Хрватска-Полска
Како шо очекував,Хрватска со онаа игра шо ја покажа досега нема да победи со Полска..
На ништо не личеа,како никогаш досега беа безидејни,без проток на топка до крило(шо беше нивни заштитен знак)без игра до пикер,без брза контра,полуконтра..
Освен на почеток на второ,исто како со Бразил во цел меч беа заспани
Ај одбраната некако не беше лоша со оглед на 24 гола шо ги примија,ама нападот...
И време е да го шутнат она дрвото од селектор....
Да се заблагодарат на услугите на сељакот Вори,па поголем копук одамна неам видено...
Со Бразил се изрезили со Тиагуш Петруш,педериште,манијак...

ете го и денес..
Ај шо е најслаба карика во цела екипа(еден куп промашени зицери,пробивања)па уште и се глупира дебилот...

Само крив е онај коњот од селектор,не го зема машината Сулич за да игра Вори...
Е па ете ти...
Отсекогаш сум ги поштовал Хрватите,баш ради таа нивна пожртвуваност,дисциплина,ама со Голужа на ништо не личат и мило ми е шо се пакуваат...
Како само беа самоуверени,демек треба само да се појават и да тепаат...
Да изгубиш од Полска беа нивниот главен шутер Лијевски,без среден бек(без Јашка),им играат со Бијелеци речиси цел меч...

Секоја чест за Пољаците,така се игра,можеби не делуваат убаво за око со нивната досадна игра,ама дава резултати..
Максимално спремни физички,играат одлична одбрана,и заслужено им одржаа лекции на кренатите Швеѓани и Хрвати..
Па уште и коеф по кладилниците 1.35 за Хрватска...

Каде бе?
Со БИХ дадоа 1.25,со Полска 1.35..
Германија-Катар
Онакво домаќинско судење не очекував,но по она со Австрија се очекуваше денес нов поклон..
Едноставно не ги оставија да ја играат нивната игра,секој контакт со зоната беше пробивање,ги убија во поим..
Не ги правдам Германците,и тие многу пати имале помош од судии,па сега и по своја кожа видоа како е да те дупи судија на здрав мозок...
Ама ова денес беше апла домаќинско судење,срамота..
Факт е дека беа чорба Германците,промашени зицери,2,3 пенали промаши Геншајмер,неколку контри чисти скина Шариќ,и резултатот е тој..
Во одбрана си дозволија Капоте со класика-удари да ги изрешета како мали деца,ги уништи едноставно....
Плус еден куп контри,полуконтри во прво,и нема шо да бараат...
Пикерот Видал како да беше Супермен,не можеа ни 3ца да го задржат,едноставно ги разнесе дечкото,секоја чест....

Старо куче е Ривера,знае да одбери играч,ретко кој слушнал пред ова СП за играчи како Капоте,Видал,Мемишевиќ,Роан....попознати ни беа Шариќ,Стојановиќ,Марковиќ,ама ете шо ти значи тренер....
Кога Германците намалија на 1 разлика некаде 45 минута си реков еве ги се вратија,ама кратко беше,пак блокада,пак некои грешки,избрзани шутеви,некои пробивања,одземени топки и сл...
Вајнхолд го немаше,без класичен лев бек,со двајца индивидаулци како Друкс и Штробел,со извадени од баланс Грецки и Уве толку беше..
Сега ќе кукаат,ќе плачат,ќе се закануваат...позната приказна....
Мислев дека ќе ги добијат на исксутво,ама погрешив....
И Австријците имаа противник во судиите ама подобро се снајдоа од Швабите,овие ептен психички паднаа,како да не очекуваа дека можат да губат на моменти со 7 разлика,и психички беа скршени,со таква состојба не е можно да се победи во вакви мечеви...
Франција-Словенија
Исто како шо реков и бидна,Омејер отвори страшно,првите 11,12 минути Словенија даде само еден гол(и тоа во првиот напад)и толку беше,ги решија..
На крај малку се совземаа Словенците,се разбрани Шкоф,и стигнаа од -11 21-10,до серија од 10-3,но немаа сила,пак Плавите во една брзина погоре и толку беше..
Кога играат онака мудро,со таква хируршка прецизност во напад,со ненормален Омејер на гол речиси и да нема маж шо ќе ги тепа..
Ако не им застани Армадата на патот во петок во финалето треба да се прошетаат до титулата...
Данска-Шпанија
Ми се оствари желбата,Скандинавците уште еднаш го сркнаа од фуријата..
Иако можеби мечот требаше реално за заврши нерешено,ама ако вака е уште послатко,нека ги боли уште повеќе..

Одличен меч,цврсти одбрани,рововска битка за секој гол,за секоја акција...
Вистински ракометен меч,не онакви мечеви кои ќе завршат 35-30,ова беше вистински ракомет....
Секоја чест за двете екипи...
Во полуфинале очекувам од Шпанците добра игра,денес некако ми беа резервирани...
Воопшто не играа преку десно крило,најверојатно тоа беше тактиката,се одеше преку средина(гол на Кањелас,Ентрериос или пенал,чиста работа)....
Исто и Данците,на почеток кога малку раширија по крила имаа некоја предност,потоа крилата целосно беа отсечени,посебно Егерт и еден од клучните играчи беше аут..
Плус топка до пикер немаше никаква,едно од најјаките оружја,против онаа одбрана на Шпанците со Виран и Гвардиола тешко дека ќе се наигра пикерот,било кој пикер...
Хансен и Ларсен дадоа еден куп голови во второ,речиси сите на Данска,а тоа не е нивниот стил....
Како и да е заслужено Шпанија во 1/2 финале,само да има ден Варгас,ќе има шо да понудат со Франција...
