Ние за Гоце

Македонецот има еден чуден ген кој поединци се обидуваат да го искоренат, треба нож до коска да му дојде за да викне...до тогаш ке трпи и ке цвика...

целава замисла е етапно да се изработи чекор по чекор за да не се навлезе во дневни политики а сепак да се заврши работата, ке ве информирам за секој нареден чекор,

целта беше да се соберат 5-60 луге а не да се организира нешто помасовно бидејки бара поголема организација, пријавување во мвр, спонзори дрн дрн...НО баксус агрегатот настрана 1% од тие на политика и историја да дојдеа ке беше друго, дел од младинава се успа..еееј се успа рано било, на мое вчудоневидување паркот почна да се полни два часа подоцна???

значи сам трчав три дена, потрошив пари време и телефон, јас и уште двајца тројца што беа на собирот, најдовме и човек да донира сокчиња, трет даде знамиња четврт агрегат кој го поебавме...пола саат претходно го чистевме кругот од шишиња ко божем комуналец сме...

се што требаше да се направи е да се појави !!! и тоа беше тешко... почнувајки од денес сериозно ке избришам десетина поединци од мој тефтер и ке ги ставам Ханзо Виктор и екипа кој иако ги не ги знам се појавија за некоја повисока цел!!!

исто така муабетите по форуми и кафичи ке ги сведам на минимум, бидејки се бесполезни и уште толку ке се фрлам на работа со мала но одбрана екипа, и така од другата страна има само јаки вилици и ништо повеке,летаргична младина која мајка ке продаде за гага, за журка или кафана...но кога ке треба пази едно цвеке да положи нигде ја нема.....знаеш какви луге беа поканети...абе први комити на маса, ороспии во живо...

-----------------------------

инаку излезе во дневник слика ке ви ја постирам после...тоа беше првото, второ е да му се пише на јанко да не промаши при прелистување на весниците и да се отвори тема кај него, кој може нека му се јави во емисија...

трет чекор е на 4 февруари да му се даде поголемо медиумско покритие и на споменикот

ако и тоа нема ефект ке формираме фондација...ке биде трнлив патот но ке го изодиме до крај ако треба и без нозе да останеме
 
Затоа што се успав, вечерта бев на свадба. Штом станав отидов, но немаше никој.
 
2226684952_b555f7b1e9_m.jpg


благодарност до Дневник кој одвои простор за апелот.

акцијата продолжува на други фронотови, пишете му на Јанко или кој добие линија нека се јави во емисија...

се надевам дека нема да ја прескокне темава вечер прелистувајки ги весниците
 
Може малку сум ќор...ама дај кажи што пишува под сликата :)
 
под сликата


Скопјани вчера се собраа пред споменикот на револуционерот Гоце Делчев во Градскиот парк за да изразат револт што несовесни грагани со спрејови го чкртаат постаментот. Бараат надлежните да го исчистат или заменат и да постават ограда.
 
КОНЕЧНОООООО





Цветна алеја околу Споменикот на Делчев
Ќе се поплочи просторот пред отворената сцена и ќе се реновира фонтаната „Лотосов цвет“
2F8F7A5C7FD05045AB08D49F0A403801.jpg

„Паркови и зеленило“ годинава планира да го „свете“ првиот дел од Градскиот парк и да го збогати со нови содржини. Најголем акцент ќе биде ставен на просторот кај Споменикот на Гоце Делчев, кај ресторанот „Кермес“ и кај фонтаната „Лотосов цвет“.Во првата фаза од проектот ќе се изврши поплочување на просторот пред отворената сцена, таканаречената „школка“ и ќе се реновира фонтаната „Лотосов цвет“. Од претпријатието најавуваат дека ќе биде комплетно обновен и целиот простор околу неа, со површина од 2.718 квадрати, кој со години е запуштен. Таму плочките одамна се искршени, а од клупите се останати само мали парчиња штици, кои потсетуваат на „златните времиња“ на овој атрактивен градски простор.Ќе биде уреден и просторот кај Споменикот на револуционерот Гоце Делчев, а кај ресторанот „Кермес“, чија изградба е запрена, ќе биде подигнат растителен лавиринт во барок-стил. На крајот ќе се формира и алпинетум со македонска флора. Кај Споменикот на Гоце Делчев ќе засадиме двоен дрворед, а постојниот ќе го дополниме со нови дрвја. Ќе направиме алеи од Споменикот до Градскиот стадион, што ќе ги поврзат платото, фонтаната, стадионот, објектот „Кермес“ и приодот од улицата Наум Наумовски-Борче. Целата алеја ќе биде направена со потпорни ѕидови и цветни површини во различни бои, а на постојните тревни површини во околината ќе биде насадена богата вегетација во живописни комбинации. Со тоа ќе му се стави акцент на Споменикот на Гоце Делчев, околу кој се предвидува мало плоштатче со места за седење - објаснуваат од „Паркови и зеленило“.
 
Па добро, супер ова...

А споменикот? Ама ни е убав така шарен. :)
 
Прво да им се тури у глава на оние издпанине хипици што седат таму со шприцери и го шкртаат споменикот со дебилни натписи дека тоа нече мочи па после дрвореди и плочници,дур не ги стаи некој нив у ред ништо не праиме sd
 
СЛАТКА ПОБЕДА....



Почна санација на Градскиот парк
Во рамките на проектот ќе се изврши и санација на плочникот околу фонтаната, како и замена на мермерот од кој е изработен постаментот на споменикот на Гоце Делчев, (ЈЕЕЕЕЕЕЕЕ) бидејќи постоечкиот е целосно уништен од страна на несовесни граѓани. Предвидена е и изработка на лавиринт од ниска зелена ограда, патеки, мини езеро

2E956D2FAB6879498BA9FDA7B20F4FF3.jpg
Со поставување на нови стилски канделабри на просторот околу споменикот на Гоце Делчев, каде наскоро ќе се изврши и замена на травертиниот, градските власти започнаа со санација на влезот во Градскиот парк. Во рамките на проектот ќе се изврши и санација на плочникот околу фонтаната, како и замена на мермерот од кој е изработен постаментот на споменикот, бидејќи постоечкиот е целосно уништен од несовесни граѓани.
- Ова, всушност, е прва фаза од проектот за реконструкција на првиот дел од Градскиот парк, каде се предвидени повеќе содржини. Колку од предвиденото со проектот ќе се направи, зависи од ребалансот на буџетот на Град Скопје. Во секој случај, со средства на ЈП "Паркови и зеленило" во план е да се направи хортикултурно уредување околу школката, каде е планиран дупли дрворед, како и поплочување на просторот околу летната бина со природен камен. Ова би го направиле во втората половина од годината, вели Љупчо Димовски, директор на "Паркови и зеленило".
Екипите на ова јавно претпријатие деновиве хортикултурно ќе го уредат просторот околу фонтаната и споменикот, со што комплетно ќе се уреди влезот во Градскиот парк.
Инаку, постоечкото плато околу споменикот е со површина од 2.718 м2 и е руинирано, како и клупите каде е оневозможено седење поради оштетеност на металната конструкција и дрвените штафни. Со проектот се предвидува во правец на Градскиот стадион да има алеа, која ќе биде широка и праволиниски распространета, што ќе ги поврзе платото и стадионот од една страна и вкрстено Кермес и приодот од ул. Наум Наумовски- Борче. Во останатите фази се планира и лавиринт од жива ограда, висок еден метар, наменет за забава на најмладите. Во продолжение на лавиринтот ќе се протега и мало издигнување кое ги прикрива санитарните јазли. Како идеално централно место за одмор, според надлежните, предвидено е и богато хортикултурно решение во пејсажен стил, што значи ќе се искористат сите природни облици, како што се патеки, потоци, мини езеро, како и повеќе места за седење.
 
Одлично... Конечно ќе заличи на нешто... А со „анархистчињата“ пијани што ќе се прави? Ќе има чувари или да земам вентили од дома? :):sakas_ust
 
Ханз бате...ИНАЕТ ИНАЕТ И САМО ИНАЕТ....бидна....

ако не послушаат даден беше предлог да се стават јаки рефлектори...вампир само од сонце бега....инаку и на овој постамент му се одбројани деновите...така во моша ја средија работата

многу ми е мило што се истурка ова до крај..бесконечна благодарност до форумџиите до поединци во град скопје...до александар од ОМД, до Дневник, Вечер Вест до сите кој подржаа и притиснаа на свој начин....

нека биде потик ова за сите други да дигнат аларм за се она што не чини и не е во ред...СО МАКЕДОНСКИ ИНАЕТ се може да се истурка
 
Сепак,треба и еден-двајца падари таму со некастрени стапови да шетаат.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom