Нимиц со модифициран став за името!

  • Креатор на темата Креатор на темата Pravnice
  • Време на започнување Време на започнување
``kolumna na predavnikot`` ))))))))),denesen dnevnik

Во недела секогаш се присеќавам на песната на Хрвоје Хегедушиќ „Шта да се ради недељом, пријатељи моји“. Всушност, со мало дете и обврска за пишување колумна, недала е зафатено време. Дистанца од „бедотиите на светот“ се обидувам да зафатам со понекој цуг од хаванска пура и читање на песните на Ч.Буковски. Всушност, одамна веќе, не знам дали е тоа невроза или што е, читам повеќе книги истовремено: Џон Греј го мешам со споменатиот Буковски, Чарлс Тејлор со кратките приказни на Борхес.Тој континуум го прекинуваат анархистичките и трогателно наивни интервенции на син ми. Понеделник-вторник всушност се добар дел од неделата! Нешто поради професорската суета да ги слушате коментарите за тоа што сте напишале, нешто поради исконскиот, незаснован оптимизам на новите почетоци на неделите, месеците и на годините на нашиот живот.Не очекував оваа недела да почне со желбата на многубројните новинари да се коментираат „пораките од говорот на премиерот“. Каков депримирачки почеток!

Забележувам патем дека нешто се променило во тој јавен дискурс во Македонија, деновиве. Има нешто темно, хераклитовско дури и во поддршката, во позитивните коментари на луѓето за тоа што го пишувате. Нешто како тивка ритуалност со песимизам од заднина дека нема смисла што и да се прави. Оваа „јавнатост“ на власта врз медиумите ги дава првите малигни резултати.Патем, одбив секако да ги коментирам „пораките на вождето“. „Газиместанскиот“ говор, во голубарска верзија по повод Денот на независноста е само докажување на веќе утврдената авторитарност на властите која се шири и не' малтретира.Кога имате присила-прилика да го слушате нашиот премиер да држи говор, тоа е главно мачење за чулата, особено за духот, драги мои! Но, ако го подложите на полит-психолошка анализа заклучувате две нешта, една потсвесна карактеристика, друга стилска.Стилската се состои во позата. Имено, во основно училиште учителките не' учеа кога рецитираме стихотворби да не ги„пееме“ зборовите,туку реско да ги изговараме.

Премиерот тоа не го научил и си ги пее говорите, знаете она: „ .. Далии требаа да го прифатимеее тоа, одговоретее мииии...“. И од толпата се одговара: неее или меее, не се слуша јасно. И потоа: „ .. доста е .. така веќе не моит ... Дрвар неќе пасти...“. Ужас! што би рекла онаа кумановка пред наездата на поплавите во Кумановско: „ ... Искочисмо надвор, кад гледамо одозгора иде Грујо-поплава ... на своју вољу, ризик јак, мила душа, и да погинеш колку можеш ќе спасиш ...“. Овој ред конфузни зборови дадени во уплав пред природна закана е истиот оној што го чувствуваме кога слушаме говор на премиерот.

Втората потсвесна нитка на говоранцијата е нескриената желба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ - да се биде САКАН, имено да се биде сакан од сите, од толпата (карактеристично за сите авторитарни типови), што укажува на отсуство на нормално и навремено примање енергии на љубов. Сите сакаме да бидеме сакани, секако пишувањето, творењето е делумно и заради тоа, но патолошката желба да се биде сакан ОД СИТЕ, што се прекршува во акциона љубов со толпата - укажува на недостиг на прием на тие енергии на време и од прописна личност. Говорот инаку беше повеќе помпезен и комичен отколку страшен, но укажува на јасна тенденција: овие млади луѓе опасно не научиле ништо од поновата историја на македонската независност! Полна уста историски аманети, кои се дадени на исполнување, без еден наш современ аманет да се подисполни!

Обид за собирање на сите Македонци под националистички крик и класично барање предавници и платеници меѓу оние што мислат поинаку. Ја туркаат Македонија полека, но сигурно во изолација, ќе ја измрцварат и упропастена ќе ја предадат со став дека светот бил против нашиот непокор и достоинство, па сме морале на крајот да потклекнеме (кога е веќе доцна за се').Вмроовциве се добри да ги собереш во една агенција за ситни поправки и турање бетон ваму-таму, каде што нивната манијакална опсесија со ситна акција: копни ваму тури бетон таму, општествено корисно ќе се реализира. За крупни суштински реформи нив не ги бидува од проста причина што тие не веруваат во вредносната основа на која реформите се потпрени и каде што тие целат: демократија и проширување на слободата и благосостојбата на сите граѓани. Не ги бидува ни за позиционирање на земјата во регионалната и меѓународна карта. Тука само инает и безврска конспирации се способни да изродат.

Но има надеж барем во едно поле: скулптурите се добро поставени: Тарзан во К. Вода, Џејн во Карпош, мајмунчето Чита пред Влада. А ако го послушаат еден свој советник, ќе го стават Текс Вилер на Кеј како потегнува пиштол на Грк - уплавосан!Живееме деновиве како во борхесовски сон и се смееме со грохот како Ч. Буковски.
Љубомир Д.Фрчковски


hedonistickiov predavnik najavuva deka nema da kometira na pocetok z aposle celiot tekst da mu e lecenje na komplekst protiv gruevski i ``vmrovcinjata``,od druga strana veke vo 2-3 navrata gi spomnuva vmro kako edna golema precka vo otvaruvanje na svojata agenda- da gi zaroaboti posteno parite dobieni od grcija.


vmrovci goli da ti setaat niz kukja gospodine frckovski )))))))))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom