Никогаш нема да си простам што ...

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
За се` ќе си простам, по некое време, кога ќе престане да ме јаде грижа на совест. Дури и за работите кои сум ги направила а во моментот не ме усреќиле. Биле тотални грешки.
 
Никогаш нема да си простам што бев премногу глупава и наивна да размислувам со својата глава па им дозволив на другите да раководат со мене, и да одлучуваат место мене,, и сега ги чувствувам последиците за кои самата сум си виновна и морам да се правам дека се е ОК, а всушност не е!!!!
 
Никогаш нема да си простам шо под дејство на алкохол си го мени пасвордо на ком.и утредента не си го знаеше и мораше да го овакво.....А имаше ногу битни работи у него
:toe::toe:
 
Никогаш нема да си простам што кога почнав да тонам, повлеков со мене една драга личност
 
x : '' Ви се иде до Ајвар, ке се заебаваме, интернет,мирц ова она, заебанции, и онака нема каде да одиме ''

Никогаш нема да си простам . . . штo oтидов.
 
Често се преиспитувам и реално си ги прифаќам и признавам своите грешки, но не се замарам со самобарањепрошка и простување, затоа што знам дека ќе си најдам оправдување за се` и џабе цела мака. Може само да се потрудам да поправам нешто ако се работи за некоја втора повредена странка, но лично за себе не се потресувам.
 
...што се откажав од тенисот после 7 години тренирање. Можеби и немаше некои услови за тренирање, ама можев да се изборам.

...љубовна авантура за која не сакам да коментирам, ама не требаше да ја остварам.

...се каам и за претераната дружба со PC-то, за времетраење од 2 години, и губење на дел од другарите.

...life goes on...
 
Никогаш нема да си простам што пропуштив многу прилики во животот кои никогаш повеке нема да се вратат и сето тоа поради...глупост... која може лесно да се реши а јас одоловлекувам веќе 4 години:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom