Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.619
Eunice Kathleen Waymon, попозната како Нина Симон (1933-2003.) е американска музичка легенда- пејачка, кантавторка, пијанистка, аранжер, активистка за граѓански права и освојувач на наградата Grammy.
Некои ја „ограничуваат“ како џез музичарка, а самата за себе сметала дека е дел од „црнечката класична музика“. Меѓутоа, имајќи го предвид распонот на нејзините музички стилови, можеби е најдобро да се нареди во најголемите претставници на црнечката музика воопшто.
Нина Симон најнапред сакала да стана класична пијанистка, но нејзините дела освен класичната основа покриваат и други стилови, како што се џезот, соулот, американската народна музика, ритамот и блузот, госпелот и попот. Стручњаците потенцираат и дека нејзиниот вокален стил го карактеризира интензивна страст, прозрачност и карактеристично тремоло.
Таа има и еден прекар кој ја „доближува“ до за неа сепак најблискиот музички жанр- соулот- High Priestess of Soul (висока свештеничка на соулот). Она што е нејзина најголема карактеристика- најголема препознатливост, е мошне силното изразување на емоциите, што во голем дел е резултат на нејзиниот приватен живот. Имено, постојаната битка помеѓу интензивната среќа и трагичната меланхолија е предизвикана од биполарното афективно пореметување (БАП) кое и е дијагностицирано во 60-тите години (на 20. век), но е држано во тајност до 2004. (Оваа болест се дефинира како ендогена душевна, во која се изменуваат епизоди на манија и депресија. Спаѓа во тешки ендогени психози, која ја оштетува личноста на болниот, а помеѓу нападите тој изгледа здрав.)
Нина има снимено над 40 живи и студиски албуми, наголем дел помеѓу 1958. (тогаш е објавен првиот албум „Little Girl Blue“) и 1974. Нејзини најпознати песни се „My Baby Just Cares for Me“, „I Put a Spell on You“, „I Loves You Porgy“, „Feeling Good“, „Sinner Man“, „To Be Young, Gifted and Black“, „Strange Fruit“, „Ain't Got No-I Got Life“ и „I Want a Little Sugar in My Bowl“.
Од нејзината богата, но и преполна со премрежија биографија, треба да се издвои следново:
Родена е како едно од 8 деца во едно гратче во Северна Каролина, во САД. Дебитантски концерт, класичен рецитал, одржала кога имала 10 години. Уште на тој прв концерт го искажала својот бунтовен дух: нејзините родители зазеле места во првите редови, па биле преместени во последните за да се ослободат места за белци. Симон одбила да продолжи со свирење додека не им било допуштено да се вратат на своите места.
Имала 17 години кога се преселила во Филаделфија, каде што учи клавир и свири во придружба на други пејачи за да го плати натамошното школување на њујоршкиот конзерваториум „Џулијард“(Julliard). Сценското име „Нина Симон“ го зела оти не сакала нејзината мајка да знае дека свири „ѓаволска музика“. „Нина“ доаѓа од шпанскиот збор за „малечка“, прекар кој и го дал пријател, а „Симон“ е според француската глумица Симон Сињоре која ја гледала во филмот „Casque d'or“.
По периодот на свирење во мали клубови, во 1958. снима верзија на аријата „I Loves You Porgy“ од операта на Џорџ Гершвин („Порги и Бес“), што ја научила од албумот на Били Холидеј и ја извела за пријатели. Таа станала нејзина единствена песна забележана на топ 40 хитови во САД на Billboard, а наскоро го снима и дебитантскиот албум „Little Girl Blue“. Авторските права ги продала за само 3.000 долари, со што изгубила над милион од тантиеми, главно од успешното реиздавање на песната „My Baby Just Cares for Me"“ во 80-тите години на 20. век.
Неодминливо, мошне значајно за неа: во својот репертоар Нина Симон секогаш вклучувала содржина која упатува на афроамериканските корени, но и расната нееднаквост доминантна во САД.
На пример песната „Mississippi Goddam“ претставува нејзин одговор на убиството на Медгар Еверс и бомбашкиот напад на баптистичка црква во гратчето Бирмингем во Алабама, при што загинале 4 црнечки деца. Песната е издадена како сингл и бојкотирана во некои американски јужњачки држави. Со песната „Old Jim Crow“ реагира на законите на Џим Кроу. Пеела и зборувала на многу собири и протести. Нејзина е песната „Four Women“ за четир различни стереотипи на афроамерикански жени. Албумот „Nuff Said“ од 1968. година содржи живи снимки од фестивалот Westbury Music Fair, 3 дена по убиството на Мартин Лутер Кинг. Заедно со Велдон Ирвин недовршеното дело „To Be Young Gifted and Black“ на Лорен Хансбери го претвора во песна за борбата за граѓански права, која стана и официјална „национална химна на црна Америка“ (во 1972. ја обработи Арета Френклин).
Во 1970. година Симон ги напушта САД. Заминува за Барбадос, очекувајќи сопругот и менаџер Ендрју Строуд да ја контактира кога ќе треба пак да пее. Но, нејзиното ненадејно заминување и фактот дека го оставила венчалниот прстен тој го сфатил како алузија на развод. Како менаџер имал контрола над нејзините приходи, поради што таа не знаела всушност колку заработува. По враќањето во САД дознава дека постојат сериозни проблеми со даночните служби, па пак заминува за Барбадос, каде што останува подолго време и одржува долга врска со тамошниот премиер Ерол Бароу.
Блискиот пријател Миријам Макеба ја убедува да дојде во Либерија. Потоа заминува да живее во Швајцарија и Холандија, па најпосле трајно се сместува во Франција во 1992. година. Разводот од сопругот и менаџерот се смета како крај на нејзиниот најуспешен период во америиканскиот музички бизнис и почеток на нејзино во еден дел самонаметнато прогонство и оттуѓување од остатокот на светот во идните две децении.
Боледувала од рак на дојка неколку години пред да умре во сон во својот дом во местото Кари-л-Руе, на 21. април 2003., на 70 години. Нејзината пепел е растурена во неколку африкански земји.
Забележано од музичари, критичари, нејзини обожаватели:
Нина Симон имала кралско и надмоќно држење на сцената, а на нејзината жива изведба не се гледало како на концерт, туку како на „хепенинг“. Во еден концерт била пејачка, пијанистка, танчерка, глумица, активистка. Постојат многу снимки на нејзини концерти кои претставуваат фрагмент на нејзината сила на сцената, досетливоста, сензуалноста.
Некои од големите хитови на Нина Симон: Ain't got no, I got life, My baby just cares for me, Mr. Bojangles, Four Women, I loves you Porgy, Mississippi Goddam', Sinnerman.

