и пегите на лицето и ги љубам, ја сакам комплетно. Има некаков сплет на толку невино и слатко, пристојно, скормно а сепак отмено и аристократско, овално лице, кружни црти, очи таман доволно ориентални да изгледаат егзотично, но не и премногу, црна коса полувиткана, идеална за да спиеш во неа (ќе и ги простам кратките шишања и дисиметриите што ги експериментираше), полно, медно усте, да ја урамиш дома, скоро и без шминка, максимално дискретна колку да се обележат контурите. Од друга страна има некоја блага жичка на даркерство и готика, таман темпирана за да делува со интригрантна мрачно интелигенција но не и премногу како оние ишараните групи на Мерилин Менсон кои се без вкус. Отсекогаш ми се допаѓала кај женско блага даркерска жичка само да не се претера. Некоја неодолива меланхолија и се гледа во погледот, иако вака на прва не е евидентен, но ја издаваат очите кои одаваат една талкачка личност, и атмосфера како оние опишани од Џорџ Бајрон во романтизмот. Лесно може да се претопи и во Поевата Леонора, и во Иговата Есмералда, но и во Кити на Левин. Не може да се најде нешто расипничко, невредно, гадно кај неа или па јас не го гледам, што е општо чудно имајќи го во предвид времето во кое сме и нејзините соестраднички во годинивие Лејди Гага, Ријана(за жал иако на почетокот многу ја сакав и неа), Кети Пери, Ники Минаж и Мадона, да Мадона отсекогаш во 90% од ситуации ми делувала на невкус и кичерај отколку на некаква си револуцинерка во музика и мода. Можеби револуционерка на ороспизмот и шундот. Од друга страна последниот албум на Нора Little Broken Hearts, го има тој звук кој комбинира алетрнатива, авантгарда, солажи на гитари и продорни вокали што потсеќа на психоделичниот рок но ги има и во трпи хопот и во експерименталниот рок па звучи една магична фузија на Рејдиохед, Масив Атак, Ер (Air) со финеса од Бет Гибонс од Портисхед, Бјорк па дури и Поркјупајн Три (Пијано лессонс и сл.). Сличен филм со таква дарк позадина сака да уметне и Лана Дел Реј но за жал кокетирањето со ороспиизмот во спотовите, ефтиниот обид тоа да се подметне како уметност и максимално плитиките текстови ја прави само неуспешна шминка без содржина, иако многу од младиве демек алтернативци и антимејнстримери многу ја сакаат како демек something different. А Нора Џонс, Нора Џоунс е она што за мене е совршенство.
Незнам дали е до џез жичката, или стриктно до вокалот, ама девојчево маѓепсува! Има 5 студиски албуми и е закитена со греми награди и какви ли не. Потценет талент ипак, и мислам дека фалеше тема. Ако има желба модераторот, нема љутба, нека ја прошири темава, од мене ќе поставам само омилената нејзина песна/изведба, и секој што ќе слушне би ја ценел, макар жанрот на музика што го преферира.
A oд последниов албум