Nikon D300 + ? објектив

ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
Планирам да набавам Никон Д300 меѓутоа не можам да се одлучам кој објектив за почеток да го земам. Значи, се мислам меѓу овие три:

1. Nikkor AF-S DX 18-105mm f/3.5-5.6G IF-ED VR
2. Nikkor 18-200MM F3.5-5.6G AF-S DX VR II
3. Nikkor AF-S DX NIKKOR 16-85mmf/3.5-5.6G ED VR

Мислам дека 18-200ката ќе отпадне бидејќи има Zoom creep и тоа стварно многу ме нервира. Али, сепак би сакал да слушнам ваше мислење. :uvo:
 
Член од
22 јули 2009
Мислења
107
Поени од реакции
32
Хмммм.... доколку фотографирањето ти е хоби, јас би ти ја препорачал третата опција. Нема потреба да се форсираш толку уште во старт. Јас веќе некое време сум на 55мм и сега за сега ми е ок......

Али доколку располагаш со добар буџет јас би ти препорачал да ги земеш првиот и вториот!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
18-200
проверена работа и секако подобра и од 16-85 и од 18-105.
18-200 ти покрива скоро се што би сакал да сликаш. Речиси и нема потреба да за скоро бараш и носиш друг објектив, имаш зум имаш ширина имаш и макро и сето тоа дава супер резултати. Има подобар квалитет во оптиката од двете други кои ги спомена. Мал е компактен и всушност речиси идеален избор
 
Читав на нет дека септември треба да излезе новиот модел (Nikkor 18-200MM F3.5-5.6G II AF-S DX VR II од 18-200 каде што е решен проблемот со Zoom creep-от. Овие од Скопје ми викаат дека го имаат тој модел, а по продавнициве на нет не успеав да го најдам сеуште тој модел. Ќе појдам во наредните денови СК па ќе видиме, ако е најновиот модел, него ќе го купам.
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
А што апарат имаш сега?
 
Член од
3 март 2008
Мислења
69
Поени од реакции
37
Планирам да набавам Никон Д300 меѓутоа не можам да се одлучам кој објектив за почеток да го земам. Значи, се мислам меѓу овие три:

1. Nikkor AF-S DX 18-105mm f/3.5-5.6G IF-ED VR
2. Nikkor 18-200MM F3.5-5.6G AF-S DX VR II
3. Nikkor AF-S DX NIKKOR 16-85mmf/3.5-5.6G ED VR

Мислам дека 18-200ката ќе отпадне бидејќи има Zoom creep и тоа стварно многу ме нервира. Али, сепак би сакал да слушнам ваше мислење. :uvo:
Сосема те разбирам во какви дилеми и трилеми си , и ако тоа се слатки маки . Еве едно мислење од многу поискусни фотографи , со кое и јас се сложувам . Телото на фото апаратот е потрошен материјал , а објективите се инвестиција . Нема да поминат година – две , кога ќе го посакаш новиот модел фото апарат кој технолошки ќе биде посовршен , додека добро избран квалитетен објектив ќе го користиш цел живот , па и ќе го оставиш во наследство .

Затоа кога правиш избор на производител на фото опрема , модел и објектив треба да градиш систем кој со текот на годините ќе го надоградуваш .

Сите објективи кои ти се на потесен избор се во ред , и генерално ќе ги користиш за скоро сите намени , проблемот е да го одбереш оној објектив кои оптички е најдобар . За таа цел ќе ти ја посочам следната страна на која можеш да се информираш подетално за таа проблематика .

http://www.photozone.de/reviews

До пред извесно време одлично ме служеа моите Nikkor 18-55 и 55-200 VR , се додека не го зедов фиксниот објектив Nikkor 105 2.8 VR . После него , никогаш повеќе не би купила zoom , освен оние што се со отвор на бленда 2.8 , како на пример Nikkor 70-200 2.8 , 14-24 2.8 .

Што ќе рече еден мој пријател , зоом објективите ти заштедуваат некој чекор пешачење , но квалитетот на фотографијата што ќе ја добиеш со фиксен објектив е неспоредлив.

Кога сега би одбирала опрема , би зела поефтин апарат , а поскап објектив. Да речеме Nikon D90 е исто така одлично тело , во комбинација на 18-105 , и фиксна 50 mm или можеби некој широкоаголен објектив за пејсажи и архитекттура на пример Nikkor AF-S DX 10-24mm .

Може да се направат и други комбинации , но многу е важно што те привлекува во фотографијата .

Среќно !
 
Благодарам за советите! Од денеска сум горд корисник на Никон Д300 :). Го купив со 16-85 и 70-300 VR :). Сега одам да го читам упатството и ќе излезам да чкрапнам нешто!:helou:
 
mmm121

Pentaxian
Член од
27 јуни 2006
Мислења
545
Поени од реакции
21
Благодарам за советите! Од денеска сум горд корисник на Никон Д300 :). Го купив со 16-85 и 70-300 VR :). Сега одам да го читам упатството и ќе излезам да чкрапнам нешто!:helou:
Од каде го купи ако не е тајна ?
 
Член од
3 март 2008
Мислења
69
Поени од реакции
37
Благодарам за советите! Од денеска сум горд корисник на Никон Д300 :). Го купив со 16-85 и 70-300 VR :). Сега одам да го читам упатството и ќе излезам да чкрапнам нешто!:helou:
Честитки за одличниот избор . Со здравје да си окинуваш и нека те прати добро светло ! Па почасти не со некоја фотографија од твојот нов миленик .
 
ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
Честитки за одличниот избор . Со здравје да си окинуваш и нека те прати добро светло ! Па почасти не со некоја фотографија од твојот нов миленик .
Благодарам :), поубав да си купите :).

Еве некоја слика што имам ставено на нет :):

Иначе, некоја убава книга да не знаете? Прочитав нешто од Келби, ја најдов и Understanding Exposure од Брајан Питерсон, али скеновите се матни и тешко се чита, изгледа ќе треба да ја порачам :).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom