Nokia Lumia 800 во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ептен се глупи овие или е некоја грешка или јас не знам математика
24 месечна претплата х 2990 денари = 71.760,00 + даваш и 17.999,00 денари и телефонот излегува 89.759,00 денари
24 месечна претплата х 590 денари 14.160,00 + даваш и 24.999,00 и телефонот излегува 39.159,00 денари
Само телефонот да го купиш е 29.999,00 денари

http://www.vip.mk/cm/gsm_adv/nokia/index.php?phoneId=239

Не дека не си во право ама кај нас некако погрешно се гледа на предплатата,барем јас имам таков впечаток.Многу луѓе гледаат како да поминат "поефтино" т.е да платат што е можно помалку во кеш,а не се свесни дека додека трае предплатата за тие пари ќе го купат истиот телефон од 24 каратно злато :) Значи додека има офци за стрижење...

Инаку телефонов стварно не вреди 30.000,според мене многу погрешен потег од страна на ВИП.Изгледа заборавиле дека кај поголемата маса на луѓе не важи повеќе изразот:"Нокиа си е Нокиа" туку "Ајфон си е Ајфон" никој повеќе не се пали на Нокиа.Околу изгледот нема да коментирам бидејќи тоа е работа на вкус.Хардверски не е воопшто лош,не секогаш се битни пикселите,гигахерците и мегабајтите доколку е добро оптимизиран.Мене воопшто не ми е јасно зошто е потребно толку моќен хардвер кога софтверот и хардверот во глобала се движат во сосема спротивни насоки (ова важи за сите паметни телефони).Друг недостаток кај Windows телефоните е тоа што немаат ни приближно иста подршка како Android и iOS.Тоа ти е исто како да имаш Rolls Royce а да немаш клуч за да влезеш во него :).

Тоа би било тоа во кратки црти околу телефонов.

Да се изјаснам и јас,не би го зел телефонов поради слабата подршка.
 
Мајкрософт и ЕЈпл уште многу боранија треба да јадат за го стигнат Гоогле .Многу се затворени

Кај се видело телефон 29000ден со една камера фак оф........
 
Телефон со windows mobile е наменет за бизнис корисници(брз пристап до канцеларија),само што нокиа во случајов касни многу(како бугарски воз)
 
Ако ти е муабетот за Exchange, тоа го поддржува скоро секој оперативен систем, вклучувајќи го тука Андроидот кој го користам последниве 2 години.
Друго појма немам што овозможува брз пристап до канцеларија.
 
Еве нешто што вреди кај лумиата :D ретро мада фака снејк и тоа сосе батнз :pos:

lqlih.jpg
 
Јас не знам зошто постојано велите дека не чини мобилниот. Лично го видов и се уверив. Во дизајн ниеден друг мобилен не може да се споредува со Lumia 800. Мобилниот е бомба во рака лежи перфектно можe да се рамни со Galaxy S2 или Sensation XL. Само што има помала резолуција на снимање и помалку РАМ меморија, но затоа има помоќен процесор од двата што е многу поважно од РАМ меморијата според мене. А за цената си вреди во споредба со Galaxy S2 или Sensation XL кои се по 36000 денари за разлика од овој кој 29000.
 
Јас не знам зошто постојано велите дека не чини мобилниот. Лично го видов и се уверив. Во дизајн ниеден друг мобилен не може да се споредува со Lumia 800. Мобилниот е бомба во рака лежи перфектно можe да се рамни со Galaxy S2 или Sensation XL. Само што има помала резолуција на снимање и помалку РАМ меморија, но затоа има помоќен процесор од двата што е многу поважно од РАМ меморијата според мене. А за цената си вреди во споредба со Galaxy S2 или Sensation XL кои се по 36000 денари за разлика од овој кој 29000.
Извини што вака ке те прашам, збориш од памет ?? Од каде тоа 800 Lumia има помоќен процесор од Galaxy SII и Sensation XL ?? А за рам меморијата, џабе ти е јак процесор ако имаш малку рам меморија. :) Среќа што WP 7.5 os-от не бара многу рам што до негде е и позитивна страна.
 
Остај го, има многу грешки
- Нема помоќен процесор. Lumia 800 има 1.4GHz (едно јадро) а S2 има 1.2GHzдве јадра, и Sensation XL
има 1.5GHz едно јадро.
- Не вреди. Sensation XL НЕ е 36.000. Пазарна цена му е околу 25.000, без договори и претплати. Јас XE го земав за 18.000 (12 рати по 1500 денари) на претплата во Т-Мобиле, а XE е каде-каде подобар од XL.
ЕДИТ: Ни рам нема повеќе. Lumia 800 има 512MB RAM, S2 има 1GB, XL има 768MB.
Ете зошто апсолутно не вреди толку пари.
VIP, прочитајте го мојот претходен коментар. Не сме офци, не трудете се да профитирате (толку многу) од продажба на мобилните уреди!
 
од наредниот месец и бела боја

vs02-06_09-23-40x1020_gallery_post.jpg


vs02-06_09-51-57x1020_gallery_post.jpg


vs02-06_09-40-28x1020_gallery_post.jpg


vs02-06_09-49-36x1020_gallery_post.jpg
 
Леле дај не спамирај жити све ко на другите теми, како PR агент на Мајкрософт си станал. :)
 
Леле дај не спамирај жити све ко на другите теми, како PR агент на Мајкрософт си станал. :)
Ма Ок е дечкото, сите си имаме омилени ствари за кои да докажеме дека се најдобри понекогаш претеруваме :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom