Колку повеќе читам негови изјави (ако се вистинити) се' покомплицирани ми се неговите философски идеи и размислувања.
Во прилог за заинтеренсираните неколку негови интересни изјави:
-„Човекот е роден за да работи, да трпи и да се бори. Кој така не постапува мора да пропадне!“
-„Цврсто верувам во правилото на компензација. Вистинските награди секогаш се во размер со работата и жртвите“
-„Сите ние сме едно. Луѓето се меѓусебно поврзани со невидливи сили.“
-„Вселената е духовна; ние сме пола такви. Вселената е поморална од нас затоа нораме да ја спознаеме нејзината природа и својот живот да го ускладиме со неа.“
-„Каменот е суштество кое мисли и чувствува исто како и билките, ѕверовите и човекот. Ѕвездата која сјае бара да ја гледаме. Да не сме обземени со себе би ги разбрале нејзиниот јазик и пораки. Своето дишење, своите очи и уши, човекот мора да ги усклади со дишењето, очите и ушите на универзумот.“
-„Животот е ритам кој мора да се спознае. Јас го чувствувам тој ритам, се управувам себеси со него и му се препуштам.Тој е многу подобен и ми ги даде знаењата кои ги имам. Се' што живее е поврзано со длабоки и прекрасни врски: човекот и ѕвездите, амебите и Сонцето, нашето срце и кружењето на бесконечниот број на светови. Тие врски се нараскинливи, но можат да се припитомат и умилат така да човекот и сам почне да создава нови и поинакви односи на светот, а притоа старите да не ги наруши.
Знаењето доаѓа од вселената. Нашиот вид е негов најсовршен приемник. Имаме две очи: едно земски и едно духовно. Мораме да настоиме да тие станат едно око.
Универзумот е жив во сите свои манифестации како и животните.“
-„Во вселената и во природата постои виши морал. Научникот треба него да го слеги. Што се однесува до човечкиот морал, целата човечка историја би можела да се сведе на два збора: Крв и злато. И само крвта тече и златото сјае. Тоа се стихови на Ендре Адија. Така ќе биде се додека меѓу луѓето не завладее моралот на ѕвездите.“
Плус интервју:
Интервју со Никола Тесла од 1889 година