Ниту заклучок ниту датум за Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Ако идеме во таа насока - фактот дека најголемиот број на симпатизери на таа партија се против ЕУ, тогаш можеби, и самата Влада не сака влез во ЕУ или пак не се ни труди да влезе во најбрзо времење, решавајќи ги проблемите, кои се надвор од проблемите со името.
Но тука се крие и друг факт,најголем дел од тие членови и симпатизери на владеачката партија кои се против влегување на Македонија во ЕУ и НАТО,своеволно вадат бугарски пасоши и заминуваат во ЕУ и се најголеми европјани,ама не како Македонци туку како нешто друго декларирани.Парадокс.
 
ФМИ, десет години иста песна, па нема да се смени ни кога атинската држава ќе биде претседавач.

Jaс не зборувам дали или не. Jaс просто припамтам,дека во 2014 година Грциja е председавач,ке води ЕУ и нема шанса да дозволи почеток.
--- надополнето: 23 јуни 2013 во 22:28 ---
Бар пола граѓани ќе влезат во Еу, можеби потоа ќе влезе и државата.

Тоа ке е интересен феномен.
 
Jaс не зборувам дали или не. Jaс просто припамтам,дека во 2014 година Грциja е председавач,ке води ЕУ и нема шанса да дозволи почеток.

Залудно е да се заплашуваме со Грција,таа е најмалиот проблем во решавањето на спорот со името.Најголем притисок за решавањето на тој проблем доаѓа од САД и Германија(заради некои нивни интереси),додека Грција е само параван за да се прикрие сето тоа.
 
надвор ЕУ само годишните рати се поголеми од парите кои ги дава ЕУ а да не зборуваме за штетата од отворениот пазар без царина за родната економија
 
Сега не било момент за доделување датум за „оваа земја“, а момент е да се направи „чекор напред во решение околу спорот за името“(читај: сменете си го името!).... племето нивно евробирократско!
Македонија и денес, со сите свои проблеми (невработеност, состојба на контролиран конфликт, институционални проблеми, низок стандард итн,.) тврдам дека ги исполнува критериумите од Копенхаген повеќе од некоие земји членки (само како потсетување, по какви постапки беа примени Грција, Шпанија, Поругалија)....

Преку глава веќе од наконтени евробирократи кои ќе не` учат што треба и како.
Ние, ако не си ги решиме проблемите кои ги имаме, заради нас самите, џабе ќе се трудиме да „импресионираме“ некого.
А се1 ми се чини дека токму тоа го правиме - се трудиме да оставиме „добар впечаток“, наместо да си ги средиме работите по дома.
Да додам и дека постојано измислуваат некои регулативи и стандарди (iso,hasap,halal..........),демек за подобрување на квалитетот,а всушност се со цел за кочење и непредок на далеку поквалитетните и поконкурентни Македонски производи.
Што се не се прилагоди спрема некоја европска регулатива или стандарди а уште стоиме во некој лавиринт
Не гледам причина,зошто уште упорно некои настојуваат и не убедуваат да бидене членка на некоја организација која на сите можни начини ни ства сопки.
 
А и 6 години нема да можете да работите што сакате во ЕУ само слободни позиции ќе можете да работите а тие не се убави. Ние (Бугарија) сме донесени 2007 а дури сега ни паѓаат заштитните механизми за работа во ЕУ (од 2014 година).

Никој не дава ништо како дар особено големите држави како Германија и Англија сакаат ви образованите луѓе и ќе ви дадат само трошки и статистика колку сте сиромашни и крадел а ќе научите да Рада деца во Франција за социјална помош и како да им оштетувате општествениот систем ќе ви кажат дека сте паразити...

А и струјата ќе ви стане двојно поскапо. Бензинот исто. Има минимални акцизи за бензинот а за струја сте обврзани да положите скапи и тапи зелени технологии за заштита на прородата.
 
Залудно е да се заплашуваме со Грција,таа е најмалиот проблем во решавањето на спорот со името.Најголем притисок за решавањето на тој проблем доаѓа од САД и Германија(заради некои нивни интереси),додека Грција е само параван за да се прикрие сето тоа.
Англија е најголемиот проблеем,бидејќи тоа што го плукнала за време на граѓанската војна односно егзодусот на егејците треба да го излиже.
 
Да додам и дека постојано измислуваат некои регулативи и стандарди (iso,hasap,halal..........),демек за подобрување на квалитетот,а всушност се со цел за кочење и непредок на далеку поквалитетните и поконкурентни Македонски производи.
Што се не се прилагоди спрема некоја европска регулатива или стандарди а уште стоиме во некој лавиринт
Не гледам причина,зошто уште упорно некои настојуваат и не убедуваат да бидене членка на некоја организација која на сите можни начини ни ства сопки.

За да се конкурира на светскиот пазар потребен е стандард,тоа го знаеме од квалитетот на JUS стандардот.Тоа дека имаме квалитет на Македонските производи е само пропаганда во последните неколку години.Кои се тие наши квалитетни Македонски производи кога и нашите жители ги одбегнуваат кога одат да пазаруваат?
 
Супер вест, фала им на бугарите и грците, знаат они што значи ЕУ
 
Па ова веќе го осетивме иако не сме членки на унијата !

Цигарите исто така имаат минимални акцизи. На нас цигарите ни беа 1 евро пред ЕУ, а сега се 2,5 евра. Нема да имате кутија цигари под 2,25 евра како стапат во сила минималните акцизи на ЕУ за цигари. И тоа 2,25 евра е минимумот ние сме на долниот праг на акцизите плаќаме најмалиот можен акциза.


Ес си има и убави страни но на долг рок. Пример храната има стандарди за квалитет и од ЕУ доаѓа навистина квалитетна и вкусна храна на ниски цени. ЕУ тера родното производство да станува технолошки и воведува човечки и кориснички права пример минимална гаранција за техника 2 години и можност да вратиш нешто во седум дена и да ги добиеш парите. Плус државата не може да се срамоти! Со тебе, бидејќи си има суд за човекови права. На долг период е убаво, но долг период е 15 плус години. За да не почувствуваш негативи на ЕУ треба да влезеш со 500 евра минимална плата и 1000 евра просечна. Нема ништо лошо да се брани природата и луѓето решиле да се трујат со цигари да го платат третманот со акциза однапред, но ако со 300 евра плата можеш само да седиш и пцујам и да се надеваш на подобри денови.
Вие повеќе ќе изгубите од ЕУ, а за придобивките ќе треба да поминат повеќе од 10 години. Ние исто така повеќе изгубивме и уште губиме.

Има и добри и лоши страни. Луѓето таму се многу богати и не можат да замислат како 100 евра струја и парно во зима може да се голем проблем. И токму од тоа неразбирање доаѓа најлошото за помалите земји. А ако тргнат пример помалите земји да се ослободуваат од зелена енергија веќе другите се лути и велат како за нив може а за нас не:drk::icon_lol:параграф 22 шменти капели
 
Да додам и дека постојано измислуваат некои регулативи и стандарди (iso,hasap,halal..........),демек за подобрување на квалитетот,а всушност се со цел за кочење и непредок на далеку поквалитетните и поконкурентни Македонски производи.
Што се не се прилагоди спрема некоја европска регулатива или стандарди а уште стоиме во некој лавиринт
Не гледам причина,зошто уште упорно некои настојуваат и не убедуваат да бидене членка на некоја организација која на сите можни начини ни ства сопки.


Стандардите си требаат. После распадот на поранешната држава и практичната смрт на ЈУС во нашата уништена индустрија, ваквите стандарди се повеќе од одбредојдени, не заради ЕУ, туку заради општата конкурентност на индустриските производи.

Друго е маката, според мене. Ние, на пример, денес сме во подобра позиција од Романијаи Буграија во 2007ма. Ам апак не не` сакаат.

Само, би било ептен „недипломатски“ да ни го кажат тоа директно, па ни измислуваат политички бенчамркови, критериуми, кои ни самите не ги исполнуваат.

Нејсе. ЕУ, ако продолжи вака, самата ќе се задуши во сопствената бирократија, како што и веќе се гледа според глобалната улога која (не) ја игра.
 
Супер вест, фала им на бугарите и грците, знаат они што значи ЕУ

Од нас нема да имате проблем ако сте решиле да влезете. Само покажуваме заби за некоја и друга корист тоа да биде историска или за влијанија и играме геополитичката соседски игра. Немаме ништо против вас. Но со Грците ќе имате проблем.
--- надополнето: 23 јуни 2013 во 23:07 ---
Нема кој да им помогне на еден народ ако не си помогне сам не сметајте на ЕУ да ви дава бесплатен ручек. На Грците им даваат пари, но им земаат независност во моментов.
 
А Англија е најголемата курва. Со Русија договараме цевка за гас и Русија ни понуди 1 милијарда евра годишно да поминува низ нас. Бритиш петролеум рика светот дека било какви спогодби има право на одреден процент заедничка европска инвестиција на европските народи во енергетските проекти на секоја држава. Сакаат и тие од посната ни баница. Германија и Франција до одреден степен воспитан и чесни и сакаат да помага на Балгариja.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom