Нокаут фаза (финале КАТАР-ФРАНЦИЈА)

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.376
Поени од реакции
77.350
Локација
Б'с
Откако се одиграа и последните мечеви по групи, познати се сите 8 осминафинални двојки.
Во оваа тема ќе коментираме за елиминаторните мечеви, а веројатно за полуфиналињата и финалето ќе има посебни теми. Нормално за сите мечеви на Македонија ќе има посебни теми.

tabeeeee.png

Еве го "дрвото" на натпреварување.
За жал ние се најдовме на многу потешката страна со голема веројатност дека во евентуално четвртфинале би играле со фаворитот Франција, а ако по некаква случајност ги минеме, би налетале на екипи од типот на Данска или Шпанија :)
Може да почнете со дискусијата :D
 
Последно уредено:
Откако се одиграа и последните мечеви по групи, познати се сите 8 осминафинални двојки.
Во оваа тема ќе коментираме за елиминаторните мечеви, а веројатно за полуфиналињата и финалето ќе има посебни теми. Нормално за сите мечеви на Македонија ќе има посебни теми.

Прегледај го приврзокот 112684

Еве го "дрвото" на натпреварување.
За жал ние се најдовме на многу потешката страна со голема веројатност дека во евентуално четвртфинале би играле со фаворитот Франција, а ако по некаква случајност ги минеме, би налетале на екипи од типот на Германија или Данска :)
Може да почнете со дискусијата :D
Мислиш Шпанија. :)
Е за ова требаше да се калкулира и да се иде на Катар, сега кај пак ни се исти шансите со Словенија исто како и со Катар да игравме.
Според мене чим се испичија нашиве од Катар, ако случајно во 1/4 финале поминеме, поубаво нека не ја играат утакмицата со Франција.
Место шанса за медаља ние ќе се палиме на Олимписки игри, на кој прашање е и дали ќе се пласираме зашот и за нив има повторно квалификации и пак е можно да завршиме како прошлите кога не исплескаа сите.
 
Мои предвидувања за 1/4 финале

Хрватска-Полска

Катар-Германија

Данска-Шпанија

Македонија-Франција

Што би се рекло 1/2 финалиња Хрватска-Германија, Данска-Франција и финале Германија-Франција..

Се надевам сум грешка пошто нејќам ни швабиве а ни Французиве да влезат во финале :D
 
Толку да немаме среќа за подобар пласнам од 1/4 финале значи, доколку ја поминеме Словенија сигурно..
Ни се погодија најтешките гнаси, не дека играат во некаква страшна форма, судиите ги бутат на секоја утакмица.. а и немаме некој шутери против Омејер.
Денеска 9 пенали им судија, нели е ПРЕМНОГУ?
 
Четвртфинале
Хрватска - Полска
Катар - Германија
Данска - Шпанија
Македонија - Аргентина

Полуфинале
Хрватска - Германија
Шпанија - Македонија

Финале:
Германија - Шпанија

Трето место
Македонија - Хрватска

;)
 
Хрватска ќе се прошета до финале.
 
Немавме среќа, а што очекувавте лесни утакмици до крај?
Па дури и разочарани сме што вкрстуваме со Франција (ако успееме да тепаме со Словенија), е ај да ни се паднат Египет ако не.

Финале:
Германија - Франција

Германците ќе си освојат.
 
мои типови
1.Хрватска-Шведска
2.Катар-Германија

3.Данска-Шпанија
4.Македонија-Франција

потоа здравје Шведска-Катар и Шпанија-Франција финале би рекол Шведска-Франција шампион Шведска :D
 
Немавме среќа, а што очекувавте лесни утакмици до крај?
Па дури и разочарани сме што вкрстуваме со Франција (ако успееме да тепаме со Словенија), е ај да ни се паднат Египет ако не.

Финале:
Германија - Франција

Германците ќе си освојат.
Море немавме незнаење, да изгубиме од Австрија :D
 
лично и јас бев да си кулираме со австријците, а да распалиме со катраните оти после со германците имавме поголеми шанси отколку со французите, ем одморени со домакинот ем германците се послаби од франција и по ни лежат.
а и сега да гледаме напред се надевам на победа над Словенија може и по продолженија ;), а аргентиницте гледам сите играт во француска лига ако не друго ке ги намачат ептен, дури потајно се надевам на сурприз ама ногу тешко, бидејки искуство преголемо и слаб голман имат аргентинците...па што сака нека биде со франција, јас мислам објективно е да стигнеме до 1/4 спрема тоа како и колку вложуваме во ракометот треба да бидеме задоволни:icon_lol::icon_lol:
 
Да си пишам и јас предвидувања за 1/4 финалето.

Хрватска - Шведска

Катар - Германија

Данска - Шпанија

Македонија - Франција

И онака повторно 90% како и секогаш и сегде ќе си бидат европејци.
 
Ја мислам сепак подобро што играме со Словенија во осмина финале. Не дека многу разбирам ракомет, него читав низ нетов колку пари фрлаат Катар на ова светско. Ако имаат 100 илјади долари после победа да им поделат на играчите, тогаш може кого сакаат да го купат. Само треба да поделат исто толку пари и за противничкиот тим и завршиле работа:). Или да почастат некој судија со пола милионче :eek:... луда работа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom